Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

Воспитување

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Исхраната и умствениот развој

    На проблемот на влијанието на исхраната врз умствениот развој мора да му се посвети далеку поголемо внимание отколку што беше случај до сега. Умната несреденост и тромост се чести последици од грешките во исхраната.EdM 212.3

    Често се тврди дека апетитот е сигурен водич при изборот на храната. Тоа би можело да биде вистина кога секогаш би се применувале законите на здравјето. Но, со лошите навики кои се пренесувале од генерација во генерација, апетитот толку се изопачил што постојано копнее за некои штетни уживања. И затоа сега не може да му се верува како на водич.EdM 213.1

    При проучувањето на хигиената, учениците мораат да се запознаат со хранливата вредност на различните продукти. Мораат да им се објаснат последиците од засилената и стимулативна исхрана, како и од употребата на продукти на кои им недостасуваат некои хранливи состојки. Чајот и кафето, белиот леб, киселите краставички во оцет, зеленчукот со лош квалитет, слатките, зачините и колачите од лиснато мрсно тесто не нё снабдуваат со потребните хранливи состојки. Многу ученици доживеале слом поради употреба на ваква храна. Многу слаби деца, неспособни за силен напор на умот и телото, се жртви на осиромашена исхрана. Житариците, овошјето, зрнестите плодови1 и зеленчукот, во правилна комбинација, ги содржат сите прехрамбени елементи; и кога ќе се подготват на соодветен начин, ја сочинуваат исхраната која најдобро ги развива и физичката и умствената сила.EdM 213.2

    Треба да се имаат предвид не само својствата на храната туку и потребите на оној што ја зема. Храната што слободно можат да ја земаат луѓе кои се занимаваат со физичка работа, често пати мораат да ја одбегнуваат оние чија работа е претежно од умствена природа. Исто така, треба да се посвети внимание и на правилната комбинација на продуктите. Умствените работници и оние кои својата работа ја извршуваат седејќи, не би смееле да земаат многу различни видови јадење во текот на еден оброк.EdM 213.3

    Треба да се чуваме од прекумерно јадење дури и на најздравата храна. Природата не може да употреби повеќе отколку што е потребно за изградбата на различни телесни органи, а претерувањето го оптеретува организмот. За многу ученици се мислело дека доживеале слом поради прекумерно учење, додека вистинската причина била прекумерното јадење. Кога на законите на здравјето им се посветува соодветно внимание, не постои голема опасност дека умот ќе се преоптовари; меѓутоа, многу случаи на таканаречено „откажување” на умот можат да му се припишат на преоптоварувањето на желудник кое го заморило телото и го ослабнало умот.EdM 214.1

    Во најголем број случаеви е подобро да се земаат два, наместо три оброка. Ако вечерата се земе порано, се попречува варењето на претходниот оброк. Ако се земе подоцна, ни самата нема да биде сварена пред заминувањето во постела. Така на желудникот не му се овозможува потребниот одмор. Сонот се нарушува, мозокот и нервите се заморуваат, апетитот за време на појадокот е ослабнат, а целиот организам е неосвежен и неподготвен за дневните обврски.EdM 214.2

    Не смее да се занемари важноста на редовноста во времето одредено за јадење и спиење. Бидејќи изградувањето на телото се извршува во текот на часовите за одмор, многу е важно, особено за младите, сонот да биде редовен и обилен.EdM 214.3

    Колку што е можно, треба да се одбегнува нагло внесување на храната. Колку е покусо времето за оброк, толку помало количество храна треба да се земе. Подобро е да се испушти оброкот, отколку недоволно да се соџвака храната.EdM 214.4

    Времето за јадење треба да биде можност за заемно дружење и освежување. Сё што би можело да оптовари или раздразни, треба да биде отстрането. Треба да се негува доверба, љубезност и благодарност кон Дарителот на сё што е добро, па и разговорот ќе биде радосен, пријатна размена на мисли која ќе подигнува, наместо да заморува.EdM 214.5

    __________

    Умереноста и редовноста во сё имаат прекрасна сила и тие повеќе ќе придонесат за развивање на пријатно и ведро расположение, кое толку вреди во разубавувањето на нашата животна патека, отколку околностите или вродената талентираност. Истовремено, така здобиената способност на самосовладување ќе се покаже како најскапоцено орудие за успешно соочување со непријатните должности и факти на кои наидува секое човечко суштество.EdM 215.1

    Патиштата на мудроста се „пријатни и сите нејзини патеки се полни со мир” (Мудри изреки 3,17). Секое момче во нашата земја, на кое му се укажува можност да постигне повеќе од крунисаните цареви, треба да размислува за поуката што се крие во зборовите на мудриот човек: „Блазе ти, земјо, кога... твоите кнезови јадат на време, за да се поткрепат, а не за преситување!” (Проповедник 10,17).EdM 215.2

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents