Go to full page →

Закон на служба ??? служењето EdM 101

Сё на небото и на Земјата објавува дека законот на службата е голем закон на животот. Вечниот Татко го одржува животот на сё што живее. Христос дошол на Земјата како Оној кој „служи” (Лука 22,27). Ангелите се „службени духови, испратени да им служат на оние, кои ќе го наследат спасението” (Евреите 1,14). Истиот закон на служба е запишан врз сё во природата. Птиците во воздухот, животните во полето, дрвјата во шумата, лисјата, тревата и цвеќињата, сонцето на небото и сјајните ѕвезди — сё има своја служба. Езерото и океанот, реката и изворот — сите примаат за да дадат. EdM 101.3

Бидејќи сё во природата придонесува за животот во светот така и е и со вашиот живот. „Давајте и ќе ви се даде” (Лука 6,38), гласи поуката која е исто толку јасно запишана во природата како и на страниците на Светото Писмо. EdM 102.1

Кога падините на ридовите и рамнините отвораат пат за планинскиот поток да стаса до морето, она што го даваат стократно им се враќа. Потокот кој жуборејќи тече по својот пат, зад себе го остава дарот на убавина и плодност. Низ полињата, соголени и спалени од летната жега, една зелена лента го обележува речниот тек; секое благородно дрво, секоја пупка, секој цвет сведочи за надоместот што Божјата благодатт им ја доделува на сите преку кои таа тече во светот. EdM 102.2