Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

ГОЛЕМАТА БОРБА

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    14—ПОДОЦНЕЖНИ АНГЛИСКИ РЕФОРМАТОРИ

    _______________

    Додека Лутер ја преведувал Библијата на германски јазик, Тиндал бил поттикнат со Божјиот Дух истото тоа да го стори за Англија. Библијата на Виклифа била преведена од латински текст кој содржел многу грешки. Овој превод никогаш не е печатен, a трошоците за препишаните примероци биле толку големи што само неколкумина богати луѓе или благородници можеле да ги набават; покрај тоа, Библијата од страна на црквата била строго забранета и тоа придонело таа да биде слабо распространета. Во 1516 година, една година пред појавувањето на тезите на Лутера, Еразмо го издал своето грчко и латинско издание на Новиот завет. Сега првпат Божјата реч била печатена на изворниот јазик. Во тоа издание многу грешки на поранешниот превод биле поправени, a смислата појасно изразена. Ова издание на многу образовани луѓе им овозможило подобро да ги запознаат вистините и it дало нов поттик на реформацијата. Но огромно мнозинство на народот уште немало Библија. Тиндал бил тој кој го довршил делото на Виклифа; тој на своите земјаци им ја дал Библијата на народен јазик.GCMkd 190.1

    Трудољубив студент, ревносен истражувач на вистината, тој го примил евангелието со помош на Новиот завет на Еразмо. Проповедајќи го храбро своето уверување, тој изјавувал дека секоја наука треба да се испитува со помош на Светото писмо. На тврдењата на папистите дека Библијата ја дала црквата и дека единствено таа има право да ја толкува, Тиндал одговорил: „Знаете ли кој го научил орелот да го најде својот плен? - Добро, истиот Бог ги учи своите гладни деца во неговата Реч да го најдат својотТатко. Далеку од тоа вие да сте ни го дале Светото писмо; вие сте ни го скриле; вие ги спалувате оние што го проповедаат; и вие,кога би можеле, би го спалиле и самото Свето писмо” (D’Aubigne, History of the Reformation of the Sixteenth Century, b. 18, ch. 4).GCMkd 190.2

    Проповедањето на Тиндал предизвикало голем интерес; мнозина ја примиле вистината, но свештениците биле претпазливи;штом би напуштил едно поле на работа, веќе биле тука со свои закани и со извртување на неговата наука да го уништат плодот на неговиот труд. Често во тоа и успевале. „Што да правам?”, извикнал. „Додека јас сеам на едно место, непријателот го пусти полето кое штотуку сум го напуштил. Јас не можам истовремено да бидам насекаде. О кога хриетијаните би го имале Светото писмо на својот мајчин јазик, тогаш сами би можеле да им се противстават на овие лажливци. Без Библијата не е можно народот да се утврди во вистината” (Исто, b. 18, ch. 4).GCMkd 190.3

    Во неговите мисли почнала да созрева нова одлука. Си рекол: „Израелците пееле псалми во храмот на Јехова на својот јазик. Зар не треба евангелието да ни се зборува нам на англиски јазик? Зар црквата ќе има помалку светлина на пладне отколку што имала во првите часови на осамнувањето? На христијаните мора да им се овозможи да го читаат Новиот завет на својот мајчин јазик. Учителите и проповедниците на црквата не се согласуваат меѓу себе. Само со помош на Библијата народот може да ја запознае вистината. Едни се држат за овој учител, а други за оној... Секој од тие учители му се противи на друг, Како можеме да разликуваме кој зборува право, а кој лажно?... Како?... Само со помош на Божјата реч” (Исто, b. 18, ch. 4).GCMkd 191.1

    Набргу потоа еден учен католички теолог во текот на препирањето со него извжкнал: „Подобро е да се биде без Божјите закони отколку без палските.” На тоа Тиндал одговорил: „Јас го презирам папата и сите негови закони и, ако Бог ми го сочува животот, за неколку години ќе сторам еден селанец, кој управува со плуг, подобро да го познава Светото писмо отколку вие” (Anderson, Annals of the English Bible, page 19).GCMkd 191.2

    Цврсто решен Новиот завет да му го даде на својот народ на неговиот мајчин јазик, тој веднаш се дал на работа. Протеран од своето родно место, отишол во Лондон и таму извесно време непречено ја вршел својата работа. Но пак папското насилство го присилило да бега. Се чинело дека цела Англија е затворена за него и затоа решил да побара прибежиште во Германија. Тука почнал да го печати Новиот завет на англиски јазик. Два пати работата била запрена. Но кога му било забрането да го печати во еден град, отишол во друг. Најпосле отишол во Вормс, каде што неколку години порано Лутер го бранел евангелието пред државниот собор. Во тој град имало многу пријатели на реформацијата и Тиндал без пречки таму ја продолжил својата работа. Набргу биле довршени три илјади примероци на Новиот завет, а истата година излегло и второ издание.GCMkd 191.3

    Со голема ревност и со неуморна истрајност ја продолжил својата работа. Иако англиските власти будно ги чувале сите пристаништа, сепак, Божјата реч на разни начини тајно е внесувана во Лондон и оттаму се ширела низ сите краишта. Папистите ее обидувале да го запрат ширењето на вистината, но напразно, Еден ден бискупот на Дурхам, од еден книжар, пријател на Тиндал, ја купил целата негова резерва на Библии за да ги уништи. Мислел дека на тој начин многу ќе стори да се спречи делото на реформацијата. Напротив, со парите добиени од продадените Библии купен е материјал за ново, подобро издание, што инаку не би можело да биде обелоденето, Подоцна, кога Тиндал бил уапсен, понудена му е слобода под услов да ги открие имињата на оние што му помагале да ги покрие трошоците околу печатењето на својата Библија. Тој одговорил дека дурхамскиот бискуп сторил повеќе од кој и да е друг зашто, плаќајќи ја високата цена за првите печатени Библии, му овозможил со поголема ревност да ја продолжи работата.GCMkd 191.4

    Тиндал со предавство паднал во рацете на своите непријатели и повеќе месеци бил во затвор. Најпосле својата вера ја посведочил со маченичка смрт, но оружјето што го приготвил тој им овозможило на другите борци да ја продолжат борбата се до нашите денови.GCMkd 192.1

    Латимер од проповедална зборувал дека Библијата треба да се чита на народен јазик. „Писател на Светото писмо”, истакнувал тој, „е Бог и ова Писмо се одликува со силата и со вечноста на својот Автор. Нема крал, ниту цар, ниту градски еудии, ниту управители кои не се должни да му се покоруваат... Да не одиме по грешен пат, туку нека не води Божјата реч. Да не одиме по патиштата на нашите татковци и да не го правиме она што го правеле тие, туку да го правиме она што би требало да го прават тие” (Hugh Latimer, “First Sermon Preached Before King Edward VI”).GCMkd 192.2

    Бернс и Фрит, двајца верни пријатели на Тиндал, се подигнале да ја бранат вистината, Ридли и Крамер пошле по нив. Овие водачи на англиската реформација биле образовани луѓе и повеќето од нив биле мошне почитувани во Римската црква поради својата ревност и побожност. Тие се дкгнале против папството затоа што ги запознале заблудите на „светата столица”. Запознавајќи ги тајните на Вавилон, имале посилна моќ да сведочат против него.GCMkd 192.3

    „ Јас сега ќе ви поставам едно чудно прашање” рекол Латимер. „Кој е најверен бискуп и прелат во цела Англија?... Гледам дека очекувате да ви кажам... Добро, јас ќе ви кажам: Тоа е ѓаволот... Тој секогаш е во својата бискупија... Кога и да го побарате, секогаш ќе го најдете на работа... Нема да го најдете мрзлив, ви гарантирам... Каде што живее ѓаволот, негова порола е: Долу со книгите, a rope со свеќите; долу Библиите, rope бројаниците; долу светлината на евангелието, a rope светлината на воштениците, па макар и среде бел ден; долу Христовиот крст кој ги одзема гревовите на светот, a rope чистилиштето кое ги празни џебовите; настрана грижите околу облекувањето на сиромасите и немоќните, а нека живее украсувањето на сликите и китењето на ликовите од дрво и камен; долу Божјите уредби, односно неговата пресвета Реч, а нека живеат човечките закони и традиции. О зошто нашите прелати не се толку трудољубиви да го сеат семето на добрата наука како сатаната што е трудољубив да ги сее каколот и плевата!” (Исто, “Sermon of the Plough).GCMkd 192.4

    Големото начело што го застапувале овие реформатори - истото кон кое се придржувале валденжаните, Виклиф, Јан Хус, Лутер, Цвингли и нивните соработници, било: Светото писмо е непогрешен авторитет, правило на верата и животот. Тие го отфрлиле правото на папата, на соборите, на отците и кралевите да владеат со совеста во прашањата на верата. Библијата била нивни авторитет и со неа испитувале секоја наука и секое тврдење. Верата во Бога и во неговата Реч ги храбрела овие свети луѓе кога ги полагале своите животи на ломачи. „Биди храбар”, му довикнал Латимер на својот другар кој со него ја делел маченичката смрт, пред пламенот да го замолкне нивниот глас. - „Со Божја милост ние денеска во Англија ќе запалиме таква светлина која никогаш нема да се угаси” (Works of Hugh Latimer, vol. 1, p. XIII).GCMkd 193.1

    Bo Шкотска никогаш не било наполно уништено семето што го посеале Колумба и неговите соработници. Откако англиските цркви му се потчиниле на Рим, оние во Шкотска стотици години ја сочувале својата слобода. Но во дванаесеттиот век папството се зацврстило и во таа земја и тука повеќе од каде и да е на друго место ја утврдило својата власт. Никаде темнината не била погуста отколку овде. Па сепак, зраците на светлината успеале да проникнат таму и да го навестат осамнувањето на зората. Лолардите, кои доаѓале од Англија со Библијата и со науката на Виклифа, сториле многу да се сочува познавањето на евангелието и секој век имал свои сведоци и свои маченици.GCMkd 193.2

    Уште од почеток на големата реформација, во Шкотска навлегувале списите на Лутера и Новиот завет на Тиндал. Незабележани од свештенството, обиколувајќи ги тивко планините и долините, овие весници повторно во Шкотска го запалиле факелот на вистината која речиси се угасила, рушејќи го она што го воспоставил Рим во текот на четири века угнетување.GCMkd 193.3

    Крвта на мачениците му дала нов поттик на движењето. Папските водачи, свесни за неочекуваната опасност што му се заканила на нивното дело, спалиле на ломача некои од најблагородните и најугледните синови на Шкотска. Но со тоа само подигнале нова проповедална од која зборовите на сведоците што умирале се одгласувале низ целата земја, повикувајќи го народот на непоколеблива решителност да ги отфрли римските прангии.GCMkd 193.4

    Хамилтон и Висхарт, благородници по потекло, својот живот го завршиле на ломача заедно со голем број скромни ученици. Но од местото на кое бил запален Висхарт станал јунак кого пламенот не можел да го замолкне, јунак кој со Божја помош требало да и стави крај на папската власт во Шкотска.GCMkd 194.1

    Цон Нокс ги напуштил традициите и црковниот мистицизам за да се храни со вистините на Божјата реч. Учењето на Висхарт го утврдило во одлуката да го напушти Рим и да им се придружи на прогонетите реформатори.GCMkd 194.2

    Наговаран од своите пријатели да прифати должност на проповедник, го отфрлал повикот плашејќи се од толку големите одговорности. Се согласил со тоа дури по неколку дена самотија и тешка борба со себе. Но кога ја примил таа должност, ја извршувал со непоколеблива решителност и со бестрашна храброст се до својата смрт. Овој храбар реформатор не се плашел од луѓето. Огнот на мачеништвото што се разгорувал околу него само уште повеќе ја поттикнувал неговата ревност. Наспроти секирата на тиранот што постојано му се заканувала, непоколебливо стоел и решително се борел да го уништи идолопоклонството.GCMkd 194.3

    Кога бил повикан пред шкотската кралица, во чиешто присуство исчезнала решителноста на многу водачи на реформацијата, Џон Нокс бестрашно сведочел за вистината. Тој не можел да се придобие со ласкање, а не се плашел ниту од закани. Кралицата го обвинувала поради кривоверство. Рекла дека народот го учи да ја прими верата што ја забранува државата и со тоа ја престапил Божјата заповед која на граѓаните им наредува да им се покоруваат на своите владетели. Нокс решително и одговорил:GCMkd 194.4

    „Бидејќи потеклото и авторитетот на вистинската релкгија не потекнуваат од светските кнезови, туку само од вечниот Бог, тогаш ниту граѓаните не се должни својата вера да ја прилагодуваат кон волјата на своите кнезови. Зашто често се случува кнезовите помалку да се упатени во вистинската Божја вера отколку другите луѓе... Кога сите Аврамови потомци би ја прифатиле фараоновата вера, чиишто граѓани биле, ве прашувам вас, госпоѓо, која вера би била денеска на светот? Или, кога сите луѓе во деновите на апостолите би ја прифатиле религијата на римските цареви, каква религија би владеела денеска на земјата? Затоа, госпоѓо, гледате дека граѓаните не се должни да ја исповедаат верата на своите владетели, иако се должни да им бидат послушни.”GCMkd 194.5

    „Вие Библијата ја толкувате на еден начин”, рекла Марија, „а тие (римокатоличките учители) на друг; кому да му верувам и кој може овде да биде судија?”GCMkd 195.1

    „Верувајте му на Бога кој јасно ни зборува во својата Реч” - одговорил реформаторот. „Надвор од она што е напишано не треба да им верувате ниту на едните ниту на другите. Божјата реч се објаснува самата себеси; ако некаде се појави нешто што не е јасно, Светиот Дух, кој никогаш не си противречи самиот себеси, го објаснува тоа на друго место, така што сомневање постои само за оние кои тврдоглаво сакаат да останат во незнаење” (David Laing, The Collected Works of John Knox, vol. 2, pp. 281,284).GCMkd 195.2

    Toa биле вистини што бестрашниот реформатор, во опасност за животот, и ги изнесувал на кралицата. Со иста бестрашна храброст се држел за својата цел, се молел и водел Господова војна, додека Шкотска не се ослободила од папството.GCMkd 195.3

    Во Англија воведувањето на протестантизмот како национална религија ги намалило прогонствата, но не ги запрело наполно. Иако народот отфрлил многу римски науки, сепак, уште доста задржал од нејзините обичаи. Отфрлена е врховната власт на папата, но на негово место се издигнал кралот како глава на црквата. Богослужението во црквите било уште далеку од евангелската чистота и едноставност. Големото начело на верската слобода уште не било сфатено. Протестантските владетели ретко применувале свирепо насилство какво што употребувал Рим против „кривоверството”, но сепак, не го признавале правото секој да му служи на Бога според својата совест. Од сите се барало да ја прифатат науката на државната црква и да учествуваат во богослуженијата што ги воспоставила таа. Дисидентите, односно сите што не се согласувале со државната црква, со векови поднесувале поголеми или помали прогонства.GCMkd 195.4

    Во седумнаесеттиот век илјадници проповедници биле присилени да ја напуштат својата служба. Под закана на големи парични казни, затвор и прогонство, на народот му било забрането да присуствува на какви било верски соетаноци освен на оние што ги одобрила црквата. Верните, кои сакале да му служат на Bora на виетински начин, биле присилени да се собираат во некој темен премин во мрачни подруми, а во некои годишни периоди ноќе и во шуми. Во засолнетите длабини на шумите, во храмот на природата, расеаните и прогонети Божји деца се собирале да ги излеваат своите души пред Бога во молитва и благодарење. Но, наспроти својата претпазливост, мнозина страдале поради својата вера. Затворите биле полни. Биле разурнати семејства. Мнозина биле протерани во туѓи земји. Но Бог бил со својот народ и прогонствата не можеле да ги замолкнат нивните сведоштва, Мнозина биле присилени да одат во Америка каде што го положиле темелот на двојната слобода: граѓанската и верската, што претставува сила и слава на таа земја.GCMkd 195.5

    Пак, како во деновите на апостолите, прогонствата го потпомогнале напредувањето на евангелието. Во една одвратна зандана, меѓу разбојници и крадци, Џон Буњан ја чувствувал небесната атмосфера. Тука тој ја напишал својата прекрасна алегорија за патувањето на побожниот патник од земјата на пропаста во небесниот град. Повеќе од двесте години тој глас од бедфордскиот затвор постојано им зборува на човечките срца. Буњановото „Патување на христијанинот” и „Обилната милост” многу грешници довеле на животниот пат.GCMkd 196.1

    Бакстер, Флавел, Алеин и други луѓе од науката, талентирани и со длабоко христијанско искуство, станале храбро да ја бранат верата „која еднаш засекогаш им е предадена на светите”, Делото што го извршиле овие луѓе, забранувано и ставано надвор од законот од страна на владетелите на овој свет, не може никогаш да пропадне. Делата на Флавел: „Извор на животот” и „Патот на милоста”, на илјадници им покажале како можат да му се предадат на Исуса. Бакстеровиот „Хриетијански пастир” им послужил на благослов на мнозина кои му посакувале напредок на Божјето дело, а неговиот „Вечен одмор на светите” запознал мнозина со „одморот што уште останува за Божјиот народ”.GCMkd 196.2

    Сто години подоцна, во времето на големата духовна темнина, се појавиле Вајтфилд и браќата Весли како Божји носители на светлината. Под управа на Англиканската црква, англискиот народ духовно пропаѓал, така што речиси се изедначил со незнабоштвото. Природната религија била омилена наука на свештенството и таа ја сочинувала речиси целата нивна теологија. Вишите кругови им се подбивале на побожните и се фалеле дека се над нивниот фанатизам. Нижите сталежи потонале во незнаење и во пороци, а црквата немала ниту храброст ниту вера да го задржи натамошното пропаѓање на вистината.GCMkd 196.3

    Големата вистина за оправдување со вера, што толку јасно ја проповедал Лутер, била речиси загубена од вид, а на нејзино место дошла римската наука за спасение со добрите дела. Вајтфилд и обајцата браќа Весли, членови на Англиканската црква, искрено ја барале Божјата милост и верувале дека тоа ќе го постигнат со животот полн со добри дела и со исполнување на верските обреди.GCMkd 196.4

    Карло Весли еден ден тешко се разболел и мислел дека дошол крај на неговиот живот. Тогаш еден пријател го прашал на што ја темели својата надеж во вечен живот. Тој одговорил: „Јас му служев на Бога најдобро како што знаевКога се чинело дека пријателот што му го поставил тоа прашање не бил задоволен со овој одговор, Весли си рекол самиот себеси: „Што, зар моите напори не се доволен темел за мојата надеж? Ако ме липги од моите заслуги, тогаш не би имал ништо друго врз што би можел да се потпрам!” (John Whitehead, Life of the Rev. Charles Wesley, page 102).GCMkd 196.5

    Толку густа била темнината што ја покрила црквата; таа ја скрила науката за исчистување, на Христа му ја одзела неговата слава и го одвратила погледот на луѓето од единствената надеж на спасение, а тоа е крвта на распнатиот Откупител.GCMkd 197.1

    Весли и неговите соработници увиделе дека вистинската вера живее во срцето и дека Божјиот закон ги опфаќа не само зборовите и делата туку и мислите. Биле уверени дека е потребна светост на срцето и исправно надворешно однесување и затоа сакале да живеат нов живот. Се труделе со молитва и пост да ги победат наклоностите на природното срце. Живееле живот на самооткажување, полн со љубов и понизност, и строго го извршувале сето она што им се чинело дека би можело да им помогне да ја постигнат својата цел - светост што ќе им обезбеди Божја наклоност. Но не го постигнале тоа за што копнееле. Нивните напори не ги ослободиле ниту од осудата за гревот ниту од неговата моќ. Поминувале низ истото искуство низ кое поминал Лутер во својата ќелија во Ерфурт. Нив ги мачело истото прашање што го мачело и него: „Како ќе се оправда човекот пред Бога?” (Книгата за Јов 9,2).GCMkd 197.2

    Огнот на божествената вистина на олтарот на протестантизмот речиси наполно згаснал. Тој требало повторно да се запали со стариот факел што чешките христијани го чувале и го предавале во наследство од поколение на поколение. По реформацијата, протестантизмот во Чешка бил погазен од страна на римските орди. Сите што одбиле да се откажат од вистината, морале да ја напуштат својата татковина. Некои од нив нашле прибежиште во Саксонија, каде што ја сочувале старата вера. Весли и неговите другари светлината ја примиле од потомците на овие христијани.GCMkd 197.3

    Откако биле посветени за проповедничка служба, Џон и Карло Весли се пратени во Америка со една мисија. На нивниот брод се наоѓала група моравски браќа. За време на тоа патување настанала силна бура. Соочен со смртта, Џон Весли чувствувал дека не е помирен со Бога. Напротив, моравските браќа покажувале спокојство и надеж во Бога што нему му биле наполно туѓи.GCMkd 197.4

    „Подолго време”, пишувал подоцна, „го посматрав нивното сериозно однесување. Својата понизност постојано ја докажуваа со тоа што на другите патници им правеа такви услуги што не би ги направил ниту еден Англичанец. За тие услуги не бараа ниту примаа каква и да е награда. ,Добро е’ - велеа тие - ,со тоа нашите горделиви срца да се понизат, зашто нашиот добар Спасител сторил многу повеќе за нас.’ Секој ден им даваше можност да ја покажат кротоста што никаква навреда не можеше да ја обесхрабри. Ако некој ги турнеше, удреше, или обореше на земја, тие стануваа мирно и се иставаа без збор. Сега настапи час да покажат дали се слободни од стравот исто така како што се слободни од горделивоста, од гневот и одмаздата. За време на пеењето на псалмот со кој го почнуваа своето богослужение, одненадеж се подигна бран кој го скина големото едро, го покри бродот и се урна меѓу палубите, така што се чинеше како веќе да не проголта морската длабина. На многу Англичани од градите им се оттргна ужасен извик на страв. Само моравските браќа останаа спокојни, дури не го прекинаа ниту пеењето на псалмот. Подоцна прашав еден од нив: ,3ар вие не се плашевте?1 Тој одговори: ,Фала на Бога, не!’ ,3ар вашите жени и деца не се уплашија?’ Тој одговори благо: ,Не, нашите жени и деца не се плашат од смртта’” (Whitehead, Life of the Rev. John Wesley, page 10).GCMkd 197.5

    Пристигнувајќи во Савана, Џон Весли кратко престојувал меѓу моравските браќа и бил длабоко трогнат со нивното христијанско однесување. За едно нивно богослужение, што толку многу ее разликувало од мртвиот формализам на црквата во Англија, тој кажува: „Големата едноставност и свеченоста на целата служба речиси ме натераа да заборавам на минатите седумнаесет векови и во мислите да се пренесам среде еден од оние собири каде што немало формализам и церемонии, каде што претседавале килимарот Павле или рибарот Петар, каде што делувал Светиот Дух и неговата сила” (Исто, pages 11,12).GCMkd 198.1

    Враќајќи се во Англија, Весли, поучен од еден моравски проповедник, појасно ја сфатил библиската вера. Сфатил дека за спасението е потребно да се откаже од своите сопствени дела и исцело да му се предаде на „Божјето Јагне кое ги зема на себе гревовите на светот”. На еден состанок на моравските браќа во Лондон, читана е една одломка од списите на Лутера каде што се опишува промената што ја врши Светиот Дух во срцето на верникот. Додека слушал, Весли почувствувал како во неговото срце се запалила вера. „Јас чувствував како моето срце чудно се загреа”, рекол. „Чувствував дека за моето спасение се потпирам на Христа и се осведочив дека Тој ги зеде моите гревови, дека ме ослободи од законот на гревот и смртта” (Исто, page 52).GCMkd 198.2

    За време на долгите години напорна работа, понижување и самопрегор, Весли имал само една цел: да го најде Бога. Сега го нашол. Сфатил дека милоста не се добива со молитви, со постови, со милостина и со дела на откажувања, туку како дар, „без пари и без наплата”.GCMkd 198.3

    Кога се утврдил во Христовата вера, единствена желба на Весли била насекаде да го шири прекрасното евангелие за бесплатната Божја милост. „Цел свет е моја парохија” - рекол тој.GCMkd 199.1

    „Со тоа сакам да кажам дека на секое место каде што се наоѓам, мое право и света должност е на сите што сакаат да ме слушаат да им ја објавам радосната вест на спасението” (Исто, page 74).GCMkd 199.2

    Продолжил да живее живот полн со верност и откажување, кој сега не бил повеќе темел туку резултат на неговата вера, не корен туку плод на светлината. Божјата милост во Исуса Хриета е темел на христијанската надеж и таа милост се открива во послушноста. Весли својот живот го посветил на проповедање на големите вистини што ги примил - на вистината за оправдување со вера во Христовата крв која чисти и на вистината која врши преродба со силата на Светиот Дух, чијшто плод е живот сличен на Христовиот живот.GCMkd 199.3

    Вајтфилд и браќата Весли биле приготвени за својата мисија со долго и длабоко лично осведочување за својата сопствена загубена состојба. За да бидат способни да поднесат се како добри Христови војници, требало да поминат низ огнена печка на подбив, потсмев и прогонство и тоа како на универзитетот, така и по своето стапување во проповедничка служба. Нивните безбожни другари нив и малечкиот број нивни пријатели со потсмешлив прекар ги нарекувале „методисти”. Денеска тоа е чесно име на една од големите заедници во Англија и Америка.GCMkd 199.4

    Како членови на Англиканската црква, тие биле мошне предани на својата црква, но Бог во својата Реч им покажал еден повисок идеал. Светиот Дух ги гонел да го проповедаат Христа и тоа Христа распнатиот. Нивната работа ја придружувала сила на Семожниот. Илјадници ги признавале гревовите и искусиле вистинско преобратување. Било потребно овие овци да се заштитат од грабливите волци. Но Весли не мислел да формира нова црква, туку ги организирал како методистички сојуз.GCMkd 199.5

    Весли и неговите соработници наидувале на тешко и необично противење од страна на државната црква, но Бог во својата мудрост така управувал со настаните, што реформата почнала во самата црква. Кога би дошла однадвор, не би проникнала токму таму каде што била толку многу потребна. Но бидејќи проповедниците на ова верско будење биле црковни луѓе и работеле во крилото на црквата секаде каде што им се дала можност, вистината можела да најде пристап и таму каде што инаку вратата би останала затворена. Некои свештеници, разбудени од својата морална успиеност, станале ревносни проповедници во своите парохии. Црквите што биле скаменети со формализмот се разбудиле во духовен живот.GCMkd 199.6

    Во времето на Весли, како и во сите векови на црковната историја, луѓе со различни способности го извршувале делото што им го доверил Бог. Тие не се согласувале во секоја точка на науката, но сите биле гонети од Светиот Дух и соединети со топла желба да ги придобијат душите за Христа. Разликите во мислењето меѓу Вајтфилд и браќата Весли се заканувале извесно време да предизвикаат расцеп. Но бидејќи во Христовата школа научиле да бидат кротки, взаемната трпеливост и христијанската љубов ги помириле. Немале време да се препираат додека насекаде владееле заблуди и престапи, а грешниците се лизгале во пропаст.GCMkd 200.1

    Божјите слуги морале да одат по нерамен пат. Многу влијателни и образовани луѓе ги употребиле сите свои сили против нив. По извесно време голем дел од свештенетвото покажало отворено непријателство кон нив и црковната врата била затворена за чистата вера и за оние што ја проповедале. Обвинувајќи ги од проповедална, свештенството ги поттикнувало против нив силите на темшшата, незнаењето и беззаконието. Со чудо на Божјата милост Џон Весли повеќе пати ја избегнал смртта. Кога се дигнал против него гневот на цганот и кога се чинело дека е неможно да се избави, крај него стоел ангел во човечка лика, толпата се повлекла и од местото на опасноста Христовиот слуга заминал неповреден.GCMkd 200.2

    За своето избавување од разјарената толпа во една таква ситуација, Весли раскажува: „Кога се спуштавме по лизгав пат кон градот, мнозина сакаа да ме турнат по удолништето, со право мислејќи дека, ако паднам, нема никогаш пак да се подигнам. Но не паднав, не се лизнав, додека не се најдов потполно надвор од досегот на нивните раце. Иако мнозина се обидуваа да ме фатат за јаката или за облеката за да ме кутнат, сепак, не успеаја. Само еднаш на еден од нив му успеа да ме фати за џебот од елекот што остана во неговата рака, а другиот џеб, во кој се наоѓаше ќесето, беше само наполу оттргнат. Еден силен човек, кој беше зад мене, замавна неколку пати да ме удри со голем дабов стап. Да ме удреше само еднаш по глава, не ќе требаше повеќе да ме удри. Но секојпат ударот промашуваше, не знам ни самиот како, зашто јас не можев да се тргнам ниту лево ниту десно... Еден од толпата јурна и ја подигна раката да ме удри, но наеднаш ја спушти и ме помилува по главата, велејќи: ,Колку мека коса има!‘... Првите луѓе што се обратија беа улични разбојници, кои секогаш беа готови да направат некое лошо дело; еден од нив беше борач во мечкини дувла...GCMkd 200.3

    Со колкава нежност Бог не приготвува нас за извршување на неговата волја! Пред две години парче цигла го драсна мојот грб. Една година подоцна камен ме погоди меѓу очите. Минатиот месец добив еден удар, а денеска два, еден пред влегувањето во градот, а друг по излегувањето од него, но обата беа како ништо. Еден човек со сета сила ме удри во градите, а друг по устата толку силно што веднаш ми потече крв, но сепак, ниту од едниот удар не почувствував посилна болка отколку да ме допрел со сламка” (John Wesley, Works, vol. 3, pp. 297,298).GCMkd 201.1

    Методистите во тоа време - народот и проповедниците - поднесувале многу подбивања и прогонства, како од членовите на црквата така и од неверниците кои биле раздразнети против нив. Често биле повикувани пред судови - судови само по име, зашто во тоа време правдата била редок гостин во судниците. Често поднесувале насилство од своите прогонувачи. Џганот одел од куќа до куќа, ја уништувал покуќнината и другите предмети, ограбувал се што му ее допаѓало и ги малтретирал мажите, жените и децата. Во некои случаи преку јавни огласи се повикувале сите што сакале да учествуваат во разбивање на прозорците и во грабежи на методистичките куќи да се соберат во одредено време на одредено место. Ова отворено газење на човечките и божествените закони останувало неказнето. Систематски биле прогонувани сите чијашто единствена грешка се состоела во тоа што настојувале да ги одвратат грешниците од патот на пропаста и да ги доведат на патот на светлината.GCMkd 201.2

    За обвинувањата против себе и против своите другари Џон Весли пишува вака: „Некои докажуваат дека науката на овие луѓе е лажна, погрешна и фанатичка, дека се новатори и речиси непознати, дека се квекери, фанатици и паписти. Неоснованоста на овие тврдења многу пати веќе е докажана со тоа што подробно е објаснето дека секоја гранка на оваа наука е точна наука на Светото писмо, како што го толкува тоа нашата сопствена црква. Според тоа, ако Писмото е вистинито, ова учење не може да биде ниту лажно, ниту погрешно.” „Други велат: ,Нивното учење премногу е строго, тие патот кон небото го прават претерано тесен.£ Тоа навистина беше првобитен приговор, извесно време единствен, и тој е темел на илјадници други приговори што се појавуваа во разни облици. Но зар тие патот кон небото го прават потесен отколку што го направиле нашиот Спасител и неговите ученпци? Дали нивната наука е построга од науката на Светото писмо? Да посматраме неколку јасни стихови: ,Љуби го својот Господ Бог со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум!’ ,3а секој празен збор што ќе го кажат луѓето ќе одговараат на судниот ден.’ ,Ако јадете, ако пиете, или ако нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Божја.’”GCMkd 201.3

    „Ако нивното учење е построго од ова, тогаш треба да се укорат, но вие преку својата совест сте осведочени дека тоа не е така. Може ли некој да биде за една јота помалку точен, а со тоа да не ја изневери Божјата реч? Може ли повереникот на Божјите тајни да се најде верен ако проневери еден дел од ова свето богатство што му е доверено? He! Тој не може ништо да укине, ништо да ублажи; тој е присилен да им изјави на сите луѓе:,Јас не смеам Светото писмо да го прилагодам кон вашиот вкус. Вие морате да се прилагодите кон него или засекогаш ќе пропаднете!’ Други велат дека на тие луѓе им недостига љубов. Дали навистина им недостига љубов? Во кој поглед? Зар тие не ги хранат гладните и не ги облекуваат голите? He - не во тоа; во тој поглед ништо не им недостига, но тие се толку немилосрдни во своето расудување: мислат дека никој нема да се спаси кој не оди по нивниот пат” (Исто, vol. 3, рр. 152,153).GCMkd 202.1

    Духовното паѓање што дошло до израз во Англија уште пред Весли, во голема мера било последица на антиномистичкото учење (учење дека христијаните не се должни да го држат законот). Мнозина тврделе дека Христос го укинал моралниот закон и дека поради тоа христијаните не се повеќе должни да го држат, дека верникот е ослободен од „робувањето на добрите дела” Други, иако ја признавале вечноста на законот, изјавувале дека е непотребно проповедниците да им советуваат на луѓето да ги држат прописите на законот, зашто сите што ги избрал Бог за спасение ќе бидат „наведени со непреодоливата Божја милост да живеат побожно и чесно” додека сите што се одредени за вечно проклетство, „нема да имаат сила да му се покоруваат на Божјиот закон”.GCMkd 202.2

    Други, кои тврделе дека верните не можат да отпаднат од милоста ниту да ја загубат Божјата наклоност, дошле до уште пострашен заклучок: „дека лошите дела што ги прават всушност не се грев, ниту можат да се сметаат за престап на Божјиот закон, и дека според тоа немаат причина да ги признаваат своите гревови ниту да ги напуштаат со покајание (McClintock and Strong, Cyclopedia, art. “Antinomians”).GCMkd 202.3

    Изјавувале дека и најтешките гревови, што луѓето ги сметаат како страшен престап на божествениот закон, не се грев во Божјите очи ако ги сторил еден од неговите избрани, „бидејќи обележје на избраните е да не можат да прават ништо што не би му се допаѓало на Бога или што би го забранувал Божјиот закон”.GCMkd 202.4

    Овие чудовишни учења главно се слични со учењето на некои модерни теолози кои негираат дека постои еден непроменлив божествен закон како мерило на правдата и тврдат дека општеството самото себеси си го одредува мерилото на моралот кое, според тоа, е изложено на постојани промени. Сите овие теории се вдахнати со истиот оној дух кој уште меѓу небесните жители се стремел да ги отстрани праведните ограничувања на Божјиот закон.GCMkd 202.5

    Науката за предестинација, која учи дека божествената волја однапред непроменливо го одредува карактерот на секој човек, мнозина навела навистина да го отфрлат Божјиот закон. Весли решително се противел на учењето на антиномистичките учители, Покажал дека науката на антиномизмот е спротивна на науката на Светото писмо. Што учи Светото писмо? Тоа учи дека „се јави Божјата благодат, која носи спасение за сите луѓе”, „ова е добро и угодно пред Бога, нашиот Спасител, кој сака сите луѓе да бидат спасени и да дојдат до целосно познавање на вистината. Зашто еден е Бог, и еден е Посредник меѓу Бога и луѓето - човекот Христос Исус, кој се даде себеси како откуп за сите” (Тит 2,11; 1. Тимотеј 2,3-6). Божјиот Дух се дава доброволно со цел секому да му се овозможи да го прими средството на спасението. Така „на светот дојде вистинската Светлина која го осветлува секој човек”, а тоа е Христос (Јован 1,9). Мнозина го губат спасението зашто намерно одбиваат да го примат дарот на животот.GCMkd 203.1

    Еве што одговорил Весли на тврдењето дека Декалогот, заедно со церемонијалниот закон, е укинат со Христовата смрт: „Исус не го укинал моралниот закон - Десетте заповеди - што го проповедале и го издигнувале пророците. Целта на неговото доаѓање не била да измени или да укине некој негов дел. Тоа е закон кој никогаш не може да се укине, кој стои цврсто како верен сведок на небото... Тој од почетокот на светот бил напишан не на камени плочи, туку во срцата на луѓето кога излегле од рацете на Творецот. И иако тие букви, од почеток напишани со Божји прст, подоцна поради гревот во голема мера оштетени, тие, сепак, не можат да бидат наполно избришани се додека имаме свест за доброто и злото. Секој дел на овој закон останува задолжителен за сите луѓе и за сите времиња. Тој не зависи ниту ид времето, ниту од местото, ниту од околностите, туку од Божјата и човечката природа и од нивниот непроменлив меѓусебен однос.GCMkd 203.2

    ,Не дојдов да го укинам законот, туку да го исполнам/... Без сомнение, смислата на овие Христови зборови (според она што е кажано порано и што следи) е: Дојдов да го утврдам Божјиот закон во неговата целост, наспроти сите човечки толкување. Дојдов да расветлам се што беше во него темно и нејасно. Дојдов да го разјаснам вистинското и целосното значење на секој негов дел, да ја покажам должината и ширината, и сето значење на секоја негова заповед, како и висината, длабината и несфатливата чистота и духовност на секоја негова реченица” (Wesley, sermon 25).GCMkd 203.3

    Весли учел дека постои совршена хармонија меѓу законот и евангелието. „Меѓу законот и евангелието постои најтесна врска што може да се замисли. Од една страна, законот му го приготвува патот на евангелието и не упатува на него, а од друга страна, евангелието не води кон поточно исполнување на законот. На пример, законот бара од нас да го љубиме Бога и ближните и да бидеме кротки, понизни и свети. Ние чувствуваме дека сме неспособни за тоа и дека на човекот тоа му е неможно. Но Бог ветил дека ќе ни ја даде таа љубов и дека ќе не стори кротки, понизни и свети; ние го прифаќаме ова евангелие, оваа радосна вест, и тоа го постигнуваме со вера; и правдата на законот е исполнета во нас со верата која е во Исуса Христа...GCMkd 204.1

    Најголеми непријатели на Христовото евангелие се оние кои отворено и јасно го осудуваат законот и зборуваат лошо за Hero, кои ги учат луѓето да го газат целиот закон, да ја отфрлаат, омаловажуваат, да ја негираат важноста не само на една од најмалечките или најголемите заповеди, туку на сите заповеди. И најчудно во сето тоа е што жртвите на тие измами мислат дека го почитуваат Христа со тоа што го уриваат неговиот закон, дека ја издигнуваат неговата служба со тоа што ја расипуваат неговата наука. Тие го почитуваат како и Јуда кога рекол: ‘Биди поздравен, Учителе! И срдечно го бакна’ (Матеј 26,49). Затоа Исус со право може да му каже и на секого од нив: ,3ар со бакнеж го предаваш Синот човечки? ‘ Вистинско предавство со бакнеж е кога зборуваш за неговата крв, а му ја одземаш круната, кога отфрлаш кој и да е дел на неговиот закон под изговор дека го забрзуваш напредувањето на неговото евангелие. Всушност, не можат да се ослободат од тоа обвинување оние што непосредно или посредно проповедаат таква вера која ги одвраќа луѓето од послушноста на макар и една заповед и кои Христа го прикажуваат како Оној што дозволува да се укине или да се намали важноста и на најмалечката Божја заповед” (Исто).GCMkd 204.2

    На оние што тврделе дека „проповедањето на евангелието го заменува законот”, Весли им одговорил: „Ова во целост го отфрламе. Евангелието не ја заменува целта на законот, имено, да го увери човекот во неговата грешност, да ги разбуди оние што се уште спијат на работ на пеколот. Апостол Павле изјавува дека ‘законот служи само за спознание на гревот1. Додека човекот не ја увиди својата грешност нема да почувствуа вистинска потреба од ‘Христовата крв која чисти...’ ‘Лекар не им треба на здравите, туку на болните‘, рекол нашиот Господ. Затоа бесмислено е да им се препорачува лекар на оние што се здрави или што мислат дека се здрави. Прво треба да се уверат дека се болни, инаку нема да ви бидат благодарни за вашиот труд. Исто така бесмислено е да им се открива Христос на оние што сметаат дека срцата им се здрави, односно, дека не се грешни” (Исто, sermon 35).GCMkd 204.3

    Така Весли настојувал, проповедајќи го евангелието за Божјата милост, како и неговиот Учител, законот да го стори „голем и славен”. Верно го извршил делото што му го доверил Бог и прекрасен бил плодот што можел да се види. На крај од неговиот долг живот од над осумдесет години (над педесет години поминал како проповедник патувач) бројот на неговите следбеници изнесувал повеќе од половина милион души. Но бројот на мноштвото такви кои со неговиот труд се подигнати од пропаста и понижувањето на гревот за да живеат повозвишен и почист живот, и бројот на оние што стекнале преку неговата наука подлабоко христијанско искуство, ќе се дознае дури откако целото семејство на спасените ќе биде собрано во Божјето царство. Животот на Весли на секој христијанин му дава поука од непроценлива вредност. О кога верата и понизноста, неуморната ревност, самопрегорот и преданоста на овој Христов слуга би биле обележје и на денешните цркви!GCMkd 205.1

    *****

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents