Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

Воспитување

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Пораката на ѕвездите

    И ѕвездите имаат радосна порака за секое човечко суштество. Во миговите што сите ги доживуваат, кога срцето ќе изнемошти, а искушението болно тлее, кога пречките изгледаат непремостиви, а животните цели недостижни, Неговите прекрасни ветувања како Содомски јаболка, каде тогаш би можело да се пронајде поголема храброст и цврстина освен во пораката што Бог ни посочил да ја научиме од ѕвездите и нивното постојано движење?EdM 114.1

    „Подигнете ги очите и гледајте: кој го создаде тоа? Оној кој по број ја изведува нивната војска и кој ги вика сите по име. Зошто велиш, Јакове, и ти, Израиле зборуваш: ‘Мојот пат е скриен за Бога, мојата правда му избегнува на мојот Бог?’ Зар не знаеш? Зар не си чул? Господ е вечен Бог, Творец на земните краишта. Тој не се заморува, ниту изнемоштува, и неговиот ум е неизмерлив. На заморениот му ја враќа силата, го зајакнува немоќниот.” „Не бој се, зашто Јас сум со тебе; не обрнувај се исплашено, зашто Јас сум твој Бог; Јас те крепам и ти помагам, те потпирам со десницата на Мојата праведност.” „Зашто Јас Господ, твојот Бог, ја крепам твојата десница и ти велам: ‘Не бој се, Јас ти помагам” (Исаија 40,26-29; 41,10.13).EdM 114.2

    __________

    Палмовото дрво изложено на жестоко сонце и сурова песочна бура стои зелено, напредно и плодно среде пустина. Неговите корени се хранат од живи извори. Неговата зелена крошна се гледа оддалеку во спржената, пуста рамнина; и патникот кој е близу до смртта ги забрзува своите несигурни чекори кон студената сенка и животворната вода.EdM 114.3

    Пустинското дрво е симбол на она што Бог сака да биде животот на Неговите деца на овој свет. Тие треба да ги водат кон живата вода изморените вознемирени души на кои им се заканува пропаст во пустината на гревот. Тие треба на ближните да им го покажат Оној кој го упатил повикот: „Ако е некој жеден, нека дојде при мене и нека пие!” (Јован 7,37).EdM 115.1

    __________

    Широката длабока река која служи како меѓународна трговска и патничка сообраќајница се смета за благослов во светот; но што да речеме за малите потоци кои помагаат да настане оваа прекрасна река? Кога не би биле тие, реката би исчезнала. Од нив зависи и нејзиното постоење. Така и луѓето кои се повикани да водат некое големо дело, се почитувани како успехот на делото да може да им се припише само ним; но тој успех барал верна соработка на речиси безброј поскромни работници — работници за кои светот не знае ништо. Задачи за кои не се добива благодарност, работа за која не се добиваат признанија, тоа е делот на повеќето трудбеници во светот. Таквата судбина мнозина исполнува со незадоволство. Тие чувствуваат дека животот им е промашен. Но, малиот поток кој бешумно се пробива низ шумичките и ливадите носејќи здравје, плодност и убавина, на свој начин е исто толку полезен како и широката река. Придонесувајќи за опстојувањето на реката, тој помага во постигнувањето на она што самиот никогаш не би можел да го постигне.EdM 115.2

    Оваа поука им е потребна на мнозина. Талентот претерано се издига и премногу се копнее за положба. Има премногу такви кои не прават ништо ако не бидат признаени како водачи; премногу такви на кои мора да им се оддаде почест за да покажат каков било интерес за работа. Она што треба да го научиме е совесно, на најдобар можен начин, да ги ползуваме силите и можностите што ги имаме и да бидеме задоволни со делот којшто Небото ни го одредило.EdM 115.3

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents