Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ШТО ЌЕ ПРАВИМЕ СО СОМНЕНИЕТО?

    Многу христијани, особено оние што се уште млади во верата, од време на време ги беспокои некакво сомнение. Во Светото писмо има работи кои за нив се неразбирливи и темни, и сатаната токму тоа го употребува за да ја поколеба нивната вера во Светото писмо како објавен Божји збор. Тие велат: “Како да го најдам правиот пат?PH 68.1

    Бог не бара да веруваме во нешто без да ни даде доказ за нашето верување. Неговото суштество неговиот карактер, вистинитоста на неговите зборови се потврдени со докази, кои се повикуваат на нашиот разум, а такви докази има многу. Но Бог не ја исклучил возможноста на сомнението. Нашата вера мора да се основува на внатрешното свидетелство, а не на над- ворешните докази. Оние што се склони да се сомневаат, ќе најдат за тоа случај, додека оние кои од срце ја бараат вистината, ќе најдат доста докази на кои нивната вера може да се ослони.PH 68.2

    Невозможно е еден човек да ги разбира наполно делата и карактерот на Бескрајниот. Божјето свето суштество ќе остане увиено во таинственост и за најостриот ум и за најобразованиот човек. “Мислиш ли ти да ги назреш тајните Божји и да стигнеш до совршеното знаење на Семогуштиот? Тоа е како небото високо, па што би сторил ти? Подлабоко е од океаните, па што можеш да знаеш?” (За Јова 11, 7—8).PH 68.3

    Апостол Павле извикнува: “О, длабочино од богатство со мудрост и знаење Божје! Како се неисцрпни неговите судови и неиспитливи неговите патишта!” (Рим. 11, 33). Иако се вели: “Околу него е облак и мрак”, сепак благослов и правда се темели на неговиот престол” (Псалм 97, 2). Божјите патишта по кои тој не води можеме да ги разбереме до толку, до колку можеме да ја сфатиме неговата бескрајна љубов и неговото милосрдие во врска со неговата семошт. Од неа овие намери можеме да ги разбереме само толку колку што е за нас добро да ги разбереме. Затоа треба спокојно да се предадеме во рацете на Семогуштиот и да се повериме на неговото срце полно со љубов.PH 68.4

    Божjиот збор и Божjиот карактер не ставаат пред тајни кои ние, смртни супггества, никогаш наполно не ќе ги разбереме. Доаѓањето на гревот на светот, Христовото овоплотување, воскреснувањето и многу други работи, што ни ги изнесува Светото писмо, се премногу длабоки тајни за да може човечкиот разум да ги објасни или правилно сфати. Немаме причини да се сомневаме во неговиот збор, што не можеме да ги разбереме тајните на неговото провидение. Во обичниот живот не опколуваат секој ден тајни кои не можеме да ги разбереме. Најобичните животни појави се гатанки кои ни најмудриот филозоф не може да ги одгатне. Насекаде се случуваат чуда кои со нашиот разум не можеме да ги сфатиме. Зарем да се чудиме дека и во духовниот свет има тајни чие одгатнување ни е скриено? Тешкотијата се состои само во тоа што е човечкиот разум слаб и ограничен. Бог во Светото писмо ни дал доста докази за своето божество, а ние не треба да се сомневаме во неговиот збор затоа што не ги разбираме сите тајни на неговото провидение.PH 68.5

    И апостол Петар вели дека во Светото писмо има места “во кои има и некои точки кои тешко се разбираат, а чија смисла неучени и неутврдени изопачуваат. .. за своја погибија”. (2 Петр. 3, 16). Оние што се сомневаат тие точки ги зеле како докази против Бојжиот збор, но напротив тоа се јаки докази за Божественото потекло на Светото писмо. Кога би Светото писмо ни износело само она што можеме лесно да разбереме, кога би несовршениот човечки разум можел да ја сфати величината и велечеството, тоа тогаш не би имало необорливи докази за своето божествено потелко. Токму таа таинственост и возвишеност на вистините што ги открива, ни докажуваат дека Светото писмо навистина е Божји збор.PH 69.1

    Библијата ги открива небесните тајни така просто, и потребите со желбите на човечките души така совршено, што и се диват и чудат и најголемите духови, а понизните и простите го наоѓаат во неа патот на спасението. Овие прости вистини се занимаваат со предмети кои се толку длабоки и така недостапни и за најобразованите луѓе, што можеме да ги примиме само затоа што ги говори Бог. Планот на спасението е толку јасен што секој може да разбере какви чекори треба да направи во покајанието пред Бога и во верата во Господа Исуса Христа за да најде спасение. Но под овие јасни вистини лежат тајни кои ја кријат неговата слава — тајни, пгго не може да ги сфати искрениот испитувач, но кои го исполнуваат со дивење и вера. И така, колку повеќе го проучува Светото писмо, се повеќе се уверува дека е тоа Божји збор и дека човечкиот разум треба длабоко да се поклони пред величественоста на божественото откровение.PH 69.2

    Со тоа што гледаме дека не можеме наполно да ги разбереме големите вистини на Светото писмо, признаваме дека ограничениот човечки разум не е способен да го сфати Бесконечниот; признаваме дека ние, луѓето, не можеме да ги сфатиме намерите на Семогуштиот.PH 70.1

    Многу сомнители и неверници го отфрлаат Бојжиот збор затоа што не можат да ги разберат сите негови тајни. Дури и тие што веруваат во божественото потекло на Светото писмо, не се надовр од оваа опасност. Апостол Павле вели: “Внимавајте, браќа, да не има некој од вас срце зло и неверно да отстапи од живиот Бог” (Евр. 3, 12). Сосем оправдано е внимателно да се проучуваат науките на Светото писмо и да се испитуваат ,,Божјите длабочини” (1 Кор. 2, 10) доколку што ни се откриени. Ако “она што е тајно е од Господа Бога наш”, “објавеното е наше” (5 Мој. 29, 29). Но сатаната се мачи да ја помати нашата способност за расудување. Кон проучувањето на библиските вистини му се придружува извесна гордост која се појавува во нетрпеливоста и обесхрабрувањето штом се појави нешто што не може да се објасни на задоволителен начин. За мнозина е понижење што не можат да ги разберат сите вистини на Светото писмо. Тие не сакаат да чекаат сам Бог да им ги открие тие тајни. Мислат дека со својот ограничен разум можат да ги сфанат длабочините Божји и, кога не успеат, го откажуваат божественото вдохновение иа Светото писмо. Навитсина, постојат многу теории и популарни науки кои тврдат дека произлегуваат од Библијата, но таму не наоѓаат никаква потпора, дури се во спротивност со содржината на нејзините вдахновени страници. Ова збунило мнозина и ги навело на сомнение. Но за тоа не е крив Божјиот збор, туку се криви луѓето што го изопачиле.PH 70.2

    Кога би им било возможно на човечките суштества наполно да го сфатат Божјето суштество и да ги разберат неговите дела, тогаш не би имале веќе да откриваат никави вистини, не би имале што да проучуваат, нивниот разум и нивните чувства веќе не би се развивале. Бог не би бил веќе возвишено суштество, а човекот, штом би го постигнал врвот на знаењето, веќе не би прогресирал. Да му благодариме на Бога дека не е така; Бог е бескраен; во него е скриено “сето благо на мудроста и разумот” (Кол 2, 3). Луѓето никогаш не ќе можат да го исцрпат благото на неговата мудрост и љубов и мошт.PH 71.1

    Бог сака уште во овој живот на своите деца што поарно да им ги открие своите вистини. За тоа има само еден начин. Божјиот збор можеме да го разбереме само со помошта на Светиот Дух, со кој е вдахновен. “Божјите работи никој не ги знае освен Божјиот Дух”. “Оти Духот се испитува, па и Божјите длабочини”. (1 Кор. 2, 11, 10). Спасителот им ветил на своите ученици и следбеници: “Но кога дојде тој, Духот на вис- тината, ќе ве упати на секоја вистина . . . оти од моето ќе земе и ќе ви објави вам” (Јов. 16, 13—14).PH 71.2

    Бог сака човекот да размислува. Проучувањето на Светото писмо ќе ги облагороди и развие неговите способности повеќе од секое друго проучување. Сепак, да се вардиме да не почнеме да го обожаваме човечкиот ум, кој е несовршен и ограничен. Ако сакаме да ги разбереме вистините на Светото писмо, мораме да ја имаме верата на малото дете, да бидеме готови да учиме и Светиот Дух да го молиме за помош. Чувството на Божјата мошт и мудрост, а нашата немошт и неспособност да ја сфатиме неговата величина треба да не направат понизни, да не подбуди неговиот збор, да го изговараме со истото страхопочитување со кое доаѓаме пред неговото лице. Кога луѓето би го испитувале Светото писмо по овој начин, нивниот разум би признал еден повисок авторитет од својот и тогаш со срцето и умот би се поклониле пред големиот ЈАС СУМ.PH 71.3

    Многу работи кои на изглед се тешки и таинствени, ќе станат прости и јасни за оние што ги проучуваат по овој начин. Но без помошта на Светиот Дух секогаш ќе бидеме во опасност да ги изопачиме збо ровите на Светото писмо или погрешно да ги објаснуваме. Мнозина го читаат Светото писмо без никаква полза, па дури и за своја пропаст. Ако Светото писмо го отвораме без страхопочитување и молитва, ако нашите мисли и чувства не се управени кон Бога или не се во хармонија со Божјата волја, набргу нашиот разум ќе се помати од сомнение и самото проучување на Светото писмо ќе го зајакне тоа сомнение. Тогаш сатаната ќе влијае на напште мисли и ќе ги влее во нас своите предрасуди. Додека луѓето со зборови и со дела не се стремат кон тоа да живеат во согласност со Божјата волја, ќе бидат во опасност — колку и да се образовани — погрешно да ги разберат зборовите на Светото писмо; поради тоа никој не може да се ослони на нивните разлагања. Никогаш не ќе го разбереме правилно Светото писмо ако го проучуваме за да нај- деме во него противречности. Со такво проучување ќе најдеме повод за сомнение и неверство и таму каде што е се јасно и просто.PH 71.4

    Каков изговор и да се најде, вистинската причина на сомнението во повеќето случаи е љубовта кон гревот. На нашето гордо срце не му се пријатни учењето и забраните на Светото писмо. А оние што не ги извршуваат неговите заповеди брзо се готови да фрлат сомнение во неговото божествено потекло. За да ја познаеме вистината, потребно е искрено да се стремиме кон неа и да сме согласни да и бидеме послушни. Тие што така го проучуваат Светото писмо, ќе најдат во него доста докази дека тоа се Божји зборови и ќе ги разберат вистините кои ќе ги избават и упатат кон спасението.PH 72.1

    Исус рекол: “Оној што сака да ја врши неговата волја, ќе разбере дали е оваа наука од Бога или јас сам од себе зборувам”(Јов. 7, 17). Вместо да се сомневате во она што не го разбирате, одете по светлината што веќе ја осветлува вашата патека и ќе добиете уште поголема светлост. Со милоста на Исуса Христа земете ги сите должности кои јасно ви се откриени, и ќе бидете способни да ги разберете и извршите и оние должности, во кои сега се сомневате.PH 72.2

    Има цел ред докази како за учените, така и за необразованите. Тоа се докази на искуството. Бог не вика да ја испитуваме вистинитоста на неговите збо- рови и неговите ветувања. Тој Божји позив гласи: “Испитајте и видете колку е Господ добар” (Псалм 34, 9). Вместо да се ослонуваме на зборовите на други, треба сами да испитуваме. Бог вели: “Барајте и ќе добиете” (JOB. 16, 24). Неговите ветувања ќе се извршат. Тие никогаш не пропаднале и не ќе пропаднат. Ако се приближиме до Христа и се радуваме на не- говата совршена љубов, тогаш ќе исчезнат нашите сомненија и ќе се изгуби нашата душевна темнина пред светлината на неговото присуство.PH 72.3

    Апостол Павле вели дека Бог нас “не избави од власта на темнината, и не премести во царството на Синот на својата љубов” (Кол. 1, 13). Тој што минал од смрт во живот “потврдил дека Бог е вистинит” (Јов. 3, 33). Тој може да каже. “Ми требаше помош, и ја најдов во Исуса”. Тој се грижи за сите мои потреби. Тој ја насити мојата гладна душа. Светото писмо сега за мене е откровение на Исуса Христа. Me прашате зошто верувам во Исуса? Затоа што тој за мене е небесен Спасител. Зошто верувам во Светото писмо? — Оти преку него ми говори Божјиот глас. Сами во себеси треба да најдеме докази дека Исус е Божји Син. Ние знаеме дека не сме поверувале во мудро измислени приказни.PH 73.1

    Апостол Петар ги опоменува верните да напредуваат “во милоста и познавањето на нашиот Господ и Спасителот Исуса Христа” (2 Пет. 3, 18). Колку повеќе Божјите деца растат во милоста толку појасно и подобро ги разбираат Божјите зборови; во неговите свети вистини откриваат нови убавини и нови хоризонти. Ова било искуството на Божјите деца од сите времиња и нивно искуство ќе биде до крај. “А патот праведнички е како светло видело кое се повеќе светли додека не биде вистински ден” (Раскази 4, 18).PH 73.2

    Со верата гледаме во иднината и Божјите зборови ги примаме како гаранцмја за нашето духовно растење, со верата добиваме увереност дека божествените добродетели ќе ее вселат во нас и дека нашите души ќе дојдат во непосредн допир со изворот на светлоста. Со верата однапред се радуваме дека Бог во својата мудрост ќе ни ги објасни сите работи кои тука ни биле нејасни, и дека ќе разбереме се она што тука не сме го разбрале. Co верата знаеме дека ќе најдеме смисла и хармонија во се она што денес ни се чини конфузија и дисхармонија. “Ние сега гледаме како со помошта на огледало во гатанката, а тогаш ќе гледаме лице в лице. Сега знам само нешто, а тогаш ќе знам како и сам што бев познат” (1 Кор. 13, 12).PH 73.3

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents