Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

ГОЛЕМАТА БОРБА

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    24— BO СВЕТИЊАТА НАД СВЕТИЊИТЕ

    _______________

    Науката за Светилиштето беше клуч што ја отвори тајната на разочарувањето во 1844 година. Таа на виделина изнесе цела низа вистини, поврзани и усогласени, што покажуваа дека големото движење на чекателите на второто Христово доаѓање го водеше Божјата рака; таа ја откриваше и нивната сегашна должност, објаснувајќи ја нивната положба и задачата што им е доверена. По страшната ноќ на душевна болка и разочарување, Исусовите ученици се израдувале кога го виделе Господа; така сега се радуваа и оние кои со вера го очекуваа неговото второ доаѓање. Тие очекуваа Исус да дојде во слава, да ги награди своите слуги. Бидејќи нивните надежи не се остварија, тие го загубија Исуса од вид и извикнаа како Марија при гробот: „Го однеле мојот Господ и не знам каде го положиле.” Сега пак го посматраа во светињата над светињите него, својот милостив Поглавар свештенички, кој набргу ќе се појави како нивни цар и ослободител. Светлината од Светилиштето го осветли минатото, сегашноста и иднината. Знаеја дека Бог ги води со своето непогрешно провидение. Иако самите тие, како ни првите ученици, не ја сфатија веста што ја објавуваа, таа, сепак, во секој поглед беше исправна. Објавувајќи ја таа вест, тие ја исполнија Божјата намера и нивниот труд за Господа не беше напразен. Преродени со големата милост „за жива надеж” се радуваа „со неискажлива радост полна со слава” (1. Петрово 1,3.8).GCMkd 330.1

    Но пророштвото на Даниел 8,14: „Уште две илјади и триста вечери и утра; тогаш светињата ќе се очисти”, и првата ангелска вест: „Бојте се од Бога и подајте му слава, зашто дојде часот на неговиот суд” (Откровение 14,7), упатуваа на Христовата служба во светињата над светињите на небесното Светилиште, на истражниот суд, а не на Христовото доаѓање заради спасение на својот народ и за уништување на безбожниците. Грешката не се наоѓаше во пресметувањето на пророчките временски отсеци, туку во настанот што требаше да се одигра на крајот од оние 2300 дни. Поради оваа грешка верните доживеаја разочарување, но сето тоа беше преткажано во пророштвото. Се што можеа да очекуваат, според Писмото, се исполни во тоа време. Едновремено, кога тие се жалеа поради своите неисполнети надежи, се одигра настанот што е преткажан во оваа вест, а што мораше да се одигра пред Господ да дојде да ги награди своите слуги.GCMkd 330.2

    Христос дојде, но не на земјата, како што очекуваа тие, туку, како што беше објавено во претсликата, во светињата над светињите на Божјиот храм на небото. Пророк Даниел го гледа како во тоа време доаѓа пред Прадревниот (Отецот). „Гледав во ноќни виденија и ете, на небесни облаци доаѓаше еден како Син човечки, и дојде” - не на земјата - туку „до Прадревниот и застана пред него” (Даниел 7ДЗ). Ова доаѓање ни го опишува и пророк Малахија: „Одненадеж ќе дојде во својот храм Господ кого го барате вие, и Ангелот на заветот за кого копнеете. ‘Еве го, веќе доаѓа4, вели Господ над војските” (Малахија 3,1). Господовото доаѓање во својот храм за неговиот народ беше нешто ненадејно, неочекувано. He го бараа таму; очекуваа да дојде на земјата „во пламенен оган да ги казни оние кои не сакаат да го признаат Бога и кои не му се покоруваат на евангелието...” (2. Солуњаните 1,8).GCMkd 331.1

    Но народот уште не беше приготвен да го сретне својот Господ. За неговата подготовка мораше да се изврши уште едно дело. Мораше да прими светлина што ќе ги насочи неговите мисли кон Божјиот храм на небото и ако со вера го следи својот Поглавар свештенички во неговата служба, тогаш ќе му се откријат новите должности. На црквата требаше да и биде дадена уште една вест на опомена и поука.GCMkd 331.2

    Пророкот вели: „Но кој ќе го издржи денот на неговото доаѓање и кој ќе опстане кога Тој ќе се јави? Зашто Тој е како оган леарски и како база што чисти. И ќе седне како оној што топи сребро и прочистува. Ке ги очисти синовите Левиеви и ќе ги претопи како злато и сребро за да му принесуваат на Господа жртва во правда44 (Малахија 3,2.3). Оние што ќе живеат на земјата во времето кога Христовото посредување rope во Светилиштето ќе заврши, ќе мораат да стојат пред светиот Бог без посредник. Нивната облека ќе мора да биде чиста, а нивниот карактер очистен од гревовите со неговата крв. Со Божја милост и со трудољубиво настојување мора да бидат победници во борбата со злото. Додека на небото се врши истражен суд и додека од Светилиштето се отстрануваат гревовите на покајаните верни, меѓу Божјиот народ на земјата мора да се изврши посебно дело на чистење, отстранување на гревот. Ова дело појасно е опишано во вестите на Откровението 14. глава.GCMkd 331.3

    Кога ова дело ќе биде завршено, Христовите следбеници ќе бидат подготвени за неговото доаѓање. Во тоа време „ќе му биде мила на Господа жртвата на Јуда и на Ерусалим како во старо време” (Малахија 3,4). Тогаш црквата што ќе ја земе Господ при своето доаѓање кај себе ќе биде „славна црква, без дамка, ниту брчка, или нешто слично” (Ефесците 5,27). Во тие мигови таа ќе се појави „како зора, убава како месечина, чиста како сонце, страшна како војска под знамиња” (Песна над песните 6,9).GCMkd 331.4

    Освен Господовото доаѓање во неговиот храм, пророкот Малахија го преткажува и неговото второ доаѓање за да ја изврши пресудата со овие зборови: „Ќе дојдам кај вас на суд и ќе бидам подготвен сведок против вражачите и прељубодејците, против оние кои лажно се колнат, против оние кои му ја закинуваат платата на работникот, на вдовицата и на сираците, против оние што го газат правото на странецот и не се бојат од мене - вели Господ Саваот” (Малахија 3,5). Јуда упатува на истата сцена кога кажува: „Ете, иде Господ со илјадници свои свети ангели да им суди на сите и да ги покара сите безбожници за сите нивни безбожни дела со кои безбожно згрешија и за сите дрски зборови што ги изрекоа против него грешните безбожници” (Јуда 14.15). Ова доаѓање и Господовото доаѓање во неговиот храм се два одредени и сосем различни настани.GCMkd 332.1

    Доаѓањето на Христа како наш Поглавар свештенички во светињата над светињите да го исчисти Светилиштето, преткажано во Даниел 8,14; доаѓањето на Синот човечки кај Прадревниот опишано во Даниел 7,13 и доаѓањето Господово во неговиот храм, преткажано во Малахија - сето тоа се описи на еден ист настан; тој настан е претставен и со доаѓањето на младоженецот на свадбата, како што го опишал тоа Христос во споредбата за десетте девојки во Матеј 25. глава.GCMkd 332.2

    Летото и есента во 1844 година се објавуваше веста: „Ете, младоженецот иде!” Тогаш се појавија две групи луѓе, претставени со мудрите и со неразумните девојки - првата група, која со радост го очекуваше Господовото доаѓање и се приготвуваше да го пречека, и втората група која, под влијание на стравот и гонета од нагон, се задоволи со теоријата на вистината, но нејзе и недостигаше Божја милост. Во споредбата, кога младоженецот дошол, „подготвените влегоа со него на свадбата”. Овде споменатото доаѓање на младоженецот се случило пред свадбата. Свадбата го претставува Христовото ггреземање на неговото царство. Светиот град, новиот Ерусалим, кој е главен град на царството, е наречен „невеста, жена на Јагнето”. Ангелот му рекол на Јована: „Дојди да ти ја покажам невестата, жената на Јагнето.” „И ме пренесе во дух”, кажува пророкот, „и ми го покажа светиот град, Ерусалим, како слегува од небото од Бога” (Откровение 21,9.10). Според ова, очигледно е дека невестата го претставува светиот град, а девојките што му излегуваат во пресрет на младоженецот ја претставуваат црквата. Според Откровението, Божјите деца ќе бидат гости на вечерата на свадбата на Јагнето (Откровение 19,9). Ако се гости, тие не можат истовремено да бидат претставени и како невеста. Христос, како што ни кажува пророкот Даниел, ќе прими од Прадревниот (од Отецот) „власт, слава и царство”. Тој ќе го прими новиот Ерусалим, главниот град на своето царство, што ќе биде „стокмен како невеста украсена за својот маж” (Даниел 7,14; Откровение 21,2). Откако ќе го прими царството, ќе дојде во својата слава како „цар над царевите и господар над господарите” да му даде спасение на својот народ, кој „ќе седне на трпезата со Аврама, Исака и Јакова во небесното царство” (Матеј 8,11; Лука 22,30) да земе учество во вечерата на свадбата на Јагнето.GCMkd 332.3

    Веста: „Ете, младоженецот иде!”, што се објавуваше летото во 1844 година, им даде повод на илјадници да го очекуваат непосредното Христово доаѓање. Во определеното време Младоженецот дојде, но не на земјата, како што очекуваше неговиот народ, туку пред Прадревниот на небото, на свадбата, да го преземе своето царство. „Подготвените влегоа со него на свадбата и вратата се затвори.” He требаше лично да бидат присутни на свадбата, зашто таа се врши на небото, додека тие уште се наоѓаат на земјата. Хриетовите следбеници треба „да го чекаат својот Господар кога се враќа од свадбата...” (Лука 12,36). Но тие мора да го разберат неговото дело и да го следат со вера кога ќе стапи пред Бога. Во таа смисла може за нив да се каже дека влегле на свадбата.GCMkd 333.1

    Во споредбата, на свадбата влегле девојките што имале масло во садовите со светилките. Оние кои ја познаваа вистината од Светото писмо, а имаа и Дух и Божја милост; кои ноќта на своето горко искушение стрпливо чекаа и во Библијата бараа појасно видело, ја сфатија виетината во врска со Светилиштето на небото и промената во службата на Спасителот и со вера ги следеа неговите активности во небесното Светилиште. Сите што ќе ги прифатат овие вистини на Светото писмо и ќе го следат Исуса Христа со вера кога стапува пред Бога да го изврши последното посредување и потоа да го прими своето царство - се прикажани како да идат на свадбата.GCMkd 333.2

    Во споредбата во Матеј 22. глава е спомената истата слика на свадбата и јасно е прикажано дека истражниот суд ќе се одржи пред свадбата. Пред свадбата доаѓа царот да ги види гостите (Матеј 22,11) - дали се сите облечени во свадбено руво, во чиста облека, во чист карактер и дали „ги испраа своите облеки и ги избелија во крвта на Јагнето” (Откровение 7,14). Оној што не е облечен во таква облека, ќе биде исфрлен надвор, а оние, за кои при испитувањето ќе се утврди дека имаат свадбено руво, ќе бидат примени од Бога и удостоени да земат учество во неговото царство и да го делат со него престолот. Оваа служба, со чија помош се испитува карактерот и се решава кој е подготвен за Божјето царство, всушност е истражниот суд со кој се завршува Христовото дело во небесното Светилиште.GCMkd 333.3

    Кога ќе биде завршена истражната постапка, кога ќе бидат испитани и решени случаите на оние кои низ сите векови признавале дека се Христови следбеници, тогаш, во никој случај не порано, ќе биде завршено истражното дело и вратата на милоста ќе се затвори. Така оваа кратка реченица: „И подготвените влегоа со него на свадбата и вратата се затвори”, не води преку последната служба на Спасителот до времето кога ќе биде довршено големото дело на спасението на човештвото.GCMkd 334.1

    Службата во земното Светилиште, како што видовме, е симбол на службата во небесното Светилиште. Таа служба во првото одделение на земното Светилиште завршувала тогаш кога поглаварот свештенички на Денот на чистење влегувал во светињата над светињите. Бог заповедал: „Кога тој ќе влезе во Светилиштето да изврши обред на чистење, никој друг да нема во шаторот за состанок додека тој не излезе” (3. Мојсеева 16,17). Така Христос, кога влегол во светињата над светињите да го изврши последното дело на помнрување, престанал со службата во првото одделение. Но, кога завршила службата во првото одделение, почнала службата во второто одделение. Во симболичката служба на Денот на чистење, кога поглаварот свештенички ќе го напуштел првото одделение на светињата, влегувал во второто одделение да ја принесе пред Бога крвта на жртвата за грев за сите Израелци кои навистина се покајале за своите гревови. Така Христос го заврши само првиот дел од својата служба како наш посредник за да го почне вториот дел, се уште оправдувајќи не пред Отецот со својата крв.GCMkd 334.2

    Чекателите на второто Христово доаѓање во 1844 година не ја разбраа оваа вистина. Иако помина времето во кое Спасителот беше очекуван, тие и понатаму веруваа дека неговото доаѓање е близу; сметаа дека за нив настапил критичен миг и дека пред Бога е завршено Христовото посредување за човекот. Им изгледаше дека Библијата учи оти времето на милоста за човекот ќе заврши пред вистинското Господово доаѓање на небесните облаци. Претпоставуваа дека тоа произлегува од оние стихови во Светото писмо што упатуваат на времето кога луѓето ќе бараат, ќе тропаат и ќе викаат пред вратата на милоста, но нема да им се отвори. Сега се прашуваа дали можеби датумот на очекуваното Христово доаѓање не означува почеток на еден нов временски период што непосредно му претходи на неговото доаѓање. Бидејќи ја објавија опомената за судот, сметаа дека ја извршиле својата должност кон светот и така им падна товарот од душа во врска со спасувањето на грешниците, а богохулното исмевање од страна на грешниците им изгледаше како уште еден доказ дека Божјиот Дух се повлекол од оние што ја отфрлија Божјата милост. Сето тоа ги зацврсти во верата дека времето на милоста е завршено или, како што велеа, „вратата на милоста е затворена14.GCMkd 334.3

    Но, со истражувањето на прашањето во врска со Светилиштето се појави и поголема светлина, Сега увидоа дека имаа право кога веруваа оти крајот на пророчките 2300 вечери и утра во 1844 година означуваше важен датум. Па, иако е вистина дека вратата на надежта и милоста, низ која луѓето 1800 години имале пристап кон Бога, се затвори - се отвори друга врата и на луѓето им е понудено проштавање на гревовите со Христовото посредување во светињата над светињите. Еден дел од Христовата служба е завршен, но само затоа за да му направи место на друг. Се уште постоеше една „отворена врата” во небесното Светилиште каде што Христос врши служба во корист на грешникот.GCMkd 335.1

    Сега беше сфатено значењето на оние Христови зборови во Откровението што и се упатени на црквата токму во ова време: „Ова го зборува Светиот и Вистинитиот, кој го има Давидовиот клуч; кој отвора и никој не затвора, кој затвора и никој не отвора: ги знам твоите дела. Еве, поставив пред тебе отворена врата која никој не може да ја затвори” (Откровение 3,7.8).GCMkd 335.2

    Сите кои со вера го следат Христа во големото дело на помирување, ќе ги примат благословите на ова негово посредување што го врши во нивна корист, додека оние кои ја отфрлаат светлината што е дадена во врска со оваа негова служба, од неа нема да имаат никаква полза. Евреите кои ја отфрлиле дадената светлина при првото Христово доаѓање и одбиле да веруваат во него како Спасител на светот, не можеле преку него да добијат проштавање. По своето вознесување, кога Исус влегол со својата сопствена крв во Светилиштето за да го излее врз своите ученици благословот што произлегува од неговото посредување, Евреите биле оставени во целосен мрак за и понатаму да продолжат со своите бескорисни жртви и приноси. Обредната служба во слики и симболи била завршена. Таа врата низ која луѓето порано имале пристап кон Бога не била веќе отворена. Евреите одбиле да го бараат Гоепода на единствен начин на којшто можеле да го најдат тогаш, односно преку службата во небесното Светилиште. Затоа и не ја нашле врската со Бога. За нив вратата била затворена. He го запознале Христа како вистинска жртва и како единствен посредник пред Бога; затоа и не можеле да бидат учесници во благодетите на неговото посредување.GCMkd 335.3

    Состојбата на неверните Евреи ја прикажува состојбата на многу небрежни и неверни кои се наоѓаат меѓу оние што тврдат дека се христијани, а кои намерно не сакаат да знаат за службата на нашиот милостив Поглавар свештенички. Во симболичката служба, кога поглаварот свештенички влегувал во светињата над светињите, од сите Израелци се барало да се соберат околу Светилиштето и на најсвечен начин да ги понизат своите души пред Господа за да добијат проштавање на гревот и да не бидат исклучени од собирот на верните. Колку поважно е ние на овој вистински Ден на чистење да ја сфатиме службата на нашиот Поглавар свештенички и да знаеме каква должност имаме ние.GCMkd 336.1

    Луѓето не можат неказнето да ги отфрлаат опомените што им ги праќа Бог во својата милост. Во времето на Ное Небото на светот му испратило вест, и неговото спасение зависело од тоа како ќе ја примат таа вест. Но, бидејќи тие ја отфрлиле оваа опомена, Божјиот Дух се повлекол од тоа грешно поколение и тие изгинале во потопот, Во времето на Аврама престанала милоста за грешните жители на Содом. Освен Лот, неговата жена и двете ќерки, сите други се уништени со оган што паднал од небото. Така било и во Христовите денови. Божјиот Сжн му рекол на тоа неверно поколение Евреи: „Еве, пуст ви останува вашиот дом” (Матеј 23,38). Гледајќи во последните денови, истата таа неизмерна Сила изјавила за оние што „не ја примија љубовта на вистината за да се спасат. И затоа Бог им праќа заблуда да дејствува меѓу нив за да и веруваат на лагата, та да бидат осудени сите кои не и поверуваа на вистината, а имаа задоволство во неправедноста” (2. Солуњаните 2,10-12). Бидејќи ја отфрлиле науката на неговата Реч, Бог им го одзел својот Дух и ги препуштил на измамите што им се мили.GCMkd 336.2

    Но Христос се уште посредува во корист на човекот и светлината ќе им биде дадена на оние што ќе ја бараат. Иако чекателите на второто Христово доаѓање од почеток ова не го сфатија, сепак, тоа подоцна им стана јасно кога почнаа да ги сфаќаат стиховите во Писмото што го одредуваа нивниот вистински став.GCMkd 336.3

    По истекот на утврденото време во 1844 година, настана период на голема криза за оние кои и понатаму веруваа во Христовото доаѓање. Нивна единствена помош, што ги зацврсти во нивниот став, беше светлината која нивното внимание го насочи кон небесното Светилиште. Некои се откажаа од своето верување во поранешното сметање на пророчките отсеци, и она силно влијание на Светиот Дух, кое го придружуваше движењето на чекателите на второто Христово доаѓање, и го припишуваа на некаква човечка или дури на сатанска сила. Други непоколебливо веруваа дека Бог ги водеше во нивното минато искуство; и додека чекаа, бдееја и се молеа за да ја дознаат Божјата волја, видоа дека нивниот Поглавар свештенички го почнал вториот дел на службата и, следејќи го со вера, можеа да ја сфатат конечната задача на црквата. Сега јасно ги сфатија првата и втората ангелска вест и така беа подготвени да ја прифатат и да му ја објават на светот свечената опомена на третата ангелска вест од Откровението 14. глава.GCMkd 336.4

    *****

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents