Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

Воспитување

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ПОЗНАВАЊЕ НА ДОБРОТО И ЗЛОТО

    „И како што тие не сакаа да го имаат Бога во разумот свој, нивното неразумно срце им се помрачи.”
    Римјаните 1,28,21

    Иако биле создадени невини и свети, на нашите прародители не им била одземена можноста да згрешат. Бог можел да ги создаде без да имаат моќ да ги престапат Неговите барања, но во тој случај нивниот карактер не би можел да се развива; нивната служба не би била доброволна, туку принудна. Затоа им дал моќ на избор — моќ да послушаат или да одбијат да бидат послушни. И пред да можат да ги примат во полнина благословите кои Тој сакал да им ги даде, нивната љубов и верност морале да бидат испитани.EdM 16.1

    Во Едемската градина се наоѓало дрвото „за познавање на доброто и злото... и Господ Бог му заповеда на човекот, велејќи: ‘од секое дрво во градината можеш слободно да јадеш, но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото!’“ (1. Мојсеева 2,9-17). Бог не сакал Адам и Ева да го запознаат злото. Познавањето на доброто им било достапно и дадено; меѓутоа, познавањето на злото — гревот и неговите последици, заморната и мачна работа, тешкотиите и грижите, разочарувањето и длабоката жалост, болката и смртта — тоа од љубов било скриено од нив.EdM 16.2

    Додека Бог му сакал добро на човекот, сатаната настојувал да го упропасти. Кога Ева се осмелила да се приближи до забранетото дрво не почитувајќи го советот на Господа, дошла во врска со својот непријател. Будејќи кај неа заинтересираност и љубопитност, сатаната продолжил да го негира Божјиот збор и да влева недоверба во Неговата мудрост и добрина. На изјавата на жената за дрвото на спознанието: „Бог рече: ‘не јадете од него и не допирајте го за да не умрете’”, искушувачот одговорил: „Не, нема да умрете! Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро а што зло” (1. Мојсеева 3,3-5).EdM 17.1

    Сатаната сакал да ги увери дека ова познавање на доброто измешано со зло ќе им биде на благослов и дека Бог им ускратил голема добрина забранувајќи им да скинат плод од тоа дрво. Тој тврдел дека Бог им забранил да го вкусат плодот поради неговата прекрасна особина да дава мудрост и сила, и дека на тој начин се обидел да ги спречи да постигнат поблагороден развој и да најдат повозвишена среќа. Тој изјавил дека самиот јадел од забранетиот плод и дека на тој начин се здобил со способноста за говор; и дека и тие, ако јадат од плодот, ќе се издигнат во повисока сфера на постоење и ќе навлезат во пошироки подрачја на знаење.EdM 17.2

    Тврдејќи дека јадењето од забранетото дрво му донело голема добрина, сатаната не дозволил да се забележи дека поради престапот бил истеран од Небото. Тука лагата била толку прикриена со наметка на привидна вистина што Ева, заслепена, поласкана и измамена, не ја забележала измамата. Го посакала она што Бог го забранил, се посомневала во Неговата мудрост. Таа ја отфрлила верата, клучот на знаењето.EdM 18.1

    Кога Ева видела дека „плодот на дрвото е добар за јадење, убав на изглед и дека дрвото е пожелно поради тоа што дава знаење, набра од неговиот плод и го изеде.” Плодот бил со пријатен вкус и, додека јадела, ў се чинело дека навлегува во повисоки сфери на постоење. Кога самата згрешила, таа станала искушувач на својот маж, „па и тој јадеше” (1. Мојсеева 3,6).EdM 18.2

    „Ќе ви се отворат очите”, р екол непријателот, „и ќе станете како богови, распознавајќи го доброто и злото” (1. Мојсеева 3,5). Нивните очи навистина се отвориле; но колку жално било тоа отворање! Познавање на злото, проклетство на гревот, тоа било сё што престапниците добиле. Во самиот плод немало никаков отров и гревот не се состоел само од попуштање на апетитот. Недовербата во Божјата добрина, неверувањето во Неговиот збор и отфрлувањето на Неговиот авторитет, направиле престапници од нашите прародители и го внеле во светот познавањето на злото. Тоа ја отворило вратата за секаков вид лаги и заблуди.EdM 18.3

    Човекот загубил сё бидејќи одлучил попрво да го послуша измамникот отколку Оној кој е Вистина, единствен кој знае сё. Со мешање на доброто и злото неговиот ум станал поматен, а неговите духовни сили парализирани. Тој веќе не бил способен да го вреднува доброто кое Бог толку изобилно го дарувал.EdM 18.4

    Адам и Ева го избрале познавањето на злото и, ако некогаш повторно се здобијат со положбата што ја загубиле, ќе мораат да ја здобиваат под неповолните околности што самите ги создале. Веќе не им било дозволено да престојуваат во Едем, бидејќи неговото совршенство повеќе не можело да им ги дава поуките што сега им станале неопходни. Тие со неискажана тага се простиле од својата прекрасна околина и отишле да престојуваат на земјата врз која почивало проклетството на гревот.EdM 19.1

    Бог му рекол на Адам: „Затоа што го послуша гласот на својата жена, та јадеше од дрвото за кое ти заповедав и реков: ‘Не јади од него!’ земјата нека биде проклета заради тебе: во мака ќе се храниш од неа сите денови на својот живот! Ќе ти раѓа трње и троскот, а ти ќе јадеш полски растенија. Со пот од своето лице ќе јадеш леб, додека не се вратиш во земјата, зашто од неа беше земен — прав си, и во прав ќе се вратиш” (1. Мојсеева 3,17-19).EdM 19.2

    Иако Земјата сега била расипана со проклетството, природата и понатаму требала да биде учебник за човекот. Таа сега не можела да го претставува само доброто, бидејќи злото било присутно насекаде, расипувајќи ги земјата, морето и воздухот со својот нечист допир. Таму каде што некогаш бил напишан само Божјиот карактер — познавањето на доброто, сега е напишан и карактерот на сатаната — познавањето на злото. Природата која сега го откривала познавањето на доброто и злото, требала постојано да го предупредува човекот на последиците од гревот.EdM 19.3

    Во овенатото цвеќе и отпаднатите лисја Адам и неговата придружничка ги виделе првите знаци на пропаѓањето. Јасно го сфатиле горчливиот факт дека сё што е живо ќе мора да умре. Дури и воздухот, од кој зависел нивниот живот, носел во себе семе на смрт.EdM 19.4

    Исто така, тие постојано биле потсетувани на својата загубена власт. Адам стоел како крал меѓу пониските суштества и, додека му бил верен на Бога, целата природа ја признавала неговата власт; но, кога згрешил, ја загубил таа власт. Духот на побуната, кому самиот му ја отворил вратата, се проширил по целото животинско царство. Така, не само животот на човекот, туку и природата на животните, шумските дрвја, тревата во полето, цвеќињата, па и самиот воздух што го вдишувал — сё ја раскажувало тажната лекција за познавањето на злото.EdM 20.1

    Но човекот не им бил препуштен на последиците на злото што го одбрал. Во пресудата изречена над сатаната се наоѓало навестување за откупувањето. „Јас ќе поставам непријателство меѓу тебе и жената” — рекол Бог — „меѓу родот твој и породот нејзин: Тој ќе ти ја смачкува главата, а ти ќе му ја каснуваш петицата!” (1. Мојсеева 3,15). Оваа осуда, изречена во присуство на нашите прародители, за нив била ветување. Пред да слушнат за трњето и плевелот, за мачната работа и жалоста кои ќе им паднат во дел, или за правот во кој ќе се вратат, ги слушнале зборовите кои сигурно им влеале надеж. Сё што било загубено со попуштањето на сатаната, можело повторно да се задобие преку Христа.EdM 20.2

    И природата ни го повторува ова навестување. Иако расипана од гревот, таа нам ни зборува не само за создавањето туку и за откупувањето. Иако Земјата сведочи за проклетството кое се покажува во знаците на пропаѓањето, таа сё уште е богата и прекрасна во доказите на животворната сила. Дрвјата ги отфрлаат листовите само за повторно да се облечат во свежо зеленило; цвеќето венее, за да се појави во нова убавина; во секое откровение на создателската моќ се наоѓа гаранција дека ние можеме да бидеме наново создадени „во праведноста и светоста на вистината” (Ефесјаните 4,24). Така самите предмети и природни појави, кои толку живо нё потсетуваат на нашата голема загуба, истовремено стануваат весници на надеж.EdM 20.3

    Секаде, каде што допрело злото, се слуша гласот на нашиот небесен Татко, кој од своите деца бара да го препознаат гревот според последиците на злото, кој ги предупредува да го отфрлат злото и ги повикува да го прифатат доброто.EdM 21.1

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents