Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

ГОЛЕМАТА БОРБА

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    34—МОЖЕМЕ Л И ДА РАЗГОВАРАМЕ СО МРТВИТЕ И ТИЕ CO НАС?

    _______________

    Службата на светите ангели, како што е прикажана во Светото писмо, е мошне утешна и драгоцена вистина за секој Христов следбеник. Но библиската наука за овој предмет е изопачена и затемнета со заблудите на општо прифатеното верување. Науката за природна бесмртност, позајмена од многубожечката филозофија и воведена во христијанската вера за време на мракот на големиот отпад, ја заменила вистината за која Светото писмо толку јасно зборува, а тоа е дека „мртвите не знаат ништо”. Илјадници веруваат дека духовите на умрените се оние „прислужнички духови пратени да им служат на тие што ќе наследат спасение” (Евреите 1,14). А ова е спротивно на науката на Светото писмо кое учи дека небесните ангели постоеле и биле поврзани со човечката историја пред смртта на кое и да е човечко суштество.GCMkd 430.1

    Науката за некаква човекова свесност за време на смртта, особено верувањето дека духовите на умрените се враќаат за да им служат на живите, му приготвило пат на модерниот спиритизам. Ако мртвите се наоѓаат во присуство на Бога и на светите ангели, и ако располагаат со далеку поголемо знаење отколку што имале порано, зошто не би се вратиле на земјата да ги просветлуваат да ги поучуваат живите? Ако духовите на умрените, како што учат угледните теолози, се реат над своите пријатели на земјата, зошто не би им било дозволено да се дружат со нив, да ги опоменуваат да не грешат и да ги тешат во неволјите? Ако човекот за време на смртта е свесен, тогаш како можат тие што веруваат така да го одбиваат она што им доаѓа како божествено видело од страна на овие прославени суштества? Тоа е токму канал, иако луѓето го сметаат за посветен, со кој се служж сатаната да ги постигне своите цели. Паднатите ангели, кои ги извршуваат неговите заповеди, се јавуваат како весници од светот на духовите. Додека тврди дека живите ги поврзува со мртвите, кнезот на злото всушност ги проникнува со своето кобно влијание.GCMkd 430.2

    Тој има моќ да го имитира пред луѓето лицето на нивните починати пријатели. Имитацијата е совршена: истиот изглед, зборовите, гласот - се се имитира со извонредна точност. Мнозина се утешени, уверени дека нивните мили уживаат блаженство на небото и, не сфаќајќи ја опасноста, слушаат „духови и демонски учења” (1, Тимотеј 4Д).GCMkd 431.1

    Кога ќе ги убеди да веруваат дека мртвите навистина се враќаат и разговараат со нив, сатаната оди чекор понатаму. Тој прави да им се појават оние кои неподготвени заминале во смрт. Тие тврдат дека се среќни на небото и дека таму заземаат високи положби. На овој начин се шири заблудата дека нема разлика меѓу праведниците и грешниците. Божемните посетители од духовниот свет понекогаш даваат опомени и предупредувања што се покажуваат точни. Но кога ќе се здобијат со доверба, тие изнесуваат такви науки кои директно ја поткопуваат верата во Светото писмо. Под изговор дека многу се интересираат за благосостојбата на своите пријатели на земјата, ги водат во најопасни заблуди. Фактот што тие кажуваат некои вистини и што понекогаш ги преткажуваат и идните настани, на нивните тврдења им дава изглед на веродостојност, и голем број луѓе го прифаќаат нивното лажно учење толку бргу, и веруваат толку слепо, како да се работи за најсвети библиски вистини. Божјиот закон се отфрла, милоста се презира, а крвта на заветот се смета како нешто несвето. Духовите го негираат Христовото божество, па дури и Творецот го изедначуваат со себе. На овој начин големиот бунтовник под оваа маска го продолжува против Бога својот бунт што го почнал на небото и што трае речиси шест илјади години на земјата.GCMkd 431.2

    Мнозина се обидуваат спиритистичките појави да ги објаснат како измами и како вешти волшебства на самиот медиум. Но, иако е вистина дека триковите на маѓесничките вештини често се подметнуваат како вистинити појави, имало и вистински манифестации на една натприродна сила, Таинственото тропање, со кое почнал модерниот спиритизам, не било производ на човечка измама и вештина, туку непосредно дело на лошите ангели кои на овој начин вовеле една од најуспешните измами што ја упропастуваат душата. Мнозина ќе се фатат во стапица верувајќи дека спиритизмот е само една човечка измама. Кога ќе се соочат со појави што ќе мораат да ги сметаат за натприродни, ќе бидат измамени и присилени да ги прифатат како голема Божја сила.GCMkd 431.3

    Овие луѓе ги занемаруваат сведоштвата на Светото писмо за чудата што ги прават сатаната и неговите ангели. Со моќта на сатаната фараоновите волшебници го имитирале Божјето дело. Павле сведочи дека пред второто Христово доаѓање ќе има слични манифестации на сатанска сила. На Господовото доаѓање ќе му претходи „сатанско дејствување, со секаква сила, со чудотворни знаци, со лажни чуда и со секаква неправедна измама” (2. Солуњаните 2,9). А апостол Јован, опишувајќи ја чудотворната сила што ќе се појави во последните денови, кажува: „И прави големи чудотворни знаци, така што прави и оган да паѓа од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведува жителите на земјата со чудотворните знаци што му беа дадени да ги прави” (Откровение 13,13.14). Овде не станува збор за обични измами. Луѓето ќе бидат прелагани со вистински чуда што ќе можат да ги прават сатанските орудија вистински, а не привидно.GCMkd 431.4

    Кнезот на темнината, кој толку време сите сили на својата голема интелигенција и ги посветува на измамата, вешто ги прилагодува своите искушенија кон луѓето на сите сталежи и noложби. На образованите спиритизмот им го претставува во неговите фини и интелектуални видови и со тоа успева мнозина да вовлече во својата стапица. Мудроста што ја дава спиритизмот, според зборовите на Јакова, не „слегува озгора“туку таа е „земна, човечка, ѓаволска” (Јаков 3,15). Меѓутоа, големиот измамник ова вешто го крие еекогаш кога истото може успешно да го искористи за својата цел. Оној што имал сила да се појави во пустината на искушението пред Христа, наметнат со сјај на небесен серафим, се појавува и пред луѓето во најпривлечен вид како светлосен ангел. Тој му ласка на разумот, откривајќи му возвишени предмети; ја одушевува човечката мечта со величествени сцени и ги освојува чувствата со своите речити описи на љубовта и добрината. Тој на мечтата и дава возвишен полет и луѓето ги поттикнува да имаат толку високо мислење за својата сопствена мудрост, што во своите срца го презираат Вечниот. Ова моќно суштеетво, кое имало сила да го одведе Откупителот на светот на највисока гора и да му ги покаже сите земни царства и нивната слава - и пред луѓето ќе ги изнесе своите искушенија со кои ќе го изопачи умот на сите што не се под заштита на божествената сила.GCMkd 432.1

    Сега сатаната ги измамува луѓето со ласкање како што ја измамил Ева во Едем - буди кај нив желба за натприродни сознанија и поттикнува честољубив стремеж кон самоизвишување. Потклекнувањето пред овие лоттти желби предизвикало негов пад, а сега настојува со тоа да предизвика и пропаст на луѓето. „Вие ќе бидете како богови”, изјавува тој, „и ќе знаете што е добро, а што зло” (1. Мојсеева 3,5). Спиритизмот учи „дека човекот е суштество од напредок и дека нему му е одредено постојано, од раѓањето па се до вечноста, да се приближува кон божеството”. И понатаму: „Секое разумно суштество ќе си суди самото себеси, а не друго.” „Судот ќе биде праведен, зашто тоа е сопствен суд... Престолот е во самиот тебе.” Еден спиритистички учител, кога во него се разбудила оваа „духовна свест”, рекол: „Сите мои ближни се полубогови кои не паднале.” А друг изјавува: „Секое праведно и совршено суштество е ХристосGCMkd 432.2

    Така на местото на правдата и совршенството на вечниот Бог, на местото на вистинскиот предмет на почитување и на совршената праведност на Божјиот закон, на местото на вистинското мерило на човечкиот идеал, сатаната ја поставил грешната и непостојана човечка природа како единствен предмет на почитување, како единствено правило на судот и мерило на карактерот. Тоа е напредок, но не напред, туку назад.GCMkd 433.1

    Закон на нашата интелектуална и духовна природа е ние да се менуваме со она што го посматраме. Нашиот ум е проникнат со она со што се занимава. Ние стануваме слични со она што сме навикнале да го сакаме и да го почитуваме. Човекот никогаш нема да се издигне повисоко од неговото сфаќање за чистотата, за добрината и вистината. Ако неговото ,јас” е негов највисок идеал, тој никогаш нема да постигне нешто повозвишено. Напротив, тој ќе паѓа се пониско. Само Божјата милост има сила човекот да го издигне. Препуштен сам на себе, тој неминовно ќе тоне се подлабоко.GCMkd 433.2

    На луѓето кои потклекнуваат пред своите страсти, кои се желни за уживање, на телесните, спиритизмот им се јавува во помалку префинет вид отколку на оние што се образовани и културни; во неговите груби облици тие го наоѓаат токму она што одговара на нивните склоности. Сатаната го проучува секој знак на слабоста на човечката природа, води сметка за гревовите што е наклонет да ги прави секој поединец и тогаш се труди да не пропушти ниту една можност да ги задоволи нивните склоности кон зло. Тој ги наведува луѓето да претеруваат во она што само по себе е дозволено и со неумереноста да ја ослабат својата физичка, душевна и морална сила. Тој уништил и се уште уништува илјадници луѓе по пат на задоволување на ниските страсти со кои човечката природа ја прави груба. И како врв на своето дело, тој тврди преку духовите дека „вистинското знаење го издигнува човекот над сите закони”; дека „се што постои е добро”; дека „Бог никого не го осудува” и дека „сите гревови што ги правиме се невини”. Кога луѓето на ваков начин се заведени да веруваат оти желбата е највисок закон, дека слободата значи разузданост и дека човекот ќе си дава сметка само себеси, треба ли тогаш да се чудиме што насекаде владее толкава расипаност и морална изопаченост? Мнозина страдно ја прифаќаат науката што им дава слобода да си угодуваат на склоностите на своето телесно срце. Уздите на самосовладувањето им се препуштаат на страстите, духовните и душевните сили им се потчинуваат на животинските нагони, а сатаната ликувајќи вовлекува во својата мрежа илјадници такви кои тврдат дека се Христови следбеници.GCMkd 433.3

    Но никој не би требало да биде заведен со лажните тврдења на спиритизмот. Бог му дал на светот доволно светлина за да може да ги открие стапиците. Како што видовме веќе, теоријата што го прави вистински темелот на спиритизмот е во противречност со јасните тврдења на Светото писмо. Библијата учи дека мртвите не знаат ништо, дека нивните мисли престанале, дека тие немаат удел во ништо што се случува под Сонцето, ниту пак нешто знаат за радостите и неволјите на оние што им биле најмили на светот.GCMkd 434.1

    Уште повеќе, Бог изрично забранил секоја божемна врска со духовите на починатите. Меѓу Евреите постоеле луѓе кои тврделе, како и спиритистите денеска, дека одржуваат врска со мртвите. Но „духовите вражарски” (Дела 16,16), како што се наречени овие посетители од другиот свет, во Библијата се нарекуваат „ѓаволски духови” (спореди: 4. Мојсеева 25,1-3; Псалм 106,28; 1. Коринќаните 10,20; Откровение 16,14). Господ кажал дека е гнасно и забранил под закана на смртна казна одржување на врска со ваквите духови (3. Мојсеева 19,31; 20,27). Веќе самото име „вражање” денеска предизвикува презир. Тврдењето дека луѓето можат да стапат во врска со лошите духови се смета како приказна од мрачниот среден век. Но спиритизмот, кој брои стотици илјади, па дури и милиони приврзаници, кој проникнал во научните кругови, кој се вовлекол во црквите и наишол на наклоност кај законодавните тела, па дури и во царските дворови - оваа силна измама - е само оживување и во ново руво облечено она во старо време осудено и забрането вражање.GCMkd 434.2

    Кога не би имале други докази за вистинскиот карактер на спиритизмот, за христијаните би требало да биде доволно тоа што овие духови не прават разлика меѓу правдата и гревот, меѓу најчистите и најблагородните Христови апостоли и најрасипаните слуги на сатаната. Издигнувајќи ги најподлите луѓе на небото и давајќи им таму почесни места, тој на светот му кажува: „Не е важно колку сте грешни, не е важно дали верувате во Бога и во Библијата или не. Живејте како што сакате. Небото е ваша татковина.” Всушност, учителите на спиритизмот тврдат: „Сите кои прават зло ... му се мили на Господа!”, или: „Каде е Бог кој суди?” (Малахија 2,17). Божјата реч кажува: „Тешко на оние кои злото го нарекуваат добро, а доброто зло, кои од темнината прават светлина, а од светлината темнина” (Исаија 5,20).GCMkd 434.3

    Овие лажни духови се јавуваат во вид на „апостоли” кои му противречат на она што го пишувале апостолите вдахнати со Светиот Дух додека биле на земјата. Тие го негираат божественото потекло на Библијата и со тоа го уриваат темелот на надежта на христијаните и ја гаснат светлината што го покажува патот кон небото. Сатаната прави светот да верува дека Библијата е само една бајка или книга што одговара на времето на детството на човечкиот род, но на која сега треба поинаку да се гледа, или потполно да се отфрли како застарена. А како замена за Божјата реч, тој ги истакнува спиритистичките појави. Тоа е средство кое е потполно под негова контрола. Со ова средство тој може да постигне светот да верува онака како што сака тој. Книгата што треба да го осуди него и неговите следбеници ја отфрлаат, а Спасителот на светот го прикажуваат како обичен човек. Како римската стража која го чувала Исусовиот гроб што раширила лажни гласови, онака како што ја научиле старешините и свештениците за да го негираат неговото воскресение, така и приврзаниците на епиритистичките појави се обидуваат да докажат дека во животот на нашиот Спасител нема ништо чудно. Бидејќи така Исуса го ставиле во заднина, тие обрнуваат внимание на своите сопствени чуда, тврдејќи дека тие далеку ги надминуваат Христовите дела.GCMkd 435.1

    Вистина е дека спиритизмот денеска го менува својот облик и, прикривајќи некои свои најгруби црти, прима христијанско руво. Но неговите изјави од говорниците и преку печатот се објавувале и се објавуваат многу години и во нив е откриен неговиот вистински карактер. Ова учење не може да се негира ниту да се скрие.GCMkd 435.2

    Дури и во својот денешен облик, далеку од тоа да биде помалку опасен отколку порано, тој всушност е уште поопасен, зашто е полукав. Додека порано се откажувал од Христа и од Библијата, сега изјавува дека ги прифаќа двете. Но Библијата се толкува на начтш што му се допаѓа на непрероденото срце, а нејзините свечени и важни вистини се сметаат за безвредни. Љубовта се истакнува како главна Божја особина, но таа се прикажува како разнежена сентименталност која не прави разлика меѓу доброто и злото. Божјата праведност, неговото гнасење над гревот, барањата на неговиот свет Закон - сето тоа се смета за неважно. Народот се учи Десетте заповеди да ги смета за мртво слово. Привлечните и волшебните приказни делуваат врз сетилата и луѓето ги наведуваат да ја отфрлат Библијата како темел на својата вера. Од Христа и сега се откажуваат како и некогаш. Но сатаната во толкава мера им ги заслепил очите на луѓето, што не ја забележуваат измамата.GCMkd 435.3

    Малку има такви кои имаат вистински поим за заводничката моќ на спиритизмот и за опасностите што им се закануваат на оние кои доаѓаат под негово влијание. Мнозина се занимаваат со него само за да го задоволат своето љубопитство. Всушност тие не веруваат во него и со ужас би отстапиле назад при помислата дека би можеле да паднат под власт на духовите. Но тие се осмелуваат да стапат на забранет терен, а силниот непријател ја покажува над нив својата моќ и против нивна волја. Само ако еднаш се изложат на неговото влијание, тој ги заробува. He е можно со своја сопствена сила да се оттргнат од неговата заводлива и примамлива волшебност. Ништо, освен Божјата сила, дарувана како одговор на сериозна молитва проникната со вера, не може да ги ослободи овие души фатени во стапица.GCMkd 435.4

    Сите што попуштаат пред грешните склоности или свесно негуваат некој познат грев, навлекуваат на себе стотици искуше нија. Тие се изделуваат од Бога и се лишуваат од заштитата на неговите ангели; и кога сатаната ги мами, тие немаат одбрана и стануваат лесен негов плен. Тие, кои на овој начин ја прифаќаат неговата сила, и не насетуваат каде ќе завршат. Откако ќе ги совлада, искушувачот ќе ги употреби како свои орудија за и други да намами во пропаст.GCMkd 436.1

    Пророкот Исаија кажува: „Ако ви кажат: ‘Прашајте духови и гатачи кои шепотат и мрморат1, вие одговорете: ‘He треба ли народот да го праша својот Бог? Зар за живите ќе се распрашуваат кај мртвите?1 Закон и сведоштво барајте. Кој не зборува така, за него нема зора” (Исаија 8,19.20). Кога луѓето би сакале да ја прифатат вистината за човечката природа и за состојбата на мртвите, која е толку јасно изнесена во Светото писмо, тие во тврдењата и во појавите на спиритизмот на дело би го виделе сатаната со неговата сила, со неговите знаци и лажни чуда. Но, наместо да ја отфрлат лажната слобода, толку привлечна за телесното ерце, и да се откажат од гревот што им станал мил, мнозина ги затвораат очите пред светлината и ги отфрлаат опомените, и продолжуваат така додека сатаната плете околу нив мрежи та тие стануваат негов плен. „Бидејќи не ја примија љубовта на вистината за да се спасат, Бог им праќа заблуда да дејствува меѓу нив за да и веруваат на лагата” (2. Солуњаните 2,10.11).GCMkd 436.2

    Оние што станале против учењето на спиритизмот, ги напаѓаат не само луѓето, туку и сатаната и неговите ангели. Тие се впуштиле во борба со властите и со силите на темнината под небото. Сатаната нема да отстапи ниту за педа од својот терен, освен ако биде потиснат со силата на небесните весници. Божјиот народ треба да биде епособен да му се противстави како нашиот Спасител со зборовите: „Пишано е!” Сатаната и денеска може, како и во Исусово време, да цитира места од Светото писмо, и тој го изопачува неговото учење за да ги поткрепи своите измами. Оние што сакаат во ова време на опасност цврсто да стојат, мора лично добро да го разберат сведоштвото на Светото писмо.GCMkd 436.3

    Мнозина ќе се соочат со ѓаволските духови пгго ќе жм се појават како нивни мили роднини и пријатели објавувајќи им најопасни заблуди. Овие посетители ќе влијаат врз нашите најнежни чувства и ќе прават чуда за да ги поткрепат своите тврдења. Мораме да бидеме подготвени да им се противставиме со библиската вистина дека мртвите не знаат ништо и дека тие што се јавуваат така се ѓаволски духови.GCMkd 437.1

    Токму пред нас е „часот на искушението што ќе дојде врз целиот свет за да ги испита оние кои живеат на земјата” (Откровение 3,10). Сите, чијашто вера не е цврсто втемелена на Божјата реч, ќе бидат измамени и совладани. Сатаната користи и се повеќе ќе користи „секаква измама и неправда” за да ги стави синовите човечки под своја власт. Но тој својата цел може да ја постигне само тогаш ако човекот доброволно се согласи да ги прифати неговите искушенија. Оние кои сериозно се трудат да ја запознаат вистината и се борат преку послушноста да ја исчистат својата душа и прават се што е во нивна моќ да се подготват за борбата, ќе најдат сигурна заштита во Бога, кој е извор на вистината. „Бидејќи ти ја запази речта на моето трпение, и јас ќе те запазам тебе” (Откровение ЗДО), е ветување на Спасителот. Тој побргу ќе ги прати сите небесни ангели да го заштитат неговиот народ, отколку што ќе му дозволи на сатаната да совлада и една душа која се надева на него.GCMkd 437.2

    Пророкот Исаија ја изнесува страшната измама со која ќе се соочат грешниците и која ќе стори тие да се чувствуваат сигурни од осудата на Божјиот суд: „Склучивме сојуз со смртта, и се спогодивме со гробот. Кога ќе помине разурнувачкиот камшик, не, нема да стигне до нас, зашто од лагата си направивме засолниште и од измамата прибежиште” (Исаија 28,15). Во оваа група луѓе се вбројуваат сите кои во својата тврдоглава непокајаност се тешат со самоувереноста дека за грешникот нема казна, дека сите луѓе, колку и да се расипани, ќе отидат на небото каде што ќе бидат како Божји ангели. Но уште посигурни се сметаат оние што направиле завет со смртта и договор со гробот, кои ги отфрлаат вистините што ги предвидело Небото како заштита за праведниците во деновите на неволјата, а бараат прибежиште во лагите што ги пласира сатаната во вид на примамливи измами на спиритизмот.GCMkd 437.3

    Повеќе од вчудовидувачка е заслепеноста на луѓето на нашето поколение. Илјадници ја отфрлаат Божјата реч како недостојна за верување, а со голема доверба ги прифаќаат измамите на сатаната. Скептиците и подбивачите ги напаѓаат како верски фанатици оние што се борат за верата на пророците и апостолите и наоѓаат задоволство во тоа да ги исмеваат свечените изјави на Светото писмо за Христа, за планот на спасението и за судот што ќе ги погоди сите кои ја отфрлаат вистината. Тие длабоко ги сожалуваат оние кои, според ннвно мислење, се толку ограничени, слаби и празноверни, што можат да ги признаат Божјите права и да ги прифатат барањата на неговиот Закон. Тие покажуваат таква сигурност, како навистина да склучиле сојуз со смртта и со гробот, како да подигнале непреодна, непробивна ограда меѓу себе и Божјата одмазда. Ништо не може кај нив да разбуди страв. Тие во толкава мера му се предале на искушувачот, што тесно се соединиле со него и во толкава мера се исполниле со неговиот дух, што немаат сила ниту желба да се оттргнат од неговата стапица.GCMkd 437.4

    Сатаната долго се приготвувал за својот последен напор да го измами светот. Тој поставил темел за својата работа со ветувањето што и го дал на Ева во Едем: „Не, вие нема да умрете! Туку... оној ден, кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло” (1. Мојсеева 3,4.5), Малку по малку го приготвил патот за својата најголема измама во развитокот на спиритизмот. Уште не ги остварил во целост своите намери, но ќе ги оствари во последниот остаток на времето. Пророкот кажува: „И видов... три нечисти духа како жаби; имено, тоа се демонски духови кои прават чуда и одат кај царевите на целиот свет за да ги соберат за војна во великиот ден на семоќниот Бог” (Откровение 16,13.14). Со исклучок на оние што ќе ги сочува Божјата сила со вера во неговата Реч, во оваа измама ќе биде вовлечен цел свет. Народот, успиен во кобна сигурност, ќе се разбуди дури тогаш кога врз него ќе почне да се излева Божјиот гнев.GCMkd 438.1

    Господ Бог кажува: „Ке ја земам правината за мерка, а правдата за терезија. Град ќе ви го уништи прибежиштето на измамата и води ќе ви го потопат засолништето на лагата. Ке го уништам вашиот сојуз со смртта и вашата спогодба со гробот, и кога ќе помине разурнувачкиот камшик, вие ќе бидете сотрени” (Иеаија 28,17.18).GCMkd 438.2

    *****

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents