Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

Воспитување

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Сеење во вера

    Од речиси безбројните поуки на кои нё учат различните процеси на растењето, некои од највредните се изнесени во параболата на Спасителот за семето што расте. Таа им дава поуки и на старите и на младите.EdM 102.3

    „Божјото Царство е како кога човек ќе фрли семе во земја; и спие, и станува ноќе и дење, а семето никнува и расте, а самиот не знае како. Земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебло, после клас - потоа клас полн со зрна” (Марко 4,26-28).EdM 102.4

    Семето во себе има моќ да’рти, моќ која Бог лично му ја всадил; сепак, не би можело да никне препуштено самото на себе. Човекот треба да ја одигра својата улога во поттикнувањето на растењето на животот; но, постои граница преку која тој не може ништо да постигне. Мора да се потпре на Оној кој и сеењето и жетвата ги поврзал со прекрасните врски на својата семоќна сила.EdM 102.5

    Во семето е животот, во земјата е силата; но, ако деноноќно не дејствува бесконечната сила, семето нема да донесе никаков плод. Жедните полиња мораат да ги освежат обилни дождови; сонцето мора да даде топлина; електрицитетот мора да се пренесе до закопаното семе. Само Создателот, кој го всадил животот, може да го разбуди. Секое семе расте, секое растение се развива со Божја сила.EdM 103.1

    „Семето е Божјото Слово.” „Како што земјата ги никнува своите растенија, како што во градината никнува семето, Господ ќе направи да никне праведноста и пофалбата пред сите народи” (Лука 8,11; Исаија 61,11). Како што е со природното, така е и со духовното сеење; единствената сила која може да создаде живот доаѓа од Бога.EdM 103.2

    Делото на сејачот е дело на вера. Тој не може да ја разбере тајната на ‘ртењето и растењето на семето; но има доверба во средствата со кои Бог го предизвикува никнувањето на вегетацијата. Тој го фрла семето очекувајќи дека ќе го собере многукратно умножено во изобилна жетва. Така треба да работат и родителите и учителите, очекувајќи жетва од семето што го сеат.EdM 103.3

    Доброто семе може некое време да лежи незабележано во срцето, не давајќи знаци дека пуштило корен; но подоцна, кога Божјиот Дух ќе ја исполни душата, скриеното семе никнува и конечно донесува род. Во нашето животно дело ние не знаеме што ќе ни појде од рака, ова или она. Ова прашање не го решаваме ние. „Наутро сеј го твоето семе, и навечер твојата рака нека не почива” (Проповедник 11,6). Божјиот голем завет објавува дека „Сё додека постои Земјата, никогаш нема да прекратат сеењето и жетвата” (1. Мојсеева 8,22). Надевајќи се на ова ветување, земјоделецот ора и сее. Ништо помала доверба не смееме да имаме ни во духовното сеење кога работиме надевајќи се на Неговото ветување: „Така словото што излегува од мојата уста не се враќа при мене без плод, туку го прави она што го сакам и ќе го изврши она заради кое го испратив.” „Тој што со плачење го носи семето за сеење: навистина ќе се врати со песна, носејќи ги своите снопови” (Исаија 55,11; Псалм 126,6).EdM 103.4

    Никнувањето на семето претставува почеток на духовниот живот, а развојот на растението е слика на развојот на карактерот. Без растење нема живот. Растението мора да расне или да умре. Како што неговото растење е тивко и незабележливо, но постојано, такво е и растењето на карактерот. Нашиот живот може да биде совршен на секој степен од развојот; но ако се исполни Божјата намера со нас, напредувањето ќе биде постојано.EdM 104.1

    Растението расте примајќи го она што Бог му го одредил за одржување на животот. Така и духовниот раст се постигнува преку соработка со божествените орудија. Како што растението пушта корен во земјата, така и ние мораме да се вкорениме во Христа. Како што растението прима светлина од сонцето, роса и дожд, така и ние мораме да го примаме Светиот Дух. Ако нашите срца се потпираат на Христа, тогаш Тој ќе ни дојде „како дожд; како доцен и ран дожд ќе ја наполни земјата.” Тој ќе се подигне над нас како Сонце на Праведноста „и исцеление ќе има во зраците Негови.” Ние ќе цветаме „како лилјан”. Ние ќе имаме „жито во изобилие и ќе цветаме како лоза” (Осија 6,3; Малахија 4,2; Осија 14,5.7).EdM 104.2

    Пченицата развива „стебло, после клас — потоа клас полн со зрна” (Марко 4,28). Земјоделецот сее семе и го негува растението со намера да произведе зрно — леб за гладните и семе за идните жетви. Така и божествениот Земјоделец очекува жетва. Тој се стреми да биде роден во срцето и во животот на своите следбеници за да може преку нив да се роди и во други срца и животи.EdM 104.3

    __________

    Постепениот развој на растение од семето е сликовит приказ на воспитувањето на детето. Се појавува „прво стебло, потоа клас — потоа клас полн со зрна” (Марко 4,28). Оној кој ја изговорил оваа парабола го создал ситното семе, му ги всадил неговите животни својства и ги поставил законите кои управуваат со неговото растење. Вистините содржани во оваа парабола станале стварност во Христовиот живот. Тој, Величеството на небото, Царот на славата, станал детенце во Витлеем, и некое време бил беспомошно чедо доверено на грижата на својата мајка. Во детството зборувал и постапувал како дете, почитувајќи ги своите родители и подготвено извршувајќи ги нивните желби. Но, од самиот почеток на својот интелектуален развој, Тој постојано растел во благодатта и познавањето на вистината.EdM 105.1

    Родителите и учителите би требале да настојуваат да ги насочат тенденциите на младите така што тие во секој степен на развој во животот ќе зрачат со убавина која е соодветна за таа возраст, развивајќи се природно, како растенија во градината.EdM 105.2

    Малечките треба да бидат воспитувани во детска едноставност. Тие мораат да се навикнат да бидат задоволни со мали, полезни должности, задоволства и искуства кои се соодветни за нивната возраст. Детството во параболата е претставено со стебло, а стеблото има своја посебна убавина. Децата не треба да се принудуваат на предвремено созревање, туку колку е можно подолго треба да ја задржат свежината и милноста на своите рани години. Колку помирен и поедноставен ќе биде животот на детето — колку послободен и поусогласен со природата — толку поповолно ќе биде влијанието од него врз неговата телесна и ментална живост и духовна сила.EdM 105.3

    __________

    Чудесно нахранувајќи пет илјади души, Спасителот сликовито прикажал како под влијание на Божјата сила се создава плод. Исус ја подигнал завесата која го затскрива светот на природата и ја открил создателската сила која постојано дејствува за наше добро. Умножувајќи го семето фрлено во земјата, Оној кој ги умножил лебовите, секојдневно прави чудо. Тој преку чудо постојано храни милиони луѓе од жетвените полиња на земјата. Луѓето кои се повикани да соработуваат со Него во грижата околу житното зрно и подготвувањето на лебот, токму затоа го губат од вид божествениот удел. Дејствувањето на неговата сила им се припишува на природни причинители или на човековиот труд, и многу често неговите дарови се изопачуваат во себични цели и така стануваат проклетство наместо благослов. Бог настојува да го смени сето тоа. Тој сака нашите отапени сетила да се разбудат и да ја согледаат неговата добрина и широкоградост, така што неговите дарови ќе можат да бидат благослов каква што, впрочем, била неговата замисла.EdM 106.1

    Семето добива живот преку Божјата Реч, преку добивање на својот дел од животот; јадејќи го житното зрно и ние самите стануваме учесници во тој живот. Бог сака да го разбереме тоа; Тој сака дури и преку примањето на нашиот секојдневен леб да го препознаеме неговото дело и да дојдеме во потесна заедница со Него.EdM 106.2

    __________

    Според законите кои Бог ги поставил во природата, причината со непогрешлива точност предизвикува последица. Жетвата сведочи за сеидбата. Тука не може да има никаква измама. Луѓето можат да ги измамат своите ближни и да примат пофалба и плата за служба што не ја извршиле. Но во природата не може да има измама. На немарниот замјоделец пресудата му ја изрекува самата жетва. Ова во најголема мерка се однесува и на духовното подрачје. Злото постигнува успех само привидно, а не вистински. Детето кое ја одбегнува наставата во училиштето, момчето кое ги запоставува своите студии, трговскиот помошник или ученикот во стопанството кој не води сметка за интересите на својот работодавец, човекот во која било работа или дејност кој им е неверен на своите највисоки одговорности, може да се занесува дека ужива некакво предимство сё додека злото е скриено. Но не е така; тој се лаже самиот себеси. Жетвата на животот е карактерот, а тој ја одредува судбината и за овој и за животот што ќе дојде.EdM 106.3

    Жетвата е репродукција на посеаното семе. Секое семе дава плод според својот вид. Така е и со карактерните особини што ги негуваме. Себичноста, самољубието, суетата, угодувањето на себеси, ги раѓаат истите тие особини и на крајот доведуваат до беда и пропаст. „Кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот” (Галатите 6,8). Љубовта, сочувството и љубезноста вродуваат со благослов, даваат непропадлива жетва.EdM 107.1

    При жетвата семето дава многукратен род. Едно единствено зрно пченица, умножено со последователни сеидби, би ја покрило целата земја со златни снопови. Така и влијанието на еден единствен човек, дури и на едно единствено дело, може да биде далекусежно.EdM 107.2

    Колку дела на љубов во текот на долгите векови поттикнало сеќавањето на оној сад од алабастер кој бил скршен заради Христовото помазание! Колку неброени прилози на делото на Спасителот донел дарот на онаа сиромашна, неименувана вдовица, која дала „две лепти, односно еден кодрант” (Марко 12,42)!EdM 107.3

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents