Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

Воспитување

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Искушувањето на Јов

    За оние што го љубат Бога и, „се повикани по Негова волја” (Римјаните 8,28), библиските биографии даваат уште повозвишена поука за улогата на страдањето. „Вие сте ми сведоци, вели Господ, дека Јас сум Бог” (Исаија 43,12) — сведоци дека Тој е добар, и дека добрината е над сё. „Бидејќи станавме глетка на светот — на ангелите и на луѓето” (1. Коринќаните 4,9).EdM 156.5

    Несебичноста, која е принцип на Божјото царство, е принципот кој сатаната го мрази; тој го одрекува и самото негово постоење. Од почетокот на големата борба сатаната настојува да докаже дека принципите според кои Бог постапува се себични и на ист начин се однесува и кон сите кои му служат на Бога. Христово дело и дело на сите оние кои го носат неговото име е да се побие тврдењето на сатаната.EdM 157.1

    Исус дошол во човечка лика за да покаже со својот живот што е тоа несебичност. И сите кои го прифаќаат овој принцип треба да бидат Негови соработници во прикажувањето на несебичноста во практичниот живот. Да се одбере доброто затоа што е добро; да се застане на страната на вистинита без оглед на страдањата и жртвите — „Тоа е наследство на Господовите слуги, и нивната праведност е од мене, вели Господ” (Исаија 54,17).EdM 157.2

    Многу рано во историјата на светот е забележан извештај за животот на човекот кого сатаната се осмелил да го впушти во оваа борба.EdM 157.3

    Оној кој ги испитува срцата дал сведоштво за Јов, патријархот од Уз: „На земјата нема таков како него: човек непорочен, праведен, богобојазлив и кој го одбегнува злото.”EdM 157.4

    Против овој човек сатаната го изнел подбивливото обвинение: „Зар Јов се бои напразно од Бога? Зар не ги загради него, неговиот дом и сиот негов имот?… Ама испружи ја еднаш раката и допри во сё што има… допри се до неговите коски и до месото, - дали ќе Те благослови тогаш?”EdM 157.5

    Господ му рекол на сатаната: „Еве сё што е негово, е во твоја рака; само врз него не кревај рака.”EdM 158.1

    Откако ја добил оваа дозвола, сатаната однел сё што Јов имал — стадата и крдата, слугите и слугинките, синовите и ќерките; „Го удри Јов со лути рани од стапалата до темето” (Книгата за Јов 1,8-12; 2,5-7).EdM 158.2

    Во неговата чаша била дотурена уште една капка на горчина. Неговите пријатели, сметајќи дека неволјата може да биде само казна за грев, ја напаѓале неговата изранета и натоварена душа со своите обвиненија дека правел зло.EdM 158.3

    Привидно напуштен од Небото и Земјата, а сепак длабоко верен на Бога и свесен за својата чесност, полн со страв и збунетост, Јов воскликнал:EdM 158.4

    „На мојата душа животот ў се смачи.”
    „О, кога би сакал да ме скриеш во гробот,
    да ме засолниш додека не Ти помине гневот,
    да ми определиш рок,
    кога ќе си спомниш за мене!”
    EdM 158.5

    Јов 10,1; 14,13

    „Ете викам на неправда, но никој не слуша,
    молам покорно - ама нема правда за мене…
    Ја соблече од мене мојата слава
    го симна венецот од мојата глава…
    Браќата се оддалечија од мене,
    моите познати се отуѓија…
    против мене се оние кои ги љубев…
    Смилувајте ми се, смилувајте ми се пријатели мои,
    - зашто Божјата рака се допре до мене.”

    „О, кога би знаел како да го најдам,
    да се приближам до Неговиот престол…
    Ете јас одам напред, но Тој не е таму; назад се враќам, но не го согледувам.
    На левата страна врши ли Он нешто, Јас не го гледам.
    А на десно, се засолнил, не можам да го видам.
    Па сепак, Тој добро го знае патот по кој чекорам!
    Нека ме испита, ќе излезам чист како злато!”

    „И да ме убие, сепак ќе се надевам во Него.”

    „Јас знам дека мојот Избавител живее
    и Тој во последно време ќе застане над земјата.
    А кога мојата кожа се раскине, тогаш знам,
    во своето тело ќе го видам Бога.
    Јас ќе го гледам него како свој,
    Моите очи, ќе го гледаат, а не некој друг.”
    EdM 158.6

    Книгата за Јов 19,7-21; 23,3-10; 13,15; 19,25.26.27.

    На Јов му било според неговата вера. „Нека ме испита”, рекол тој, „ќе излезам чист како злато!” (Книгата за Јов 23,10). Така и се случило. Со трпеливото поднесување тој ја одбранил честа на својот сопствен карактер, а со тоа и честа на карактерот на Оној чиј преставник бил. „Господ го врати Јова во поранешната состојба… па му го удвои она што го имаше… Господ ја благослови новата Јовова состојба уште повеќе отколку поранешната” (Книгата за Јов 42,10-12).EdM 159.1

    __________

    Во извештајот за оние кои преку самооткажување влегле во заедницата на Христовите страдања, стојат — едното во Стариот, а другото во Новиот Завет — имињата на Јонатан и Јован Крстителот.EdM 159.2

    Роден како наследник на престолот, Јонатан сепак знаел дека по божествена наредба мора да се повлече; како најнежен и најверен пријател на својот соперник, тој го изложил својот живот на опасност за да го заштити животот на Давид; непоколебливо стоел покрај својот татко во текот на темните денови на опаѓањето на неговата моќ, и конечно загинал заедно со него — името на Јонатан е забележано на Небото, а на Земјата стои како сведок за постоење на силата на несебичната љубов.EdM 159.3

    Кога се појавил како гласник на Месијата, Јован Крстителот го растревожил народот. Од место во место, по него одело непрегледно мноштво луѓе од сите слоеви и професии. Но, кога дошол Оној за кого тој сведочел, сё се променило. Мноштвото тргнало по Исус, а работата на Јован навидум речиси престанала. Сепак, неговата вера не се поколебала. „Тој треба да расте”, рекол Јован, „а јас да се смалувам” (Јован 3,30).EdM 160.1

    Времето минувало, а царството што Јован го очекувал, не било основано. Во ќелијата на Ирод, лишен од животворниот воздух и пустинската слобода, тој чекал и бдеел.EdM 160.2

    Немало ѕвечкање со оружје, ниту обивање на затворските врати; но лекувањето на болните, проповедањето на Евангелието, окрепувањето на човечките души, сето тоа сведочело за Христовата мисија.EdM 160.3

    Сам во ќелијата, гледајќи дека треба да помине по истата патека по која ќе помине и неговиот Учител, Јован ја прифатил својата должност — заедница со Христа во страдањата. Небесните весници го следеле до гробот. Вселенските суштества, грешните и безгрешните, биле сведоци за неговата истрајност во несебичната служба.EdM 160.4

    И во сите генерации по него, страдните души биле охрабрувани преку сведошвото на животот на Јован. Во ќелииите, на губилиштата, на кладите, мажите и жените во текот на темните векови биле зајакнати преку споменот на оној за кого Христос објавил: „меѓу родените од жени, не се подигна поголем од Јована Крстител” (Матеј 11,11).EdM 160.5

    __________

    „И што да речам уште? Зашто нема да имам доволно време, кога би почнал да раскажувам за Гедеона, Варака, Самсона, Јефтаја... и Самуила и за пророците, кои преку вера победија царства, извршија правда, добија ветувања, затворија уста на лавови; ја угаснаа огнената сила, ја избегнаа острицата на мечот, немоќни станаа силни; стануваа силни во бој, ги натераа во бегство туѓите војски;EdM 161.1

    Жени примија свои воскреснати мртви; а други беа мачени и не се избавија, за да добијат подобро воскресение. Други доживеаа подигрувања и удари, а покрај тоа и окови и темница; Беа каменувани, со пила резани на две, на искушенија подложувани, умираа од меч, скитаа во овчи кожи и во козји кожи; во оскудност, во неволји, во лоши постапувања, оние за кои светот не беше достоен: скитаа по пустините, и по горите, и по пештерите, и земните јами.EdM 161.2

    И сите тие, иако се посведочени преку верата, не го примија ветувањето, зашто Бог предвиде нешто подобро за нас: тие да не дојдат до совршенство без нас” (Евреите 11,32-40).EdM 161.3

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents