Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ПРИЗНАВАЊЕ НА ГРЕВОВИТЕ

    “Тој, што ги крие своите престапи, не ќе биде среќен; а тој што ги признава и напушта, ќе добие милост” (Раскази 28, 13).PH 23.1

    Условите под кои добиваме проштавање од Бога, се прости, праведни и разумни. Бог не бара од нас да страдаме за да ни ги прости нашите гревови. He се потребни долги и тешки хаџилаци, ниту мачни испитанија за да спечелиме наклоност од Творецот на небото и земјата и да се ослободиме од своите гревови. Секој што ќе ги признае и напушти своите гревови, ќе добие помилување.PH 23.2

    Апостолот пишува: “И така, исповедајте ги еден на друг гревовите и молете се на Бога еден за друг да оздравите” (Јак. 5, 16). Признајте ги пред Бога своите гревови кој единствен може да ги прости, а вашите погрешки еден на друг. Ако на својот пријател или сосед си му направил некаква непријатност, можеби си го навредил, тогаш мораш да му ја признаеш својата неггравда. Тој е должен од срце да ти прости. Сетне мораш да бараш проштавање од Бога, оти лицето што си го навредил е Божја сопственост, а ти си згрешил и пред оној кој е негов Творец и Спасител. Таков еден случај ќе се изнесе пред единствениот праведен Посредник, нашиот велики свештенички главатар, “кој е во се искушаван како и ние, но пак без грев.” (Евр. 4, 15). Тој има милост кон нашите слабости и може да не очисти од секоја неправда.PH 23.3

    Оние кои уште не ги понизиле своите срца пред Бога со признавање на своите гревови, не го исполниле ни првиот услов за прием. Ако уште не сме се покајале искрено, ако во длабока понизност со покајничко и скршено срце не сме ги признале своите гревови и со одвратност не сме ги напуштиле, тогаш уште никако не сме се потрудиле сериозно за проштавање на нашите гревови. Само во тој случај ќе се помириме со Бога, ако тоа сериозно го побараме. Единствена причина што уште не сме добиле проштавање на гревовите е во тоа што уигге не сме ги понизиле своите срца и не сме ги исполниле условите на божествената вистина. Што се однесува до тој предмет Светото писмо доволно упатства ни дава. Признавањето на гревовите, било јавно или приватно, е доброволно. Но тоа не смее да биде лекомислено и безгрижно; не смее да се бара од оние кои уште не се свесни за ужасот на гревот. Нашето признание ќе стигне до престолот на милоста ако произлегува од нашата внатрешност. Давид вели: “Господ е близу до оние што се со покајничко срце и им помага на луѓе со скромен дух” (Пс. 34, 18).PH 23.4

    Вистинското признание секогаш има нарочно обележје: го опфаќа секој грев одделно. Има гревови од таков карактер што можат да се признаат само на Бога, а има и такви што мораме да ги признаеме и на нашите блиски, оти поради недостаток на љубов од нас морале да претрпат многу неправди. Понатака, има гревови од општо значење. Тие мораат да се признаат јавно. Но секое признание треба да биде определено и јасно и дури поимено да ги изброиме гревовите што сме ги сториле.PH 24.1

    Во Самуилово време Израилците отпаднале од Бога. Морале да ги сносат последиците од своите гревови. Ја изгубиле верата во Бога, познавањето на неговата сила и мудрост, со кои ја управува судбината ва народот, и поверењето во неговата мошт, со која го штити и води своето дело. Се одврнале од големиот Владетел на вселената и копнееле за начинот на владеењето кај соседните народи. Пред да можат да го повратат изгубениот мир, ги признале искрено и јасно своите гревови: “Оти додадовме кон сите свои гревови зло барајќи си цар” (1 Сам. 12 19). Токму тој грев бил што морале да го признаат. Оваа неблагодарност ги мачела нивните срца и ги одвајала од Бога.PH 24.2

    Бог не прима признавање на гревови кое не е при- дружено со вистинско каење и поправање. Мора да се измени целиот наш живот, да исфрлиме од него се што не му се допаѓа на Бога. Тоа е патот на вистинското каење поради сторените гревови. Нашите должности ни се изнесени јасно и разбирливо со следните зборови: “Измијте се, очистите се, отстранете ја злобата од своите дела пред моите очи, престанете зло да чините. Учете се добро да чините, барајте правда, исправајте го угнетениот, дајте правда на сиромасите, бранете ја вдовицата” (Ис. 1, 16—17). “И безбожниот го врати залогот, и го врати грабнатото и почне да оди по животните уредби не правејќи беззакониа, нависти- на ќе биде жив, не ќе умре.” (Јез. 33, 15). Апостол Павле вели за покајанието: “Оти, еве, само што се ожалостивите по Бога, колку побуди старање меѓу вас? Какво оправдавање, каква ревност, каков страв, каква жешка желба, каков натпревар, каква осуда? Во се се покажавте дека сте биле чисти во тоа дело” (2 Кор. 7, 11).PH 24.3

    Но ако гревот ја убил моралната свест, грешникот не е веќе свестен за своите погрешки и не може да ја види величината на своите гревови. Ако не се потчини наполно под влијанието на Светиот Дух, ќе остане донекаде слеп за сторените гревови. Тогаш неговото каење не е ни искрено, ни сериозно. За секој грев тој наоѓа оправдание и објаснува дека не би го сторил тоа да не го натерале извесни околности.PH 25.1

    Кога Адам и Ева вкусиле од забранетиот плод, ги опфатил срам и страв. Првата мисла им била како да го оправдаат својот грев за да ја избегнат казната што ги застрашуваше. Кога Бог ги повикал на одговорност, Адам се обидел еден дел од вината да го фрли на Бога, а другиот дел на својата жеиа: “Жената што ја здружи со мене, таа ми даде од дрвото, та јадов.” А жената го фрла гревот на змијата: “Змијата ме измами, та јадов” (1 Мој 3, 12—13). Сс ова сакале да му кажат на Бога: Зошто си ја создал змијата? Зошто си ја пуштил во рајот? — Со тоа сакале да го направат Бога одговорен за сторениот грев. Секое самооправдување доаѓа од таткото на лагата и се јавува кај сите Адамови синови и ќерки. Вакви признања не се последица од влијанието на Светиот Дух и затоа не му се пријатни на Бога. Вистинското каење го учи човекот сам да го сноси својот грев и да го признае без лага и лицемерство. Како оној кутриот царинар, кој не смеел ни својот поглед да го подигне кон небото, ќе извикне и тој: “Боже, биди милостлив кон мене грешен!” Сите кои вака го признаат својот грев, ќе се оправдаат и ќе им се простат гревовите; оти Христос со својата крв се моли на Бога за секоја душа што се кае.PH 25.2

    Примерите за вистинско каење и пониженост што ги наоѓаме во Божјите зборови, изнесуваат признање во кое нема оправдање за грев или обид за самооправдување. Павле не се обидува да се оправда ни да ги разубави или намали своите греови, туку ги изнесува сосем јасно: “Како што и сторив во Ерусалим; и многу свети луѓе затворав во темници, според примената власт од свештеничките главатари; и кога ги убиваа јас бев при нивното судење. И по сите зборишта, мачејќи ги често, ги терав да го псуваат Христа, и ‘“разејќи ги премногу ги терав дури и во други градови” (Дела 26, 10—11). Тој не се бои да каже: “Исус Христос дојде на светов да ги спаси грешниците, од кои сум прв јас” (1 Тим. 1, 15).PH 25.3

    Скромно и скршено срце, исполнето со вистинско каење умее да ја цени Божјата љубов и величината на жртвата на Голгота. Како што синот ја признава својата вина пред својот љубен татко, така исто и душата која искрено се кае, ги признава пред Бога своите гревови. — “Ако ги признаваме своите греови, Бог е верен и праведен да ни ги прости нашите гревови и да не очисти од секоја неправда.” (1 JOB. 1, 9).PH 26.1

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents