Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Поглавје 2—Познавање Бога преку се потесна врска со него

    МОЛИТВА И БЛАГОДАРНОСТ

    Бог ни зборува преку природата, преку Светото писмо, преку промислата и преку дејството на Светиот Дух. Но тоа не е доста; ние мораме да му ги отвориме нашите души. За да имаме вистински духовен живот и сила, треба да стапиме во вистинска врска со нашиот небесен Татко. Ако во својата внатрешност се стремиме кон Бога, ако ги гледаме и се дивиме на неговите дела, на неговото милосрдие и неговите благо- слови, тоа се уште не е доказ дека со него сме во тесна врска. Ако сакаме да бидеме во врска со Бога, мораме при секој случај во животот да го бараме неговиот совет.PH 59.2

    Во молитвата ги отвораме своите срца на Бога како на свој пријател не затоа што треба да му кажеме кои: сме и што ни треба, но за да го примиме во своите срца. Молитвата не прави Бог да слезе кај нас, таа нас не дига до Бога.PH 59.3

    Христос кога бил на земјата ги учел своите ученици како да се молат на Бога. Тој ги напатствувал да му ги соопштат на Бога своите секојдневни потреби и сите свои грижи: да му ги поверат нему. И за нас важи неговото ветување дека ќе ги чуе нашите молитви.PH 59.4

    Исус често се молел на Бога додека живеел меѓу луѓето. Спасителот ги примил на себеси нашите потреби и нашите слабости, а за да добие сила и заштита за да ја изврши својата задача, тој од се срце му се молел на својот небесен Татко. Тој во се ни служи за пример. Тој ни станал брат во нашите слабости “кој е во се искушан како и ние”, но останал безгрешен и победил секакво зло. Минал низ сите душевни борби и страдања на кои се изложени луѓето во овој грешен свет. Бидејќи бил во човечко тело, чувствувал потреба од молитва и ја ценел. Се радувал и се тешел кога бил во врска со Бога. А штом Избавителот на луѓето, Божјиот Син, чувствувал потреба од молитва, колку повеќе ние, слаби и грешни луѓе, треба да чувствуваме потреба од искрена и постојана млоитва.PH 59.5

    Нашиот небесен Татко чека на нас да го излее својот благослов. Благодарение на неговата милост можеме непрестано да пиеме од изворот на неговата безгранична љубов. Зар не е чудновато што толку малу се молиме. Бог е секогаш готов да чуе искрена молитва и од најмалите деца, и сепак се плашиме, да му ги повериме своите потреби. Што мислат небесните ангели за луѓето, јадни, немошни, изложени на искушенија кои Бог ги бара во својата бескрајна љубов да ги чуе и да им помогне, кога гледаат дека тие сепак така малку се молат и имаат така малку вера. Ангелите се радуваат што можат да му служат на Бога и да живеат во неговата близина. Најголема нивна радост е да бидат во блиска врска со Бога. А децата на овој свет, на кои Божјата помош е толку потребна, изгледа дека се задоволни и без светлоста на неговиот Дух и без врска со него.PH 60.1

    Темнината на сатаната ги опколува верните кои ја занемаруваат молитвата. Подлите искушенија на непријателот ги мамат на грев затоа што не го исползуваат дарот на милоста кој Бог им го дал во молитвата .Како можат Божји деца да не се молат кога молитвата е клуч во рацете на верата кој ги отвара ризниците на небото во кои се чуваат неизмергогге блага на Семогуштиот? Без непрекината молитва и ревностно бдение се излагаме на опасност да станеме немарливи и да скршнеме од правиот пат. Нашиот противник постојано ни потфрла пречки на патот кон престолот на милоста, па со усрдна молитва и сериозна вера да не добиеме сила и милост од Господа и да се спротивиме на искушенијата.PH 60.2

    Бог може да ги чуе нашите молитви само под извесни услови. Еден од првите услови е да осетиме потреба за неговата помош. Тој ветил: “Ќе излеам вода на жедниот и потоци на сувата земја” (Ис. 44, 3). Тие што се гладни и жедни за правда и кои искрено бараат тесна врска со Бога, треба тврдо да веруваат дека Бог ќе ги чуе нивните желби. Но пред да примат Божји благослов, мораат да ги отворат своите срца за вли- јанието на Божествениот Дух.PH 61.1

    Нашата голема потреба е само доказ кој најкрасноречиво зборува во наша полза. Но ние мораме да го бараме Господа за да може тој да стори нешто за нас. Тој вели: “Барајте и ќе ви се даде” (Мат. 7, 7). Тој “кој не го поштеди својот Син, туку го предаде за нас, како е возможно со него да не ни подари се?” (Рим. 8, 32).PH 61.2

    Бог не ќе не чие ако во своето срце сме неправедни и ако гаиме некој свесен грев. Но тој секогаш ја исполнува молитвата на скршеното срце што се кае. Ако ги поправиме неправдите за кои сме свесни тогаш Бог сигурно ќе ги чуе нашите молитви. Ние не можеме да добиеме Божја милост со своја заслуга. Са- мо Христовата заслуга и праведноста можат да не спасат од грев; само неговата крв може да не очисти од нашите безакоња. Мораме да ги примиме Божјите услови.PH 61.3

    Втор услов за да биде молитвата послушана е верата. “Оти оној што сака да дојде кај Бога, треба да верува дека има Бог и дека тој им плаќа на оние што го бараат” (Евр. 11, 6). Исус им зборувал на учениците: “Се што барате со својата молитва веоувајте дека ќе добиете и ќе ви биде” (Map. 11, 24). Дали се раководиме по неговото напатствие?PH 61.4

    Неговите ветувања се неограничени, а оној што ги ветил точен е и во нивното исполнување. Ако и не добиеме веднаш она што бараме, сепак треба да веруваме дека Бог ги слуша нашите молитви и дека ќе ни одговори на нив. Многу пати сме во заблуда и кратковидни сме и бараме она што не ќе ни биде корисно. Нашиот небесен Татко во својата љубов ги исполнува нашите молитви давајќи ни тоа што е најдобро за нас; тоа што ние сами би сакале кога би преку Светиот Дух ја разбрале вистинската состојба на духовните работи. Иако можеби ни изгледа дека нашите молитви не се чуени, сепак треба тврдо да веруваме во неговото ветување. Сигурно ќе дојде времето кога ќе бидеме чуени и ние ќе го примиме благословот токму тогај кога ќе ни биде најпотребен. Но безобразие е од наша страна да чекаме молитвата да биде чуена токму така како што сакаме. Бог е премудар и не може да погреши. Тој е предобар и не може да им откаже на праведните тоа што им служи на добро. Затоа тврдо се надевајте во него, макар вашите молитви да не се уште чуени. Цврсто се надевајте во неговото ветување? “Барајте и ќе ви се даде”.PH 61.5

    Нашите тешкотии само ќе се наголемат ако, пред да веруваме, почнуваме да се сомневаме и да се плашиме или ако сакаме да ги решиме сите тајни. Но ако дојдеме пред Бога со чувство на нашата немош и слабост такви, какви што сме; ако понизно и со вера му повериме нему, кој се најдобро знае, кој ги знае сите созданија и кој со својот збор и со својата волја управува се, му повериме се што ја гнети нашата душа, тогаш тој ќе ги чуе нашите болни извици и ќе ги расветли нашите срца. Искрената молитва ќе не доведе во тесна врска со бескрајната мудрост. Иако можеби во овој момент немаме ни еден очигледен доказ дека Спасителот не љуби и дека има соучество кон нас, сепак така е. Можеби не ја чувствуваме веднаш неговата близост, и сепак неговата рака почива на нас со најсрдечно соучество.PH 62.1

    Ако бараме од Бога милост и помош, треба да бидеме проникнати од љубов и да сме готови и сами да проштеваме. Како можеме да се молиме: “Прости ни ги долговите наши, како што и сами проштаваме на нашите должници” (Мат. 6, 12), а во срцето да имаме непомирливост? Ако чекаме нашата молитва да биде послушана, мораме и ние по ист начин и во иста мерка да проштаваме на други, како што чекаме проштавање на нашите гревови.PH 62.2

    Истрајноста во молитвата е исто така еден услов за да бидеме послушани. Мораме непрекинато да се молиме на Бога ако сакаме да растеме во верата и искуството. “Непрекинато бидете на молитва”, пишува апостол Павле. “Да не ви се здодее молитвата, стражарите во неа со благодарност” (Кол. 4, 2; Рим. 12, 12). Петар им советува на тие што веруваат: “Бидете му- дри и трезвени во молитвите” (1 Пет. 4, 7). Советот на апостол Павле гласи: “Во се со молитва и молење со благодарност нека се јават на Бога вашите барања (Филип 4, 6). Трајната молитва е непрекината врска на душата со Бога. Таа помага живогот што се излива од Бога да се влива во нас и пак да се враќа на Бога во форма на чистота и светост.PH 62.3

    Подржајте врска со Исуса со сета ваша сила. Ис- ползувајте го случајот пгго ви се дава за молитва. Оние кои вистински сакаат заедница со Бога, ќе доаѓаат редовно на собранијата за молитва, ќе земаат учество во нив со жива желба да примат колку може повеќе благослов. Тие ќе употребат секој случај да ги осветлат зраците на небесната светлост.PH 63.1

    Можеме да се молиме и во семејниот круг, но не треба да ја занемариме молитвата насамо, тајната молитва што и дава живот на нашата душа. Невозможно е да напредуваме духовно, ако ја занемаруваме молитвата. He е доволно да се молиме само во семејниот круг или јавно. Потребно е нашето срце во тишина да го отвориме за Божјего око кое се виѓа. Тајната мо- литва треба да ја чуе само Бог. Ваквите молитви не треба да ги чуе ни едно љубопитно уво. При овие молитви душата е слободна од сите надворешни влијанија и обезпокојувања. Тивко но од се срце твојата молитва треба да се качува кон Бога. Благо и долготрајно влијание ќе извира од оној што ги слуша тајните молитви и чии уши се отворени за молбите на напште срца. Со тивка и проста вера душата подржа врска со Бога и прима зраци од Божествената светлост, кои и даваат јакост и издржливост во борбата против сатаната. Бог е наша сила .PH 63.2

    Да се молиме насамо, но и при секојдневната работа да ги отвориме често нашите срца пред Бога. Така одел Енох со Бога. Вакви тивки молитви се дигаат како скапоцен мирис до престолот на милоста. Сатаната не може да го победи оној чие срце е предадена на Бога.PH 63.3

    Нема време ни место кое би било незгодно за молитва. Ништо не може да не задржи нашите срца да ги отправиме кон Бога во сесрдна молитва. И поред уличната врева, и при својата обична работа можеме да се молиме на Бога и да ја бараме неговата Боже- ствена помош. Така правел Немија кога ја износел својата молба пред царот Артаксеркс. Тесна врска со Бога можеме да подржаме на секое место и при секој случај. Да ги отвораме нашите срца и да го повикаме Исуса: Ела и досели се во моето срце како небесен гост!PH 63.4

    Ако атмосферата околу нас е расипана, да не го дишеме тој воздух, но да живееме во чистата атмосфера на небото. Ако своите срца ги отправиме кон Бога во сесрдна молитва, со тоа ќе го спречиме пристапот на нечисти желби и лоши мисли. Оние што ги отвориле своите срца за благослов и помош од Бога, ќе живеат во атмосфера која е посвета од атмосферата на оваа земја и ќе бидат во постојана врска со небото.PH 64.1

    Треба да имаме појасно разбирање за Христа, пополно сфаќање на вечните вистини. Потребно е убавината на неговата светост да ги исполни срцата на Божјите деца, а тоа ќе стане ако се молиме на Бога да ни помогне подобро да ги разбереме небесните работи.PH 64.2

    Да ги подигнеме горе нашите души да може Бог да го влее во нив вздивот на небесниот живот. Ние можеме така да живееме пред Бога што при секое ненадејно искужение нашите мисли така природно да се обраќаат кон Бога како што се врти цутот кон сончевата светлост. Поверете ги на Бога сите ваши грижи ваши радости, ваши потреби, ваши неволи, се што ве притискува и мачи. Вашиот товар никогаш не ќе му биде тежок поради вас; никогаш не ќе се умори поради вас. Тој што ги изброил влакната на вашата глава, не е рамнодушен кон потребите на своите деца. “Оти Господ е милостив и се смилува” (Јак. 5, 11). Нашиот јад и нашиот плач ќе го гибнат неговото срце. Да му соопштиме се пгго ја притискува нашата душа. Ништо не е тешко за оној пгго го носи целиот свет и што ја управува целата вселена. Тој не пропушта ништо што му служи на нашето спокојство. Во книгата на нашиот христијански живот нема ни една темна страница која тој не би ја разбрал, ни проблем што тој не би го решил. Нему не може да му избегне ни една несреќа која го снајде и најмалиот меѓу неговите следбеници, ни една грижа што ги мачи ниту пак ра- дост. Тој слуша секоја наша искрена молитва. “Ги лечи оние што се со разбиено срце, ги лечи нивните таги” (Пс. 147, 3). Односот помеѓу Бога и секого што верува во Бога е така нежен и искрен како само поради него да го пратил на смрт својот мил Син.PH 64.3

    Исус вели: “Кe барате во мое име, и јас не ви велам дека ќе го молам Таткото за вас, оти и самиот Татко има љубов кон вас како што вие имате љубов кон мене” (Јов. 16, 26—27). А пред тоа “јас ве избрав . .. та што и да посакате од Таткото во име мое, ќе ви даде” (Job. 15, 16). Да се молиш во Исусово име значи повеќе отколку само да го споменеш неговото име во почетокот или при крајот на молитвата. Ние треба да се молиме во Исусов дух и смисла, да веруваме во неговите ветувања, да се надеваме во неговата милост и да ја вршиме неговата волја.PH 65.1

    Бог не бара од нас да станеме пустињаци или калуѓери и сосем да се одделиме од светот за да му се посветиме нему. Нашиот живот треба да биде сличен на Христовиот живот: тој се молел насамо во планината и се дружел со мнозина. Кој само се моли а ништо не чини, набргу ќе престане да се моли или неговите молитви ќе станат празна форма. Штом луѓето се одделат од друштвениот живот, од должноста и од носење крстот на еден христијанин, штом престанат да работат за својот Господ и Учител, кој така верно работел за нив, немаат веќе за што да се молат и го губат импулсот за молитва. Нивните молитви стануваат лични и себични. Тие не можат да се молат за нуждите на човештвото и за подигање на Христовото царство.PH 65.2

    Многу ќе изгубиме ако не го искористиме случајот да се соединиме со верните за да се охрабриме за служба на Господа. Вистините на неговите зборови ќе изгубат многу од својата јасност и значење за нас. Божјиот Дух ќе престане да ги просветува и оживува нашите срца и духовно да ги обновува со своето свето влијание. Во нашиот христијански живот многу ќе изгубиме поради недостаток на сочувство кон другите. Тој што живее само за себе, не го зазема местото што му го поверил Бог. Ако се трудиме да подржаме при- jателство со нашите ближни, ние ќе им се приближиме и ќе развиваме во себеси способност и сила за служба на Бога.PH 65.3

    Кога би христијаните во својот секојдневен живот повеќе зборувале за Божјата љубов, за скапоцените вистини на нашето спасение, тогаш нивните срца би се охрабриле и тие взаемно би се тешеле и јакнеле. Ако катаден се трудиме што поарно да го познаеме својот небесен Татко и да добиеме нови искуства за неговата милост, тогаш во нас ќе се продуби желба повеќе да говориме за неговата љубов. Ако правиме така, нашите срца ќе се одушеват и охрабрат. Кога би мислеле повеќе за Исуса и зборувале за него, повеќе би го осеќале неговото присуство.PH 66.1

    Кога би мислеле за Бога само толку пати, колку што имаме докази за неговата милост за нас, нашите мисли секогаш би биле отправени на него, ние би наоѓале задоволство да зборуваме за него и да го славиме. Со радост зборуваме за несериозни работи, оти не интересираат. Така исто говориме често и за своите пријатели оти ги љубиме. Нашите радости и нашите грижи тесно се поврзани со нивните. Но многу иовеќе прчини имаме Бога да го љубиме повеќе од нашите земни пријатели. За нас би било поприродно во мислите најмногу да се бавиме со него, да говориме за неговата добрина и да ја славиме неговата мошт. Богатите дарови кои тој ни ги дава не би требало во толкава мера да ги зафатат нашите мисли и нашата љубов, та да не ни остане време за Бога да размислуваме. Напротив, тие би требало да не насочуваат на нашиот небесен Добротвор и да не врзат со него со врски на љубов и благодарност. Ние премногу се бавиме со земни ра- боти. Да ги подигнеме нашите очи кон отворената врата на небесната светиња, каде што ќе ја видиме светлоста на Божјата слава, која се одразува на Христовото лице, а Христос “може секогаш да ги спаси оние кои npeку него доаѓаат кај Бога” (Евр. 7, 25).PH 66.2

    Да го фалиме и славиме Господа “за неговата милост и за неговите чудеса заради човечките синови” (Псалм 107, 8). Нашата набожност не треба да се состои само од молење и примање, нашите мисли не треба да бидат насочени само на нашите потреби, но треба да се сеќаваме и за оние доброчинства што ги примаме. Никогаш не се молиме излишно, но сме многу скржави во своите благодарности. Катаден Бог ни дава дарови на милоста — и сепак како малу му благодариме и славиме за тоа што ни сторил!PH 66.3

    Бог во старо време им ги дал на Израилците овие напатствија за служба: “И јадете онде пред Господа својот Бог и веселете се вие и семејствата ваши со се што фатите со раката своја со што те благослови Господ Бог твој.” (5 Мојс 12, 7). Она што чиниме за слава и фала Божја треба да го чиниме со радосно срце со песна и благодарност, а не жалосно и со нејќење.PH 67.1

    Нашиот Бог е љубезен и милосрден Татко. Нашето служење нему не би требало да ни биде тешко, туку да не радува. Бог не сака да биде немилостив кон своите деца, за кои предвидел така дивно спасение. Тој е нивни најдобар пријател и, ако му служат, можат да дочекаат од него утеха и благослов, што ќе ги исполни нивните срца со радост и љубов. Божја волја е сите што му служат, во таа служба да најдат утеха и во неа да осетат повеќе радост отколку тежост. Тој сака тие што доаѓаат да му се поклонат, да однесат со себеси скапоцено уверење за неговото старање и љубов. Така би зајакнале за својата секојдневна работа, и надахнати со неговата милост, во се би постапиле чесно и совесно.PH 67.2

    Да се приближиме до Христовиот крст. Распнатиот Христос треба да биде предмет за наше размислување, за наши разговори, наша најсвета радост. Секогаш треба да си ги спомнуваме сите Божји благослови. Кога ја познаеме неговата неизмерна љубов, тогаш треба со радост да и повериме се на онаа рака која заради нас беше прикована на крстот.PH 67.3

    Нашите срца се приближуваат до небото на крилјата на молитвата. Небесните жители го слават Бога со песни и музички инструменти, и кога и ние му благодариме од срце, тогаш нашата фалбена служба станува слична на службата на небесните чети. “Оној ме почитува кој приноси фалба на жртвата”. (Пс. 50, 23), вели Господ. Да излеземе сите пред нашиот Творец со почит и радост, “со благодарност и песна” (Ис. 51, 3).PH 67.4

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents