Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

Воспитување

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ОДНЕСУВАЊЕ

    „Љубовта не се однесува непристојно”
    1. Коринќаните 13,4.5

    Вредноста на убавото однесување е на премногу мала цена. Мнозина добри по срце, не покажуваат срдечност во однесувањето. Мнозина кои заслужуваат почит поради својата искреност и чесност, покажуваат жален недостиг од топлина. Овој недостиг ја расипува нивната сопствена среќа и има неповолно влијание врз нивната служба за другите. Непристојните често, од чиста непромисленост, жртвуваат голем дел од најубавите и најполезни животни искуства.EdM 252.1

    Родителите и наставниците треба да посветат особено внимание на негувањето на ведрината и убавото однесување. Сите можат да имаат радосно лице, љубезен глас, пристојно однесување, а сето тоа се фактори на влијание. Децата ги привлекува ведрото и весело однесување. Бидете кон нив љубезни и пристојни и тие ќе се однесуваат исто така кон вас и едни кон други.EdM 252.2

    Вистинската пристојност не се учи преку едноставно применување на правилата на бон тонот. Секогаш треба да се внимава на пристојноста во однесувањето; секаде каде што принципите не се загрозени, разбирањето кон другите ќе нё наведе да ги почитуваме прифатените обичаи; но вистинската пристојност не нё принудува да ги жртвуваме принципите пред конвенционалноста. Таа не ги признава општествените разлики. Таа нё учи да се почитуваме себеси, да го почитуваме достоинството на човекот како човек, да го почитуваме секој член на големото човечкото братство.EdM 252.3

    Постои опасност да им се придаде преголема важност на самиот стил и формата на однесувањето и премногу време да се посвети на подучување во тоа подрачје. Животот исполнет со неуморни напори, кој ги очекува сите млади, тешката, често непријатна работа потребна за извршување на обичните животни должности, а уште повеќе за олеснување на тешкиот товар на незнаење и беда во светот — сето тоа остава малку место за конвенционалното.EdM 253.1

    Мнозина многу ја нагласуваат важноста на правилата на формалната пристојност и покажуваат малку почит кон сё, колку и да е добро, зашто не ги задоволува нивните извештачени мерила. Таквото воспитување е погрешно. Тоа го охрабрува горделивото критизерство и тесноградата исклучивост.EdM 253.2

    Суштината на вистинската пристојност е разбирање за другите. Најважно и најсолидно образование е она кое поттикнува на љубезност кон сите. Онаа таканаречена култура која младите не ги учи да им бидат послушни на родителите, да ги вреднуваат нивните добри страни, да имаат трпение кон нивните недостатоци, да им помагаат во нивните потреби; која не ги исполнува со разбирање и нежност, со широкоградост и услужност кон младите, старите и несреќните, а со пристојност кон сите — таквата култура е промашена.EdM 253.3

    Вистинска благородност на мислите и однесувањето попрво ќе се добие во училиштето на божествениот Учител, отколку со било какви држења до утврдените правила на однесување. Неговата љубов, која го пленува срцето, го облагородува карактерот и го обликува по углед на неговиот. Таквото воспитување дава небесно достоинство и небесно чувство за она што е пристојно. Тоа ја прави човечката природа пријатна, а однесувањето отмено како што никогаш не можат да се добијат со површната префинетост на помодарското општество.EdM 254.1

    Библијата бара пристојност, и изнесува многу описи на несебичен дух, отмена убавина и пријатен темперамент, што се обележја на вистинската угладеност. Сето тоа се сепак само одблесоци на Христовиот карактер. Секоја вистинска нежност и пристојност во светот, дури и меѓу оние кои не го признаваат неговото име, доаѓа од него. Тој сака тие особини совршено да се одразуваат во неговите деца. Негова намера е луѓето во нас да ја гледаат неговата убавина.EdM 254.2

    Најдоброто излагање за убаво однесување кое е воопшто забележано, е содржано во прекрасниот налог на Спасителот, и во зборовите кои Светиот Дух ги искажал преку апостол Павле — тие зборови мораат да бидат неизбришливо запишани во меморијата на секое човечко суштество, без оглед дали е младо или старо:EdM 254.3

    „Како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг: (Јован 13,34).EdM 254.4

    „Љубовта долго трпи, полна е со добрина;
    љубовта не завидува,
    не се фали,
    не се вообразува;
    Не се однесува непристојно,
    не го бара своето, не се раздразнува,
    не држи сметка за зло;
    Не ў се радува на неправдата,
    а ў се радува на вистината;
    сё премолчува,
    сё верува,
    на сё се надева,
    сё трпи.
    Љубовта никогаш не престанува.”
    EdM 254.5

    1. Коринќаните 13,4-8

    Стравопочитта е втората скапоцена доблест која треба грижливо да се негува. Вистинската стравопочит кон Бога произлегува од сознанието за неговата неограничена големина и од свеста за неговото присуство. Срцето на секое дете мора да биде длабоко проникнато со таа свест за Невидливиот. Детето мора да научи да ги почитува времето и местото на молитва како и заедничките богослуженија и да ги смета за свети затоа што Бог е присутен. Кога стравопочитта се искажува со ставот и однесувањето, се продлабочува и чувството кое ја поттикнало.EdM 255.1

    И за младите и за старите би било добро да ги проучуваат, често да ги повторуваат и да размислуваат за оние зборови од Светото Писмо кои покажуваат како треба да се почитува местото кое Бог особено го почестил со своето посебно присуство.EdM 255.2

    „Собуј ги обувките од нозете” му рекол Бог на Мојсеја крај разгорената грмушка, „зашто местото на кое стоиш, е света земја” (2. Мојсеева 3,5).EdM 255.3

    Откако ги видел ангелите во визија, Јаков воскликнува: „навистина Господ се наоѓа на ова место, но јас не знаев!… Не е друго, освен дом Божји, ова е врата небесна” (1. Мојсеева 28,16.17)EdM 255.4

    „Но Господ е во својот свет храм: сета земја нека замолчи пред Него” (Авакум 2,20).

    „Зашто величествен е Господ, нашиот Бог,
    велик Цар над сите богови…
    Дојдете да се поклониме и да паднеме,
    Да му се поклониме на Бога, нашиот Создател.”

    „Тој нё создаде, а не ние самите,
    Негов народ сме и овци од неговото пасиште.
    Влезете со благодарници низ неговите порти;
    со песни во неговите дворови;
    фалете го, Славете му го, името”
    EdM 256.1

    Псалм 95,3-6; 100,3,4

    Треба да се покаже стравопочит и кон Божјото име. Никогаш не би смееле да го изговориме тоа име премногу лесно или непромислено. Дури и во молтивата треба да се одбегнува негово често и непотребно повторување. „Свето е и страшно Неговото име!” (Псалм 111,9). Додека го изговараат, ангелите ги покриваат своите лица. Со какво стравопочитување ние, паднати и грешни, би требале да го изговараме со нашите усни!EdM 256.2

    Мораме да покажеме стравопочит и кон Божјата Реч. Мораме да го почитуваме и печатениот текст, никогаш не смееме да го употребуваме во обични цели ниту со нив да постапуваме немарно. Писмото никогаш не треба да се цитира во шега или да се прераскажува за да се искаже некоја духовитост. „Секое Божји збор е чист”, „како сребро претопено во земјана печка пречистено седумпати” (Мудри изреки 30,5; Псалм 12,6).EdM 256.3

    Децата, пред сё, треба да научат дека вистинското стравопочитување се покажува преку послушноста. Ништо што Бог заповедал не е неважно, и нема друг начин да се покаже стравопочит кој би му бил толку пријатен како што е послушноста кон она што Тој го рекол.EdM 256.4

    Треба да се покаже стравопочит и кон Божјите претставници — кон проповедниците, учителите и родителите кои се повикани да зборуваат и дејствуваат во негово име. Почитувајќи ги нив, му укажуваме чест на Бога.EdM 257.1

    Бог особено бара укажување на нежна почит кон остарените. Тој вели: „Седите коси се венец на слава; доколку се наоѓаат на патот на праведноста” (Мудри изреки 16,31). Таа говори за битките кои се водени, и за победите кои се постигнати; за носените бремиња и совладаните искушенија. Таа говори за изморените стапки кои се приближуваат кон одморот, за местата кои наскоро ќе бидат празни. Помогнете им на децата да мислат на тоа и тие ќе им го разубават патот на старите со својата пристојност и почитување и ќе внесат милност и убавина во својот млад живот слушајќи ја заповедта: „Стани пред седа глава; почитувај го лицето на старецот” (3. Мојсеева 19,33).EdM 257.2

    __________

    Татковците и мајките и учителите би морале многу повеќе да ја вреднуваат одговорноста и честа што Бог им ја дал со тоа што ги направил негови претставници пред детето. Карактерот откриен во секој допир со детето ќе му ги прикаже, за добро или за зло, овие Божји зборови:EdM 257.3

    „Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него” (Псалм 103,13). „Како што мајката го теши синот, така и Јас ќе ве утешам” (Исаија 66,13).EdM 257.4

    Среќно е она дете во кое овие зборови будат љубов, благодарност и доверба; дете на кое нежноста, праведноста и трпеливоста на таткото, мајката и учителот му ги прикажуваат Божјата љубов, праведност и трпеливост; дете кое преку довербата, покорноста и стравопочитувањето кон своите земски заштитници учи да покажува доверба, послушност и стравопочит кон својот Бог. Оној, кој на детето или ученикот му дал таков дар, му предал богатство кое е многу поскапоцено од богатствата на сите векови — богатство кое е трајно како вечноста.EdM 257.5

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents