Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

ГОЛЕМАТА БОРБА

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    37—БИБЛИЈАТА - НАША ЗАШТИТА

    _______________

    „Закон и сведоштво барајте. Оној што не зборува така, за него нема зора” (Исаија 8,20). Божјиот народ е упатен на Светото писмо како заштита против влијанието на лажните учители и заводничките сили на духовите на темнината. Сатаната применува секакво лукавство луѓето да ги спречи да се здобијат со знаење од Библијата, зашто нејзиното јасно учење ги открива неговите измами. Секое оживување на Божјето дело го поттикнува кнезот на злото кон поголема активност. Тој сега ги вложува последните напори за завршната битка против Христа и неговите следбеници. Наскоро пред нас ќе се покаже последната голема измама. Антихрист пред нашите очи ќе прави чуда. Она што ќе го имитира тој ќе биде толку слично со вистинското, што не ќе може да се разликува едното од другото, освен со помош на Светото писмо. Секое тврдење и секое сторено дело мора да се испитаат со сведоштвата на Писмото.GCMkd 464.1

    Оние што се трудат да ги држат Божјите заповеди ќе бидат замразени и исмевани. Тие можат да опстанат само во Бога. За да можат да ги издржат искушенијата што ќе дојдат, мора да ја разберат Божјата волја онака како што е откриена во неговата Реч. Тие можат Бога да го почитуваат само тогаш ако правилно го сфатат неговиот карактер, неговото владеење и неговите намери и ако живеат сообразно со нив. Последната голема битка ќе можат да ја издржат само оние кои своите души ги засилиле со вистините на Библијата. Секој поединец ќе стои пред прашањето: дали повеќе ќе го слуша Бога или човек? Решавачкиот час сега е пред врата. Дали нашите нозе се втемелени на карпата на непроменливата Божја реч? Дали сме подготвени цврсто да застанеме во одбрана на Божјите заповеди и на верата Исусова?GCMkd 464.2

    Пред своето распнување Спасителот им рекол на своите ученици дека ќе биде убиен и дека ќе воскресне од гробот; ангелите биле присутни за неговите зборови да ги втиснат во срцата и во душите на учениците. Но учениците очекувале слобода од римскиот јарем и не можеле да ја поднесат помислата дека Оној, во KOTO се надевале, ќе мора да претрпи толку срамна смрт. Зборовите на кои требало да се потсетат исчезнале од нивното сеќавање и времето на искушението ги нашло неподготвени. Исусовата смрт во толкава мера ги уништила нивните надежи, како никогаш Тој да не им укажал на неа. Така и нам во пророштвата ни е откриена иднината исто толку јасно како што им била откриена на учениците со Христовите зборови. Настаните што се поврзани со крајот на времето на милоста и со делото на подготовката за времето на неволјата јасно ни се изнесени. Но постојат илјадници такви кои не ги сфаќаат овие важни вистини, како никогаш да не им биле откриени. Сатаната будно внимава за да отстрани од нив секакво влијание што би можело да ги вразуми за спасение; така времето на неволјата ќе ги најде неподготвени.GCMkd 464.3

    Кога Бог на светот му праќа толку важни опомени, што се претставени со ангели кои летаат среде небото и ги објавуваат, тогаш Тој бара од секое разумно суштество будно да внимава на веста. Страшните судови што ќе бидат изречени против оние што ќе му се клањаат на ѕверот и на неговата икона (Откровение 14,911) треба сите да ги поттикнат кон трудољубиво проучување на пророштвата за да дознаат што е жиг на ѕверот и како можат да избегнат да го примат. Но мнозинството луѓе ги одвраќаат ушите да не ја слушнат вистината и се обраќаат кон прикаски. Апостол Павле за последните денови рекол: „Оти ќе дојде време кога луѓето не ќе го поднесуваат здравото учење” (2. Тимотеј 4,3). Тоа време веќе дошло. Луѓето не ја сакаат библиската вистина бидејќи таа им се противставува на желбите на грешното срце што го љуби светот, а сатаната им нуди измами што тие ги сакаат.GCMkd 465.1

    Но Бог на земјата ќе има свој народ кој ќе внимава на Библијата, и само на Библијата, како мерило на сите науки и темел на секоја реформа. Ниту мислењата на учените луѓе, нжту тврдењата на науката, ниту верските догми или одлуки на црковните собори, толку многубројни и спротивни како и црквите што ги застапуваат, ниту гласот на мнозинството - ниту едно од ова, ниту сите заедно - не можат да се сметаат како доказ за или против која и да е точка на верата. Пред да примиме која било наука или пропис, треба да се увериме дека е во согласност со она јасното: „Така кажува Гоепод!”GCMkd 465.2

    Сатаната постојано настојува вниманието да го насочи кон човека наместо кон Бога. Тој ги заведува луѓето да ги гледаат бискупите, свештениците и професорите по теологија како свои водачи, наместо да го истражуваат Светото писмо со цел самите за себе да ја дознаат својата должност. Тогаш, управувајќи се според умот на овие водачи, тој може по своја волја да влијае врз народот.GCMkd 465.3

    Kora Христос дошол да ја проповеда Речта на животот, обичниот народ со задоволство го слушал, па дури и многу свештеници и старешини верувале во него. Но поглаварот свештенички и водачите на народот решиле да ја презрат и да ја отфрлат неговата наука. Иако им пропаднал сиот труд да најдат против него причини да го обвинат, иако го чувствувале влијанието на божествената сила и мудрост со која биле вдахнати неговите зборови, сепак, потклекнале пред своите предрасуди: ги отфрлиле најјасните докази за неговата месијанска служба, зашто инаку би биле присилени да станат негови ученици. Овие Исусови противници биле луѓе кои народот уште од своето детство бил научен да ги почитува и безусловно да се клања пред нивниот авторитет. „Зошто”, се прашувале тие, „нашите старешини и мудри книжевници не веруваат во Исуса? Зар овие побожни луѓе не би го примиле кога Тој навистина би бил Христос?” Единствено влијанието на овие учители го завело еврејскиот народ да го отфрли својот Откупител.GCMkd 466.1

    Духот што ги поттикнувал овие свештеници и старешини се уште е присутен кај мнозина кои се фалат со својата побожност. Тие одбиваат да го испитуваат сведоштвото на Светото писмо за оние посебни вистини што го карактеризираат ова време. Тие укажуваат на својата многубројност, на богатството и угледот, a го омаловажуваат малечкиот број бранители на вистината како незначителни, сиромашни и неугледни луѓе кои имаат вера што ги одделува од светот.GCMkd 466.2

    Христос однапред видел дека горделивото присвојување на власта од страна на книжевниците и фарисеите нема да престане со расејувањето на Евреите. Со своето пророчко око Тој го гледал издигнувањето на човечката власт која ќе сака да владее над совеста, што за црквата во сите времиња било страшно проклетство, Неговото тешко обвинување против книжевншџгге и фарисеите, како и неговата опомена упатена до народот да не ги следи овие водачи, забележани се како совет за идните поколеннја.GCMkd 466.3

    Римската црква го ограничува правото на толкување на Светото писмо само на свештенството. Потпирајќи се на тоа дека само црквата е способна да ја толкува Божјата реч, таа му ја одзема Библијата на обичниот народ. Иако реформацијата на сите им го дала Светото писмо, сепак, ова самоволно начело, што потекнува од Рим, мнозина од протестантите задржува да го проучуваат Светото писмо за себе. Од нив се бара неговото учење да го прифатат онака како што го толкува црквата. Илјадници не се осмелуваат да примат ништо што е противно на нивното верување или на утврденото учење на нивната црква, без оглед колку е тоа јасно изнесено во Светото писмо.GCMkd 466.4

    Иако Библијата е полна со опомени против лажните учители, сепак, мнозина се подготвени спасението на своите души да му го доверат на свештенството. Денеска постојат илјадници христијани по име кои не можат да наведат никаква друга причина за своето верување освен дека така се научени од своите верски водачи. Тие поминуваат покрај науката на Спасителот не обрнувајќи никакво внимание на неа, а имаат безусловна доверба во зборовите на своите свештеници. А дали тие се непогрешни? Како можеме нашите души да ги ставиме под нивно водство, освен ако од Божјата реч дознаеме дека тие навистина се носители на светлината? Недостигот на морална храброст да отстапат од разгазените патеки на светот мнозина заведува да одат по стапките на учените луѓе. Бидејќи не сакаат сами да истражуваат, конечно ќе бидат фатени во мрежите на заблудите. Тие гледаат дека вистината за ова време е јасно изнесена во Библијата и ја чувствуваат моќта на Светиот Дух што го придружува нејзиното проповедање, па сепак, дозволуваат, поради противењето на свештенството, да бидат одвоени од светлината. Иако умот и совеста се осведочени, сепак, овие заслепени души не се осмелуваат да мислат поинаку од нивните духовни водачи, и своето лично мислење, своето вечно добро им го жртвуваат на неверувањето, на горделивоста и на предрасудите на другите.GCMkd 467.1

    Има многу начини со кои се служи сатаната со помош на човечкото влијание да ги врзе своите робови. Тој задржува илјадници такви врзувајќи ги со фини врски на љубов кон непријателите на Христовиот крст. Каква и да е оваа врска, било да е родителска, синовска, брачна или пријателека, последиците се исти, Противниците на вистината ја употребуваат својата сила за да владеат над совеста, а душите, држани под нивна власт, немаат доволно храброст или самостојност да го слушаат своето лично чувство на должност.GCMkd 467.2

    Вистината и вистинското прославување на Бога се неразделни. He е можно човек, кој се придржува кон Светото писмо, Бога да го почитува на погрешен начин. Мнозина тврдат дека не е важно во што некој верува, само ако неговиот живот е исправен. Но животот се формира со она во што веруваме. Ако вистината и светлината ни стојат при рака, а ние занемаруваме да ги слушаме и да ги разбереме, тогаш навистина ги отфрламе; ја бираме темнината наместо светлината.GCMkd 467.3

    „Има патишта кои на некои луѓе им изгледаат прави, но нивниот крај во смрт води” (Мудри изреки 16,25). Незнаењето не ја оправдува заблудата или гревот кога ни е дадена секоја можност да ја запознаеме Божјата волја. Човекот патува и доаѓа до местото каде што се разминуваат патиштата, но патоказот му кажува каде води секој од нив, Ако тој го игнорира патоказот и ако појде по пат што нему му се чини вистински, сепак, колку и да е искрен, навистина ќе се најде на погрешен пат.GCMkd 467.4

    Бог ни ја дал својата Реч за да се запознаеме со нејзиното учење и самите да дознаеме што бара Тој од нас. Кога еден книжевник дошол кај Исуса со прашањето: „Што треба да правам за да наследат вечен живот?”, Спасителот го упатил на Писмото со зборовите: „Што е напишано во Законот? Што читаш?” (Лука 10,25.26). Незнаењето нема да го оправда ниту стариот ниту младиот, ниту ќе ги ослободи од казната што го повлекува по себе престапот на Божјиот закон, зашто имаат верна слика на овој Закон, на неговите начела и барања. He е доволно да имаме добри намери; не е доволно да го правиме она што се смета за исправно или затоа што оној кој проповеда кажува дека тоа е право. Во прашање е спасението на нашата душа и затоа Светото писмо секој мора да го истражува за себе. Колку и да е силно нашето убедување, колку и да сме уверени дека оној што проповеда знае што е вистина, сето тоа не смее да биде наш темел. Ние имаме карта на која се означени сите патокази на патот кон небото и не треба ништо да погаѓаме или да претпоставуваме.GCMkd 468.1

    Прва и најголема должност на секое разумно суштество е да дознае од Светото писмо што е вистина и потоа да живее според светлината и други да храбри да го следат неговиот пример. Ние треба секој ден Библијата марливо да ја проучуваме, да се задлабочуваме во секоја нејзина мисла и да споредуваме стих со стих. Со Божја помош ние мораме сами да го формираме нашето мислење, зашто пред Бога ќе одговараме сами за себе.GCMkd 468.2

    Најјасните откриени вистини во Библијата учените луѓе ги завиткале во сомневање и темнина. Правејќи се дека имаат голема мудрост, тие учат дека Светото писмо има мистично, таинствено и духовно значење што не е јасно изразено со човечки јазих. Овие луѓе се лажни учители. Ним Исус им рекол: „Не ги знаете ни Писмата, ниту Божјата сила” (Марко 12,24). Јазикот на Библијата треба да се толкува според неговото очигледно значење, освен ако се употребени некои симболи или слики. Христос дал ветување: „Оној што сака да ја исполнува неговата волја, ќе знае дали ова учење е од Бога” (Јован 7,17). Кога луѓето би сакале да ја примат Библијата онака како што таа гласи, кога не би имало лажни учители да ги заведуваат и да ги збунуваат нивните мисли, би се извршувало дело што би ги израдувало ангелите, а безброј илјадници, кои талкаат во заблуди, би дошле во Христовото стадо.GCMkd 468.3

    При проучувањето на Библијата ние треба да ги употребиме сите наши духовни сили и да го напрегнеме умот за да ги сфатиме длабоките небесни стварности во онаа мера колку што им е можно тоа на смртните луѓе. Но не смееме да заборавиме дека детската послушност и покорност се вистински белези на ученикот. Библиските тешкотии не можат никогаш да се совладаат на ист начин со кој се служиме при испитувањето на филозофските проблеми,GCMkd 468.4

    Ние не смееме да се впуштиме во проучување на Библијата со онаа самоувереност со која мнозина пристапуваат кон проучување во областа на науката, туку со молитва и со доверба во Бога и со искрена желба да ја запознаеме неговата волја. Мораме да дојдеме со понизен и послушен дух за да го запознаеме големиот ЈАС СУМ. Во спротивно лошите духови во толкава мера ќе го заслепат нашиот ум и ќе го стврднат нашето срце, што вистината не ќе може да остави врз нас никаков впечаток.GCMkd 469.1

    Многу делови на Светото писмо што учените луѓе ги сметаат за тајна, или преминуваат преку нив како преку нешто безначајно, полни се со утеха и со поуки за оној што се поучува во Христовата школа. Една од причините зошто многу теолози не ја сфаќаат појасно Божјата реч е таа што ги затвораат очите пред вистините што не сакаат да ги спроведуваат во својот живот. Разбирањето на библиските вистини не зависи толку од интелектуалната моќ на оној што проучува колку од искрените намери и од сериозната желба за праведност.GCMkd 469.2

    Библијата никогаш не смее да се проучува без молитва. Само Светиот Дух може да ни помогне да ја сфатиме важноста на оние работи што лесно можат да се разберат и да не сочува од извртување на оние точки на вистината што тешко се сфаќаат. Службата на небесните ангели се состои во тоа да ги подготват нашите срца за да ја разбереме Божјата реч, да бидеме одушевени со нејзината убавина, предупредени со советите и охрабрени и засилени со ветувањата што се наоѓаат во неа. Молбата на псалмистот: „Отвори ми ги очите за да ја гледам красотата на твојот Закон” (Псалм 119,18), треба да биде и наша молба. Искушенијата често се чинат непреодоливи затоа што се занемарува молитвата и проучувањето на Библијата и што оној кој е подложен на искушение не може веднаш да се сети на Божјите ветувања за да го пречека сатаната со библиското оружје. Но ангелите постојано се наоѓаат околу оние што се подготвени да бидат поучени на божествените работи и во мигот кога имаат голема потреба тие ќе ги потсетат токму на вистините што им се потребни. Така, „кога непријателот ќе надојде како река, Духот Господен ќе го натера на бегство” (Исаија 59,19).GCMkd 469.3

    Исус им ветил на своите ученжци: „А Утешителот, Духот Свети, кого Отецот ќе го прати во мое име, Тој ќе ве научи на се и ќе ве потсети на се што ви зборував” (Јован 14,26). Но Христовата наука мора порано да се втисне во нашето сеќавање за Божјиот Дух да може во мигот на опасност да не потсети на неа. „Во срцето свое ја затворив речта твоја”, рекол Давид, „за да не ти грешам” (Псалм 119,11).GCMkd 469.4

    Сите што го ценат своето вечно добро треба да внимаваат да не паднат во сомневање. Нападите ќе бидат насочени кон основните столбови на вистината. He е можно да останеме поштедени од подбивањето, од мудроштините и лажните, примамливи науки на модерното неверство. Сатаната ги прилагодува своите искушенија кон сите сталежи. Необразованите ги напаѓа со подбивање и исмевање, додека пред образованите истапува со научни забелешки и со филозофско мудрување, еднакво пресметано да предизвика недоверба или потценување на Светото писмо. Дури и младината, која има малку искуство, се осмелува да се сомнева во основните начела на христијанството. И ова неверување на младите, колку и да е површно, има свое влијание. Мнозина на овој начин се заведени така што го исмеваат верувањето на своите родители и го презираат Духот на милоста (Евреите 10,29). Многу животи што ветувале дека ќе му бидат на чест на Бога и на светот на благослов се уништени со затруениот дух на безбожноста. Сите што се потпираат врз фаленичките заклучоци на човечкиот разум и вообразуваат дека можат да ги протолкуваат божествените тајни, и без помош на Божјата мудрост да ја дознаат вистината, се сплеткале во мрежата на сатанските стапици.GCMkd 470.1

    Ние живееме во најсвечениот отсек од историјата на овој свет. Судбината на човештвото кое живее на оваа земја набргу треба да се реши. Нашето лично идно добро, а исто така и спасението на другите души, зависи од патот по кој ќе појдеме сега. Потребно е да не води Духот на вистината. Секој Христов следбеник треба сериозно да се праша: „Господе, што сакаш да правам?” Ние треба да се понизиме пред Бога со пост и молитва и многу да размислуваме за неговата Реч, а особено за настаните поврзани со судот. Сега треба да бараме длабоки и живи искуства со Бога. He смееме да загубиме ниту еден миг. Околу нас се одигруваат настани од најголема важност: ние се наоѓаме на сатанска маѓепсана почва. He спијте, Божји стражари! Непријателот е близу и демне, подготвен секој миг да скокне врз вас и да ве стори свој плен, само ако ви падне духот и ако задремете.GCMkd 470.2

    Мнозина се измамени во врска со својата вистинска положба пред Бога. Тие се задоволни со себе што не направиле лоши дела, а забораваат на добрите и благородни дела што ги бара Бог од нив, а што занемариле да ги направат. He е доволно тие да се дрвја во Божјата градина. Бог очекува од нив плод. Тој ги прогласува за одговорни за сите добра што можеле да ги направат со негова милост а не ги направиле. Во небесните книги тие се запишани како луѓе што и пречат на земјата. Но дури и нивниот случај не е сосем без надеж. За тие што не ја ценат Божјата љубов и ја злоупотребуваат неговата милост, срцето на Љубовта кое долго трпи се уште се моли. „Затоа вели: ‘Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите и Христос ќе те осветли!4 И затоа, внимавајте како живеете, зашто дните се зли” (Ефесците 5,14-16).GCMkd 470.3

    Кога ќе настапи времето за проверка, ќе се покажат тие што ја прифатиле Божјата реч како свое правило на животот. Преку лето не се гледа разлика меѓу зимзелените и другите дрвја, но кога ќе настапат зимските луњи, зимзелените дрвја остануваат неизменети, додека другите дрвја ги губат лисјата. Така и сега, божемните христијани не се разликуваат од вистинските христијани, но токму пред нас е време кога ќе се покаже разлика. Нека се подигнат противниците, нека се распали пак верскиот фанатизам и нетрпеливост, нека настанат прогонства - полухристијаните и лицемерите ќе се поколебаат и ќе се откажат од својата вера, a вистинскиот христијанин ќе стои цврсто како карпа со посилна вера и со посветла надеж отколку во деновите на благосостојба.GCMkd 471.1

    Псалмиетот кажува: „Размислувам за твоите сведоштва.” „Со твоите заповеди станав разумен, затоа ги мразам сите лажни патишта” (Псалм 119,99.104).GCMkd 471.2

    „Блазе на човека кој се здобил со мудрост.” „Тој е сличен на дрво посадено крај вода што ги насочува корењата кон потокот; тоа не знае кога настанува припек; лисјата му се зелени. Во време на суша не се плаши и не престанува да дава плод” (Мудри изреки 3,14; Еремија 17,8).GCMkd 471.3

    *****

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents