Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

ГОЛЕМАТА БОРБА

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    15—БИБЛИЈАТА И ФРАНЦУСКАТА РЕВОЛУЦИЈА

    _______________

    Во шеснаесеттиот век реформацијата, која на народот му ја дала Библијата, настојувала да навлезе во сите европски земји. Некои народи со радост ја поздравиле како небесен весник. Во други земји на папството му успеало во значителна мера да и го спречи навлегувањето; така таму светлината на библиското спознание со нејзиното благословено влијание била речиси сосем угасната. Во една земја, во која влегла светлината, поради темнината не била прифатена. Со векови вистината и лагата се бореле за превласт. Најпосле победило злото и небесната вистина била протерана. „А судот се состои од ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од Свтелината” (Јован 3,19). Но целиот овој народ морал да ги жнее последиците на својот избор. Моќната сила на Божјата заштита го напуштила народот што го презрел неговиот дар на милоста. Бог дозволил злото да узрее и цел свет ги видел последиците на свесното отфрлање на вистината.GCMkd 206.1

    Борбата што се водела во Франција со векови против Библијата постигнала врв во сцените на револуцијата. Овој страшен потрес бил неизбежна последица на задушувањето на Божјата реч од страна на Рим (види: Додаток). Тоа претставува крај на папската политика, неминовен резултат на илјадагодишното учење на Римската црква. Пророците преткажале дека папството ќе забранува да се чита Светото писмо, а Откровението упатува на ужасните последици на власта на „човекот на беззаконието”, што ќе ја погодат особено Франција.GCMkd 206.2

    Ангелот Господен кажал: „Тие ќе го газат светиот град четириесет и два месеца. И ќе им дадам на двајца мои сведоци, облечени во струнени вреќи, да пророкуваат илјада двесте и шеесет дни... И кога ќе го завршат своето сведоштво, ѕверот кој ќе излезе од бездна, ќе завојува против нив, ќе ги победи и ќе ги убие. Нивните мртви тела ќе лежат на улицата на големиот град кој духовно се нарекува Содом и Египет, каде што и нивниот Господ беше распнат... Притоа жителите на земјата ќе се радуваат и ќе се веселат поради нивната смрт и ќе си праќаат дарови еден на друг, зашто тие двајца пророци ги измачуваа жителите на земјата. И по три и пол дена, во нив влезе животворен дух од Бога, па застанаа на своите нозе, а голем страв ги обзеде оние што ги гледаа” (Откровение 11,2-11).GCMkd 206.3

    Овде споменатите временски отсеци од „четириесет и два месеца” и „илјада двесте и шеесет дни” означуваат ист временски период и го претставуваат времето во кое Божјата црква била прогонувана од страна на Рим. Илјада двесте и шеесетте години на папската превласт почнуваат во 538 година по Христа и, според тоа, завршуваат во 1798 година. Во тоа време француската војска влегла во Рим, го заробила папата и го одвела во изгнанство каде што умрел. Од тоа време, иако наскоро бил избран нов папа, папството никогаш веќе не ја повратило онаа власт што ја имало порано.GCMkd 207.1

    Прогонството на Божјата црква не траело до крајот на временскиот отсек од 1260 години. Од милост кон својот народ, Бог го скратил времето на неговото страшно искушение. Во своето пророштво за „времето на неволјата” што ќе ја зафати црквата, Исус рекол: „И ако не се скратат тие дни, не ќе се спаси ниту еден.GCMkd 207.2

    Но заради избраните, тие дни ќе бидат скратени” (Матеј 24,22). Благодарение на влијанието на реформацијата, прогонството престанало малку пред 1798 година.GCMkd 207.3

    Што се однесува до двајцата сведоци, пророкот понатаму изјавува: „Тие се двете маслинови дрвја и двата светилника кои стојат пред Господарот на земјата.” „Твојата реч”, рекол псалмистот, „им е светилка на моите стапала, светлина на мојата патека” (Откровение 11,4; Псалм 119,105). Двајцата сведоци го претставуваат Светото писмо - Стариот и Новиот завет. Двајцата се важно сведоштво во врска со потеклото и трајноста на Божјиот закон. Двајцата се сведоци во прилог на планот на спасението. Симболите, жртвите и пророштвата на Стариот завет упатуваат на Спасителот кој требало да дојде. Евангелијата и посланијата на Новиот завет зборуваат за Спасителот кој дошол токму онака како што го преткажале пророштвата и симболите.GCMkd 207.4

    „Тие ќе пророкуваат илјада двесте и шеесет дни облечени во вреќи.” Најголем дел од тој временски отсек Божјите сведоци морале да поминат во темнина. Папската власт настојувала да ја скрие од народот Речта на вистината и му дала лажни сведоци да го побиваат нејзиното сведоштво (види: Додаток, забелешка за 54. страница). Кога Светото писмо било забрането од страна на граѓанските и религиозните власти; кога неговите сведоштва биле изопачувани и кога луѓето и демоните се здружиле да ги одвојат човечките срца од Библијата; кога оние што се осмелиле да ги проповедаат нејзините свети вистини биле гонети, предавани, малтретирани и закопувани во мрачни затворски ќелии, измачувани поради верата или присилувани да бегаат во засолништа по горите, по клисурите и пештерите - тогаш двајцата верни сведоци пророкувале облечени во вреќи. Тие сепак ја вршеле својата служба во текот на целиот временски отсек од 1260 години. Во најмрачниот период имало верни сведоци кои ја љубеле Божјата реч и ревнувале за Божјата слава. Овие верни слуги примиле мудрост, сила и власт да ја објавуваат Божјата вистина во текот на целиот тој временски отсек.GCMkd 207.5

    „Ако некој сака да им напакости, оган ќе излезе од нивната уста и ќе ги проголта нивните непријатели; и ако некој сака да им напакости, ќе мора така да биде убиен” (Откровение 11,5). Луѓето не можат неказнето да ја газат Божјата реч. Значењето на овие страшни закани ни е откриено во последната глава на Откровението: „Јас му сведочам секому кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој им додаде нешто, Бог ќе му додаде од маките опишани во оваа книга. А ако некој одземе нешто од зборовите на книгава на ова пророштво, Бог ќе му го одземе неговиот дел од дрвото на животот и од светиот град, кои се опишани во оваа книга” (Откровение 22,18.19).GCMkd 208.1

    Такви опомени Бог дал за да ги одврати луѓето од обидот на кој и да е начин да го изменат она што го открил или што го заповедал Тој. Овие свечени закани се однесуваат на сите кои со своето влијание ги поттикнуваат луѓето да го омаловажуваат Божјиот закон. Тие би требало да ги исполнат со страв сите што тврдат дека им е се едно дали го држиме или не го држиме Божјиот закон. Страшна одговорност преземаат на себе сите што го превознесуваат своето мислење над божественото откровение, кои ја менуваат јасната смисла на Светото писмо за да си угодат себеси или да се прилагодат кон светот. Пишаната Реч, Божјиот закон, ќе биде мерило според кое ќе се мери карактерот на секој човек; сите кои тоа непогрешно мерило ќе ги пронајде виновни, ќе бидат осудени.GCMkd 208.2

    „Кога ќе го завршат своето сведоштво.” - Временскиот отсек, во кој овие двајца сведоци сведочеле облечени во вреќи, завршува 1798 година. При крајот на нивното сведочење во мракот, објавена им е војна од страна на „ѕвер кој излегува од бездна”. Сатаната преку папството со векови управувал со граѓанските и со црковните власти на многу европски народи. Но овде доаѓа до израз нов облик на сатанската сила.GCMkd 208.3

    Под изговор дека тоа го бара Библијата, политика на Рим секогаш била Божјата реч да ја држи запечатена на непознат јазик и скриена од народот. За време на неговата власт, двајцата сведоци преткажувале „облечени во вреќи”. Но требало да се појави друг ѕвер - ѕвер од бездна - и да почне отворена војна против Божјата реч.GCMkd 208.4

    „Големиот град”, на чиишто улици биле убиени двајцата сведоци и каде што лежеле нивните тела, е наречен во духовна смисла „Египет”. Од сите народи за кои не известува библиската историја, Египет најбезочно се откажувал од Божјето постоење и се противел на неговите заповеди. Ниеден крал не се осмелил да подигне толку отворен и дрзок бунт против небесниот авторитет како што го сторил тоа египетскиот фараон. Кога Мојсеј му донел порака од Бога, тој горделиво одговорил: „Кој е Господ за да го послушам неговиот глас и да ги пуштам синовите Израелови? He го познавам Господа, ниту ќе го пуштам Израел” (2. Мојсеева 5,2). Тоа е безбоштво; и народот, претставен овде со Египет, исто така ќе одбие да ги признае Божјите барања и ќе покаже ист дух на неверство и пркос. „Големиот град” исто така во духовна смисла е „Содом”. Расипаноста на Содом во престапувањето на Божјиот закон се открила посебно во развратот. Тој грев ќе биде главен белег на народот што ќе го исполни тоа пророштво.GCMkd 209.1

    Од пророчката Реч заклучуваме дека малку пред 1798 година ќе се појави една власт со сатанско потекло и карактер, која ќе и објави војна на Библијата. Во земјата каде што сведоштвото на двајцата Божји сведоци ќе биде замолкнато, ќе видиме како се зацврстува безбоштвото на фараонот и развратот на Содом.GCMkd 209.2

    Ова пророштво најточно и најочигледно се исполнило во историјата на Франција. За време на револуцијата 1793 година „светот првпат слушнал дека едно собрание на луѓе, родени и воспитани во цивилизирана земја, кое си го зема правото да управува со еден од најотмените народи на Европа, сложно го подига својот глас откажувајќи се од најсвечената вистина и ја отфрла верата во Бога и неговото богослужение” (Sir Walter Scott, Life of Napoleon, vol. 1, ch. 17). „Франција e единствена нација на светот за која се сочувани автентични извештаи дека како нација подигнала рака против Творецот на вселената... Постоел, и се уште постои, голем број богохулници и неверници во Англија, во Германија, во Шпанија и на други места, но Франција зазема посебно место во светската историја како единствена држава која со одлука на своето законодавно собрание прогласила дека Бог не постои, и каде што поголемиот дел од населението на главниот град и на провинцијата, тој декрет го примил со посебна радост” (Blackwood’s Magazine, November, 1870).GCMkd 209.3

    Франција исто така покажала карактер што бил посебен белег на Содом; за време на револуцијата можела да се забележи состојба на морално пропаѓање и разврат слична на онаа што им донела пропаст на Содом и Гомор. За безбоштвото и развратот на Франција историчарите зборуваат точно онака како што го преткажало тоа пророштвото. „Во тесна врска со овие закони против религијата е и законот кој брачната врска - најсветиот завет меѓу две човечки суштества, чијашто постојаност е неопходно потребна да се сочува општеството - ја сведува на степен на обичен привремен граѓански договор, кој можат две лица по волја да го склучат и да го раскинат... Кога демоните би си поставиле себеси цел да уништат се што е чесно, убаво и трајно во семејниот живот и да воспостават зло што ќе премжнува од поколение на поколение, не би можеле да пронајдат подобар план отколку да му ја одземат честа на бракот... Софија Арнолд, глумица, прочуена по својата духовитост, слободниот брак го нарекла ,сакрамент на блудот’” (Scott, vol. 1, eh. 17).GCMkd 209.4

    „Каде што беше распнат нивниот Господ” (Откровение 11,8). Оваа подробност на пророштвото исто така се исполнила во Франција. Ниту во една земја не се открил на поочигледен начин дух на непријателство против Христа. Никаде вистината не наишла на поогорчено противење отколку овде. Со прогонствата што ги подигала против сведоците на евангелието, Франција го распнала Христа во личноста на неговите ученици.GCMkd 210.1

    Со векови се пролевала крв на светите. Додека валденжаните на горите на Пиемонт го давале својот живот „за речта Божја и за сведоштвото на Исуса Христа”, француските албигензи поднесувале исти жртви од исти причини. Во деновите на реформацијата нејзините следбеници се погубувани со страшни мачења. Кралот и благородниците, жените од висок род и нежни девојки, гордоста и витезите на нацијата, се насладувале со претсмртните страдања на Христовите ученици. Храбрите хугеноти ја пролевале својата крв на многу бојни полиња, борејќи се за она што му е најмило на човечкото срце: за слобода на совеста. Протестантите се ставени надвор од законот, нивните глави се уценувани и биле прогонувани како диви ѕверови.GCMkd 210.2

    „Црква на пустината” се нарекувале мал број потомци на старите христијани кои постоеле во Франција во осумнаесеттиот век и се криеле по плакините на југ за да ја сочуваат верата на своите татковци. Кога се осмелувале да се состануваат по планините или на осамени пусти места ноќе, ги прогонувале војниците на Луј XIV и ги одведувале на доживотна робија на галии. Најдобрите, најблагородните и најобразованите Французи често биле оковани заедно со разбојници и убијци, поднесувајќи најстрашни маки (види: Wylie, b. 22, ch. 6). Други, со кои се постапувало малку почовечно, ладнокрвно биле стрелани кога, невооружени и немоќни, паѓале на колена да се молат. Стотици стари мажи, незаштитени жени и невини деца, се убивани на местото каде што се собирале. Оној што би поминувал низ падините на планините или низ шумите, каде што обично се собирале, не било ништо необично да „наиде на секои четири чекори на лешеви во тревата или на мртви тела обесени на дрвјата”. Нивната земја, опустена со меч, со секира и со ломачи, „била претворена во голема, мрачна пустжна”. „Овие стравотии не се случувале во некое темно минато, туку во времето на сјајното владеење на Луј XIV. Тоа бил век кога знаењето напредувало, литературата цутела и кога теолозите на дворот и на престолнината биле образовани и речити и кои радо се прикажувале како кротки и великодушни” (Исто, b. 22, ch. 7).GCMkd 210.3

    Ho најцрното недело на црната листа на злосторствата, најстрашното пеколно дело што го забележала историјата, бил Вартоломејскиот колеж. Светот уште се згрозува и со ужас си спомнува за оној подол и свиреп колеж. По наговор на свештениците и црковните прелати, францускиот крал го одобрил злосторството. Ѕвоното на една црква на полноќ дало морничав знак за колежот. Илјадници протестанти, кои мирно спиеле во своите домови, сигурни во чесниот збор на кралот, биле извлечени од своите домови и ладнокрвно убиени.GCMkd 211.1

    Како Христос што бил невидлив водач на својот народ кога го изведувал од египетското ропство, така и сатаната бил незабележан водач на своите приврзаници во овој страшен колеж. Во Париз колежот траел седум дена, а првите три дена со неискажлив бес.GCMkd 211.2

    He се ограничил само на престолнината; по заповед на кралот се раширил низ сите провинции и градови каде што живееле протестантите. He се гледало на староста ниту на полот. He биле поштедени ниту невините деца ниту седите старци. Благородници и селани, младо и старо, мајки и деца - заедно биле убивани. Колежот продолжил во цела Франција и траел полни два месеца. Загинале околу седумдесет илјади луѓе - цутот на нацијата.GCMkd 211.3

    „Кога веста за тоа злосторство етигнала во Рим, свештенството триумфирало од радост. Кардиналот лоренски го наградил весникот со илјада круни. Од тврдината Св. Ангела грмнал топ со радосен поздрав. Од сите ѕвоници се огласиле ѕвоната, факлите на славјето ноќта ја претвориле во ден, а Гргур XIII, придружуван од кардиналите и од други црковни великодостојници, повел сјајна процесија во црквата Свети Луј, каде што лоренскиот кардинал го отпеал Те deum Landamus... Искована е спомен-медалја како спомен на колежот, а во Ватикан и денеска можат да се видат три Васариеви фрески на кои се гледа нападот на адмиралот Колини, кралот како во дворскиот совет го приготвува колежот и самиот колеж. Гргур XIII му пратил на Карло IX златен трендафил, а четири месеци по колежот... тој слушал проповед на еден француски свештеник кој зборувал за оној свет и радосен ден кога светиот отец ја примил веста за колежот и отишол во свечена поворка да му заблагодари на Бога и на свети Ј1уј” (Henry White, The Massacre of St. Bartholomew, ch. 14, par. 34).GCMkd 211.4

    Истиот сатански дух, кој го предизвикал колежот за време на Вартоломејската ноќ, бил водач и во страшните сцени на револуцијата. Исус Христос е прикажуван како измамник, и ОПТ1ТТ извик на француските безбожници бил: „Да го столчиме никаквецот”, односно Христа! Богохулството и развратот оделе рака под рака, а најподлите луѓе, чудовишта на свирепоста и порокот, сега биле најмногу извишувани. Во се на сатаната му е укажувана најголема чест, додека Христос, олицетворението на вистината, на чистотата и несебичната љубов, бил распнуван.GCMkd 212.1

    „Тогаш ѕверот што излегува од бездна ќе им објави војна, ќе ги победи и ќе ги убие.” Безбожната сила што владеела во Франција за време на револуцијата и за време на теророт, повела таква војна против Бога и против неговата света Реч, каква што светот никогаш не видел. Народното собрание ги забранило богоелуженијата. Библиите биле собирани и јавно епалувани со секакви подбиви. Божјиот закон бил погазен. Библиските уредби биле укинати. Седмичниот ден за одмор бил отстранет, а на место него бил одреден секој десетти ден како ден за радост, за забава и оргијање. Крштавањето и причестувањето биле забранети. Со натпиеи, ставени на видни места на гробиштата, било објавено дека смртта е вечен сон.GCMkd 212.2

    Стравот Господен не се сметал веќе за почеток на мудроста, туку за почеток на глупоста. Забрането е секое богослужение, освен богослужението на слободата и татковината. Парискиот бискуп бил повикан да игра главна улога во најбесрамната и најсоблазнивата комедија што кога и да е се одиграла пред едно народно претставништво... Дошол во свештеничка облека да изјави пред Конвентот дека религијата, што ја проповедал толку години, во секој поглед била само свештеничка измислица што нема никаков темел во историјата ниту во светата вистина. Свечено и решително го побил постоењето на Бога, на кого му бил посветен да му служи, и изјавил дека во иднина ќе им служи еамо на слободата, на еднаквоста, на доблеста и моралноста. Потоа ги ставил на масата своите бискупски белези и од претседателот на Конвентот примил братски бакнеж. Некои отпаднати свештеници го следеле примерот на тој прелат” (Scott, vol. 1, ch. 17).GCMkd 212.3

    „Притоа жителите на земјата ќе се радуваат и ќе се веселат поради нивната смрт и ќе си праќаат дарови еден на друг, зашто тие двајца пророци ги измачуваа жителите на земјата.” Неверната Франција го замолкнала гласот на укорот на двајцата Божји сведоци. Речта на вистината лежела мртва на нејзините улици, а оние што ги мразеле ограничувањата и барањата на Божјиот закон сега се радувале. ЈТуѓето јавно го презирале небесниот Цар. Како и некогаш грешниците, тие велеле: „Како може Бог да дознае? Може ли воопшто Севишниот да знае?” (Псалм 73,11).GCMkd 213.1

    Со неверојатна богохулна дрскост, еден од свештениците на новиот ред рекол: „Боже, ако постоиш, одмазди го своето навредено име. Јас те отфрлам; јас те презирам, а ти молчиш. Ти не се осмелуваш да го пуштиш гласот на својот гром. По сето ова, кој уште ќе верува во твоето постоење?” (Lacretelle, History, т vol. 11, р. 309; in Sir Archibald Alison, History of Europe, vol. 1, ch. 10).GCMkd 213.2

    Toa било одглас на зборовите на фараонот: „Кој е Господ за да го послушам неговиот глас? Јас не го знам Господа!”GCMkd 213.3

    „Рече безумникот во срцето: ‘Нема Бог’” (Псалм 14,1). Бог кажува за оние што ја изопачуваат неговата вистина: „Нивното безумие ќе се открие пред сите” (2. Тимотеј 3,9). Откако одбила да му служи на живиот Бог, кој е висок и возвишен”, и „кој живее во вечноста”, Франција паднала во понижувачко идолопоклонство, обожавајќи ја божицата на разумот во лицето на една развратна жена - и тоа во собранието на народните претставници и на нејзините највисоки граѓански и законодавни власти. Еден историчар вели: „Една од безбожните церемонии на ова безумно време е ненадмината по својата глупост. Вратата на Конвентот се отворила пред група музичари придружувани од членовите на општинскиот совет во свечена поворка, пеејќи химна во чест на слободата и придружувајќи го предметот на своето идно обожавање - една жена, завиткана во свила, којашто ја викале ,божица на разумот4. Штом стигнале во салата, веднаш свечено и ја иставиле свилата и ја поставиле од десната страна на претседателот, и во тој миг во неа сите препознале една оперска балетска танчерка... На ова лице, како најпогоден претставник на разумот, на оној разум што сите го почитувале, народното собрание на Франција му оддало јавна почест.GCMkd 213.4

    Оваа безбожна и смешна маскарада станала навика; посветувањето на божицата на разумот се повторувало и се имитирало низ целата земја, особено во оние места каде што жителите сакале да докажат дека и дораснале на револуцијата” (Scott, vol. 1, ch. 17).GCMkd 213.5

    Говорникот кој го најавил обожавањето на разумот, рекол: „Членови на законодавното собрание! Фанатизмот му го отстапи местото на разумот. Неговите матни очи не можеа да го поднесат сјајот на светлината. Денеска огромна маса свет се собра под овие готски сводови кои првпат ја одгласуваат вистината. Овде Франција го изврши единственото вистинско богослужение - славење на слободата, обожавање на разумот. Овде положивме завет за напредок на оружјето на Републиката. Овде ги отфрливме мртвите идоли и го прифативме разумот, го прифативме овој жив лик, ремек-дело на природата” (М. A. Thiers, History of the French Revolution, vol. 2, pp. 370, 371).GCMkd 213.6

    Kora божицата e одведена во Конвентот, претседателот ja зел за рака и, обраќајќи му се на собирот, рекол: „Смртннци, престанете да се тресете пред немоќните громови на Бога кого го еоздал вашиот страв. Од сега немојте да признавате ниту едно друго божество, освен божеството на разумот. Јас ви го претставувам неговиот најблагороден и најчист лик; ако веќе морате да имате идоли, жртви принесувајте само пред вакви каков што е овој... Паѓајте пред ејајниот Сенат на слободата! Поклонете му се на разумот!”GCMkd 214.1

    „Откако претседателот ја прегрнал, божицата седнала во прекрасна кола и, придружувана од радосни извици на големо мноштво, била однесена во катедралата Нотр-Дам, таму да заземе место на божество. Таму била подигната на висок олтар и од сите присутни примила изрази на обожавање” (Alison, vol. 1, ch. 10).GCMkd 214.2

    Набргу потоа настапило јавно спалување на Библијата. Во една таква пригода членовите на здружението на народниот музеј влегле во собранието со извик: „Да живее разумот!” На врвот на еден стап носеле остатоци од книги што се уште чаделе, меѓу кои молитвеници, бревијари и дуги ракописи на Стариот и Новиот завети, кои, како што се изразил претседателот, „во големиот оган испаштале за своите глупости на кои го поттикнувале човечкиот род” (Journal of Paris, 1793, No. 318. Quoted in Buchez-Roux, Collection of Parliamentary History, vol. 30, pp. 200,201).GCMkd 214.3

    Папството почнало дело што сега безбоштвото го довршило. Папската политика создала такви општествени, политички и религиозни околности што Франција ја довеле до работ на пропаста. Писателите, зборувајќи за ужасите на револуцијата, истакнуваат дека овие испади мора да им се стават на товар на круната и црквата (види: Додаток). Поточно, мора да и се припишат на црквата која кралевите ги распалила против реформацијата, прикажувајќи ја како непријател на круната и како причина за нередите, која е опасна за мирот и за единството на народот. На овој начин Рим распирил најодвратна свирепост и најлошо насилство што кога и да е произлегло од некој престол.GCMkd 214.4

    Духот на слободата одел наспоредно со Библијата. Насекаде каде што е примено евангелието, на луѓето им се отворале очите. Почнале да се ослободуваат од оковите на незнаењето, од пороците и од празноверието; почнале да мислат и да работат како луѓе. Кралевите тоа го виделе и почнале да се тресат за својата неограничена власт.GCMkd 215.1

    Рим не пропуштил да ги поттикнува нивните себични стравувања. Во 1525 година папата му рекол на францускиот регент: „Оваа манија (протестантизмот) нема да ја расипе и да ја уништи само религијата, туку и сите поглаварства, племството, законите, редот и сталежите” (G. de Felice, History of the Protestants of France, b. 1, ch. 2, par. 8).GCMkd 215.2

    Неколку години подоцна папскиот нунциј го предупредил кралот: „Ваше величество, немојте да се лажете. Протестантизмот ќе го обори сиот граѓанеки и верски поредок... Престолот е во исто толкава опасност колку и олтарот. Воведувањето на новата религија неминовно ќе создаде нов поредок” (D’Aubigne, History of the Reformation in Europe in the Time of Calvin, b. 2, ch. 36).GCMkd 215.3

    И теолозите поттикнувале предрасуди кај народот, тврдејќи дека протестантската наука „луѓето ги наведува на новотии и глупости; кралевите ги лишува од пожртвуваната љубов на неговите приврзаници и ја опустува црквата и државата.” Така Рим успеал да ја подигне Франција против реформацијата. „Мечот на прогонство најпрво бил извлечен во Франција за да се сочува престолот, законите и благородништвото” (Wylie, b. 13, ch. 4).GCMkd 215.4

    Владетелите не ги предвиделе последиците на оваа кобна политика. Науката на Светото писмо би ги всадила во срцата на луѓето начелата на правдата, умереноста, вистината, еднаквоста и добрината - што се темелен камен на народниот напредок. „Праведноста народот го издигнува.” „Праведниот владетел се гнаси од неправди, зашто власта треба врз правда да се темели.” „Мирот ќе биде дело на правдата, а плод на праведноста - трајно спокојство и надевање” (Мудри изреки 14,34; 16,12; Исаија 32,17). Оној што му се покорува на Божјиот закон исто така ќе ги почитува законите на својата земја. Оној што се бои од Бога, ќе го почитува и владетелот при спроведувањето на неговата праведна и законита власт. Но несреќната Франција ја забранила Библијата и почнала да ги прогонува нејзините ученици. Со векови искрени и чесни луѓе, луѓе посветени и совесни, луѓе од начела, кои имале храброст да го исповедаат своето убедување и да трпат поради верата - работеле како робови на галии, умирале на ломачи или гниеле во мрачни ќелии. Илјадници нашле спасение во бегство; таквата состојба траела уште двесте и педесет години од почетокот на реформацијата.GCMkd 215.5

    „Можеби немало ниту една генерација во Франција во текот на тој долг временски отсек која не би била сведок за тоа како учениците на евангелието бегаат пред бесот на своите прогонувачи. Тие со себе го понеле своето знаење, својата вештина, својата трудољубивост и смисла за ред, во што редовно се истакнувале, и со тоа ги збогатувале земјите што им укажале гостопримство, а сето тоа одело на штета на Франција. Кога сите тие што биле протерани би останале во Франција; кога со своите способности во своите занаети би ја збогатувале својата земја; кога за овие три века нивната вештина во работата би била искористена во разни дејности во татковината; кога нивниот творечки дух и истражувачки ум би ја збогатиле нејзината литература и наука; кога нивната мудрост би управувала со собранијата и нивната храброст би ги раководела битките; кога нивната праведност би создавала закони и кога религијата на Светото писмо би го засилувала умот и би управувала со совеста на нејзиниот народ - колкава би била славата на Франција! Таа денеска би била голема, напредна и среќна земја - пример на другите народи!GCMkd 216.1

    „Но лицемерниот и слеп фанатизам го истерал од земјата секој учител на доблестите, секој борец за ред, секој честит заштитник на престолот; тој им зборувал на луѓето кои сакале и можеле својата земја да ја сторат голема и славна: бирајте што сакате - ломача или изгнанство! Конечно пропаста на земјата била целосна; не останала повеќе ниту една совест да се осуди на смрт; немало повеќе религија што би требало да се спали на ломача, ниту родољуб што би требало да се протера од земјата” (Wylie, b. 13, ch. 20). Co ова била предизвикана револуцијата со сите нејзини стравотии.GCMkd 216.2

    По бегството на хугенотите настанало сеопшто назадување во Франција. Индустриските градови, кои цутеле, почнале да пропаѓаат; плодните области опустеле; по периодот на необичен напредок, настапила умна отапеност и морално опаѓање. Париз станал огромно сиропиталиште и се смета дека пред избувнувањето на револуцијата двесте илјади сиромаси барале милостина од раката на кралот. Само језуитскиот ред цутел среде пропаднатата нација и владеел со страшна тиранија над црквите и над училиштата, над затворите и галиите.GCMkd 216.3

    Евангелието на Франција би и донело решение за оние политички и социјални проблеми што ги осуетила горделивоета на клерот, на кралот и на законодавците и кои најпосле народот го турнале во анархија и пропаст. За несреќа, под власта на Рим луѓето ја загубиле благословената наука на Спасителот која учела на самопрегор и на несебична љубов. Го напуштиле животот на самооткажување за добро на другите. Богатите не чувствувале никаква грижа на совеста поради угнетувањето на сиромасите, a сиромасите биле беспомошни во своето ропство и понижување. Себичноста на богатите и силните станувала се погруба и посвирепа. Со векови растурливото и расипано благородништво ги угнетувало селаните; богатиот го ограбувал сиромавиот, а сиромавиот го мразел богатиот.GCMkd 216.4

    Во многу провинции имотите биле сопственост на благородништвото; работничката класа била само наемник: таа била изложена на милост и немилост на своите господари и морала да ги прифати нивните претерани барања. Товарот за издржување на црквата и државата паѓал врз грбот на средната и пониската класа, кои биле оптоварени со тешки даноци од страна на граѓанската и духовната власт. Самоволието на благородниците се сметало за врховен закон: земјоделците и селаните можеле да умираат од глад, а нивните угнетувачи и да не се осврнат на тоа. Народот бил присилен да внимава исклучиво на интересите на своите господари. Жжвотот на земјоделците бил живот на постојан напор и беда; нивните жалби, кога би се осмелиле да ги изнесат, биле отфрлани со навредлив презир. Судот секогаш стоел на страна на благородниците, а против селаните. Во таков систем на оптттта расипаност судиите можеле јавно да се поткупуваат, а самоволието на благородништвото се сметало за закон. Одвај половината од данокот изнуден од народот стигнувал во државните и црковните благајни; сето друго се растурало во развратни забави. Луѓето, кои на овој начин ги ограбувале своите сонародници, биле ослободени од сите даноци и според законот или обичаите имале право на секоја државна служба. Имало сто и педесет илјади припадници на привилегираниот сталеж, и за да се задоволи нивната растурливост, милиони нивни ближни биле осудени на беден и понижувачки живот (види: Додаток).GCMkd 217.1

    Дворот живеел раскошно и растурливо. Меѓу народот и владетелите владеела недоверба. На сите мерки што ги преземале властите се гледало со недоверба. Повеќе од половина век пред револуцијата на престолот седел Луј XV, кој дури во тие тешки времиња се одликувал со мрзливост, со лекомисленост и со морална расипаност,GCMkd 217.2

    Покрај толку расипаното и свирепо благородништво и осиромашениот и неук нижи сталеж, покрај нередот во државните финансии и огорчениот народ, не било потребно пророчко око за да се предвиди страшната катастрофа што се приближувала. На опомените што му ги упатувале неговите советници, кралот обично одговарал: „Обидете се да се одржи се вака додека живеам јас; a no мојата смрт - нека биде како што мора да бидеПопусто се укажувало на потребата од реформа. Кралот го видел злото, но немал ниту храброст ниту сили да го спречи. Судбината што ја чекала Франција, најдобро е прикажана во неговиот рамнодушен и себичен одговор: „По мене - потоп!”GCMkd 217.3

    Користејќи ја зависта на кралевите и на владеачкиот сталеж, Рим влијаел врз нив да го држи народот во ропство, знаејќи добро дека на тој начин државата ќе ослаби и дека така ќе може да им ја наметне својата власт и на владетелите и на народот, Водејќи далекусежна политика, научил дека, ако сака луѓето да ги направи робови, мора да ги окове во синџири нивните души и дека најсигурен начин да го осуети нивното ослободување од ропството е да ги направи неспособни да живеат во слобода. Моралното понижување, како последица на таа политика, било илјадапати поужасно отколку физичките страдања. Без Библијата, воспитуван во дух на фанатизам и себичност, народот се подлабоко тонел во незнаење, во празноверие и пороци, и станал сосем неспособен да владее со себеси.GCMkd 218.1

    Сепак, резултатот на сето тоа бил сосем поинаков од она што го очекувал Рим. Наместо да ги задржи масите со своите догми во слепа покорност, од нив направил неверници и револуционери, Овие го презреле католицизмот како папска измиелица, а свештенството го сметале одговорно за своето угнетување. Единствен бог што тие го познавале бил богот Рим. Римската наука била нивна единствена религија. Лакомството и свирепоста на Рим ги сметале за природен плод на Библијата и затоа не сакале ништо да знаат за неа.GCMkd 218.2

    Рим лажно го претставил карактерот на Бога и ги изопачил неговите барања; затоа луѓето сега ја отфрлиле и Библијата и нејзиниот Автор. Во име на Светото песмо Рим барал слепа вера во своите догми. Како реакција на тоа, Волтер и неговите истомисленици потполно ја отфрлиле Божјата реч и насекаде ширеле отров на неверство. Рим го газел народот со железни нозе, а сега масите, понижени и тероризирани, како одговор на насилството, отфрлиле секое ограничување. Гневен што толку долго и се клањал на една блескотна измама, народот ги отфрлил заедно и вистината и заблудата. Сметајќи ја необузданоста за слобода, робовите на пороците ја славеле својата божемна слобода.GCMkd 218.3

    Во почетокот на револуцијата, со кралско одобрение народот во Народното собрание добил претставништво кое бројно го надминувало свештенството и благородништвото. Така власта преминала во рацете на народот, но тој не знаел да ја употреби мудро и умерено. Сакајќи што побргу да ги исправи неправдите што ги претрпел, веднаш решил да го измени општественото уредување. Навредениот народ, чииптто мисли биле полни со горчина и со спомени од старите неправди, решил да го урне неподносливиот поредок и да им се одмазди на оние што ги сметал како причина за своите страдања. Угнетуваните ја користеле поуката што ја научиле од тираните: станале угнетувачи над оние што ги угнетувале до тогаш нив.GCMkd 218.4

    Несреќната Франција во крв ја жнеела жетвата на посеаното семе. Страшни биле последиците на нејзиното робување на Рим. Онаму каде што Франција, под влијание на папството, во почетокот на реформацијата ја подигнала првата ломача, подоцна револуцијата ја подигнала првата гилотина. На истото место, каде што во шеснаесеттиот век се спалувани првите маченици на протестантската вера, во осумнаесеттиот век погубени се под гилотина првите жртви на народната одмазда. Отфрлајќи го евангелието што би и донело исцелување, Франција ширум им ја отворила вратата на неверството и пропаста. Кога биле отфрлени ограничувањата на Божјиот закон, се покажало дека човечките закони се недоволни да ги задржат моќните бранови на човчките страсти. Меѓу народот завладеал дух на бунт и анархија. Војната против Библијата обележала еден период кој во историјата е познат како „власт на терор”. Мирот и среќата се протерани од огништата и од срцата на луѓето. Никој не бил сигурен. Оној кој денеска триумфирал, утре веќе бил осомничен и осуден. Неограничено завладеале насилство и расипаност.GCMkd 219.1

    „Кралот, свештенството и благородништвото биле присилени да ги поднесат свирепоетите на разјарениот и гневен народ. Неговата жед за одмазда уште повеќе пораснала со убиството на кралот и оние што заповедале кралот да се убие, набргу пошле по него под гилотина. Решено е да се погубат сите што биле осомничени како непријатели на револуцијата. Затворите биле преполни; едно време во нжв имало над двесте илјади затвореници.GCMkd 219.2

    Во градовите на кралството се случувале страшни сцени. Една револуционерна партија се дигала против друга, и Франција се претворила во големо поприште на судири меѓу народните маси со кои завладеал бесот на нивните страсти. Во Париз избувнувале чести востанија, а граѓаните биле поделени во различни партии кои, како што се чинело, оделе до меѓусебно истребување.GCMkd 219.3

    А злото да биде уште поголемо, Франција се вплеткала во долга и тешка војна со големите сили на Европа. Земјата била речиси уништена. Војската се бунела против неисплатените плати. Парижаните умирале од глад, провинциите ги пустеле разбојници, а цивилизацијата речиси згаснала во анархија и разврат.”GCMkd 219.4

    Народот мошне добро ги научил лекциите на свирепоста и измачувањата на кои Рим толку трудољубиво го учел. Најпосле дошол денот за одмазда. Сега не биле веќе фрлани во затвори или водени на губилишта учениците на Исуса Христа. Тие одамна изгинале, или биле протерани од татковината. Свирепиот Рим сега ја почувствувал смртоносната сила на оние што ги воспитувал да уживаат во крвопролевањето. „Примерот на гонење што го давал клерот на Франција во текот на толку векови, сега се свртел со сета тежина против него. На гилотините се пролевала крв на свештениците. Галиите и затворите, некогаш полни со хугеноти, сега биле полни со нивните прогонувачи. Оковани за своите седишта и напорно веслајќи, римските свештеници ги преживувале сите маки што толку радо им ги задавале на кротките ‘еретици’” (види: Додаток).GCMkd 220.1

    „Потоа настапиле денови кога биле применувани најсвирепите закони од страна на најнечовечните судови - кога човекот не можел да го поздрави својот сосед или да се помоли, а со тоа да не се изложи на опасност дека сторил смртен престап; кога на секое ќоше на улиците се притајувале шпиони; кога секое утро гилотината била мошне зафатена; кога затворите биле полни како просториите на бродот натоварен со робови; кога низ каналите на Сена течела пенлива човечка крв... Додека секој ден низ улиците на Париз помжнувала кола натоварена со жртви кон губилиштето, проконзулите што ги пратил Конвентот во департманите вршеле насилства што ги надминувале дури и оние во престолнината. Ножот на смртоносната машина се дигал и паѓал премногу бавно, не можејќи да фати чекор со делото на погубување. Долги редови затвореници се убивани со плотуни. Потопувани се бродови преполни со несреќните жртви. Лион се претворил во пустина. Во Арас затворениците биле лишени и од свирепата милост на брза смрт. По должината на реката Лоара, од Самир до морето, големи јата врани и јастреби славеле гозба над голи лешеви, испреплетени во положби кои влевале одвратност. Никаква милост не се укажувала ниту кон полот ниту кон годините. Бројот на седумнаесетгодишните момчиња и девојки, што ги погубила оваа опачна власт, се качувал на стотици. Јакобинците фрлале на копја малечки деца што ги оттргнале од мајчините гради” (види: Додаток). Во краток период од десет години убиено е големо мноштво човечки суштества.GCMkd 220.2

    Сето тоа се одигрувало според желбата на сатаната; тој со векови се стремел да го постигне тоа. Неговата тактика, од no- четок до крај, се засновува на измама, а негова непроменлива намера е човечкото семејство да го струполи во најголема беда, да го осрамоти и да го оскверни Божјето дело, да ги осуети неговите намери на милоста и љубовта и на тој начин да предизвика жалост на небото. Потоа, со помош на своите подли измами, го заслепува умот на луѓето и ги доведува дотаму злото, што е негово дело, да му го припишуваат на Бога, како сите несреќи да ги планира Творецот. Тој долго ги понижува и ги малтретира жртвите со својата свирепа моќ, и кога тие ќе извојуваат слобода, тој ги поттикнува да вршат испади и ѕверства. Тогаш тираните и угнетувачите таа слика на незауздана распуштеност ја користат како божемен пример за да укажат на тоа какви последици донесува слободата.GCMkd 220.3

    Ако измамата биде откриена во еден вид, тогаш сатаната ја облекува во друга облека, и мнозинството луѓе ја прифаќаат исто толку алчно како и порано. Кога народот сфатил дека римското учење е измама, и кога сатаната не можел повеќе со тоа средство да ги наведе луѓето да го кршат Божјиот закон, тогаш ги поттикнал секоја вера да ја сметаат за измама, а Библијата за бајка. Народот го отфрлил божествениот закон и се предал на незауздано беззаконие.GCMkd 221.1

    Кобна грешка, која на Франција и донела толку несреќи, била непочитувањето на големата вистина дека вистинската слобода се наоѓа во почитувањето на Божјиот закон. „О да беше ги слушал моите заповеди! Твојот мир ќе беше као река, и твојата правда како морски бранови.” „А за грешните нема мир, вели Господ.” „А кој мене ме слуша, ќе живее под закрила, спокоен и без да се плаши од злото” (Исаија 48,18.22; Мудри изреки 1,33).GCMkd 221.2

    Безбожниците, неверниците и отпадниците од верата се противеле на Божјиот закон и го отфрлале, но последиците на нивното влијание докажале дека напредокот на човештвото зависи од послушноста кон Божјите уредби. Оние што не сакаат да ја нучат оваа вистина од Божјата книга, повикани се да ја научат од историјата на народите.GCMkd 221.3

    Кога сатаната се служел со Римската црква да ги одврати луѓето од патот на послушноста, неговата рака била толку вешто скриена и неговата работа така маскирана, што изопачувањето и бедата што ги предизвикал тој не се сметани за плод на престапот. Но со дејствувањето на Светиот Дух неговата моќ била ограничена во толкава мера, што неговите намери не можеле да узреат и да донесат свој целосен плод. Народот не ги поврзал последиците со причината и не можел лесно да открие што го довело во таква жална состојба. Во текот на револуцијата Народното собрание отворено го отфрлило Божјиот закон, а за време на теророт што настапил потоа, секој можел да ја види вистинската врска меѓу причината и последиците.GCMkd 221.4

    Кога Франција јавно се откажала од Бога и ја отфрлила Библијата, безбожниците и духовите на темнината се радувале што најпосле ја постигнале толку саканата цел - да ја видат земјата ослободена од ограничувањата на Божјиот закон, „Бидејќи нема веднаш осуда за лошите дела, човечкото срце се стреми кон беззаконие” (Проповедник 8,11). Но престапувањето на еден праведен и свет закон нужно повлекува по себе страдање и пропаст.GCMkd 222.1

    Иако казната не доаѓа веднаш по престапот, сепак е сигурно дека таа не изостанува. Вековите на отпадот и злосторствата собирале гнев за денот на одмаздата, и кога се наполнила мерката на нивното беззаконие, презирачите на Бога доцна сфатиле колку е страшно кога ќе се потроши Божјето трпение. Божјиот Дух, кој ја зауздува свирепата сатанска сила, во голема мера се повлекол, и оној што ужива во страдањата на луѓето можел да работи по своја волја. Оние што избрале патека на бунт, набргу ги жнееле нејзините плодови, додека земјата се наполнила со злосторства премногу страшни за перото да може да ги опише. Од опустените покраини и разурнати градови се слушнал страшен крик - крик на очај. Франција се затетеравила како да ја потресол силен земјотрес. Верата, законот, општествениот поредок, семејството, црквата и државата - сето тоа е урнато со безбожната рака што се подигнала против Божјиот закон. Вистинити се зборовите на мудриот проповедник: „Нечестивиот ќе падне поради својата нечесност.” „Но дури и ако грешникот кој извршил стотици злодела поживее долго, јас знам дека сепак им е подобро на богобојазливите Byre - на оние кои го почитуваат Бога. А злосторниците нема да минат добро” (Мудри изреки 11,5; Проповедник 8,12.13). „Зашто, мудроста ја мразевте, верата во Господа ја отфрливте... Затоа, ќе си ги берете плодовите на своите постапки, ќе се давите во своите совети” (Мудри изреки 1,29-31).GCMkd 222.2

    Иако богохулната сила, „која излегува од бездна”, ги погубила Божјите верни сведоци, сепак, тие нема долго да оетанат замолкнати. „И по три и пол дена, во нив влезе животворен дух од Бога, па застанаа на своите нозе, а голем страв ги обзеде оние што ги гледаа” (Откровение 11,11). Во 1793 година француското Народно собрание изгласало укинување на христијанската вера и забрана на Светото писмо. Три и пол години подоцна истото Собрание ја укинало својата поранешна одлука и пак it дало слобода на Библијата. Светот бил вцашен од поплавата на злото што се појавило како последица на отфрлањето на Божјата реч и луѓето ја увиделе потребата од вера во Бога и во неговата Реч како темел на добродетелите и моралот. Господ кажал: „Кого ти го прекоруваше и навредуваше? Против кого го подигна гласот и ги крена толку високо своите очи? Против Светецот Израелов” (Исаија 37,23). „Затоа, еве, јас ќе ги научам сега, ќе им ја покажам својата рака и својата сила, па ќе познаат дека името мое е Господ” (Еремија 16,21).GCMkd 222.3

    За двајцата сведоци пророкот понатаму кажува: „И се чу силен глас од небото, кој им велеше: ‘Дојдете ваму rope! ‘ И отидоа rope на небо, во облак, а нивните непријатели ги гледаа” (Откровение 11,12).GCMkd 223.1

    Откако Франција им објавила војна на двајцата сведоци, тие се почитувани повеќе од кога и да е порано. Во 1804 година основано е Британското библиско здружение. На европскиот континент се основани слични здруженија со многубројни филијали (види: Додаток). Во 1816 година основано е Американско библиско здружение. Кога било основано Британското библиско здружение, тогаш Библијата е печатена на педесет јазици. До денеска таа е преведена на повеќе стотици јазици и дијалекти.GCMkd 223.2

    Во текот на педесетте години, што и претходеле на 1792 година, малку внимание и се обрнувало на странската мисија. He било основано ниедно ново здружение и малку цркви воделе сметка за проповедање на евангелието меѓу незнабошците. Но кон крајот на осумнаесеттиот век настапила голема промена. Луѓето не се задоволувале веќе со резултатите на рационализмот и почувствувале потреба од божествено откровение и од вера што произлегува од лично искуство. Од тоа време мисијата во странските земји тргнала напред како никогаш порано (види: Додаток).GCMkd 223.3

    Усовршувањето на графичката вештина многу придонело за ширење на Библијата. Зголемени се можностите за сообраќај меѓу различни земји, отстранети се старите пречки, предрасудите или претераниот национализам, сломот на светската власт на папата - што го отворило патот за ширење на Библијата во светот. Многу години на ред Библијата слободно се продава на улиците на Рим, а сега веќе е однесена во сите населени делови на земјината топка.GCMkd 223.4

    Неверниот Волтер, фалејќи се, еднаш рекол: „Уморен сум постојано да слушам дека христијанската религија ја основале дванаесет луѓе. Јас ќе докажам дека е доволно еден човек да ја урне.” Поминал еден и пол век од неговата смрт. Милиони му се придружиле во војната против Библијата, но не ја уништиле. Таму каде што во времето на Волтера имало сто примероци на Светото писмо, денеска има десет илјади, па и сто илјади. Еден реформатор кажал: „Библијата е наковална на која се истрошиле многу чекани.” Господ кажува: „Ниедно оружје, направено против тебе, нема да има успех; и секој јазик кој би се подигнал против тебе на суд, ти ќе го обвиниш” (Исаија 54,17).GCMkd 223.5

    „Речта на нашиот Бог останува вечно.” „Верни се сите негови заповеди, цврсто стојат од век до века, засновани на вистината и правдата” (Исаија 40,8; Псалм 111,7.8). Се што е изградено на човечки авторитет, ќе се урне; но што е втемелено на карпата, на непроменливата Божја реч, ќе остане вечно.GCMkd 224.1

    *****

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents