Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

Воспитување

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Мојсеј, силен преку верата

    Мојсеј бил помлад од Јосиф и Даниел кога му била одземена грижливата заштита на домот на неговото детство; меѓутоа, истите влијанија што го формирале нивниот живот, го формирале и неговиот. Тој поминал само дванаесет години со своите еврејски роднини; но токму во текот на овие години бил поставен темелот на неговата големина, утврден со раката на личноста за која малку се зборува.EdM 58.1

    Јохаведа била жена и робинка. Нејзиниот удел во животот бил скромен, нејзиниот товар тежок. Но, ниту една друга жена, освен Марија од Назарет, не му донела поголем благослов на светот. Знаејќи дека наскоро нема да може повеќе да се грижи за своето дете, бидејќи тоа ќе им биде доверено на чување на оние кои не го познаваат Бога, таа уште посериозно настојувала да ја поврзе неговата душа со Небото. Се трудела да всади верност и љубов кон Бога во неговото срце. Тоа дело било верно извршено. Ниту едно подоцнежно влијание не можело да го наведе Мојсеја да ги отфрли принципите на вистината кои мајката со своите проучувања и преку примерот на својот живот грижливо ги всадила.EdM 58.2

    Од скромниот дом во Гесем, синот на Јохаведа преминал во палатата на фараонот, кај египетската принцеза која го дочекала како сакан и мил син. Во египетските училишта Мојсеј се здобил со највисоко граѓанско и војничко образование. Надарен со голема привлечност, со благороден изглед и стас, со префинет дух и кралско држење и славен како војсководител, тој станал гордост на нацијата. Египетскиот цар бил припадник на свештеничката класа; и Мојсеј, иако одбивал да учествува во незнабожечкото богослужение, бил упатен во сите тајни на египетската религија. Бидејќи Египет во тоа време сё уште бил најмоќната и најцивилизирана нација, Мојсеј, кого го очекувала владетелска положба, бил и наследник на највисоките почести што овој свет можел да ги понуди. Но тој избрал нешто поблагородно. Мојсеј ги жртвувал египетските почести за Божјата чест и за ослободувањето на неговиот поробен народ. Тогаш, во посебна смисла, Бог го презел неговото воспитување.EdM 58.3

    Мојсеј сё уште не бил подготвен за своето животно дело. Морал да научи да зависи од божествената сила. Тој погрешно ја разбрал Божјата намера. Се надевал дека ќе ги ослободи Израелците со силата на оружјето. Поради тоа ставил сё на коцка и, загубил. Поразен и разочаран, станал бегалец и прогонет во туѓа земја.EdM 59.1

    Во дивината на Мадијам, Мојсеј поминал 40 години како чувар на овци. Иако се чинело дека е засекогаш одвоен од својата животна мисија, тој, всушност, се здобивал со воспитување неопходно за нејзиното исполнување. Мудроста на управување со неукото и недисциплинирано мноштво мора да се добие со самосовладување. Грижејќи се за овците и нежните јагниња, тој морал да се здобие со искуство кое од него ќе направи верен и трпелив пастир на Израелот. За да може да стане Божји претставник, тој морал да учи од Него.EdM 59.2

    Влијанијата што го опкружувале во Египет, наклонетоста на неговата маќеа, неговата сопствена положба на царски внук, раскошот и порокот кои мамеле на десет илјади начини, префинетоста, мудрувањето и мистицизмот на лажната религија, сето тоа оставило трага врз неговиот ум и карактер. Но сето тоа исчезнало во строгата едноставност на пустината.EdM 59.3

    Мојсеј бил сам со Бога среде свечената величественост на самотијата во планините. Насекаде било напишано името на Создателот. Се чинело дека Мојсеј стои во Божјото присуство и дека е засолнет со Неговата сила. Тука исчезнало неговото чувство дека сё може сам. Во присуството на Бесконечниот, тој сфатил колку човекот е слаб, неспособен и кусоглед.EdM 60.1

    Тука Мојсеј се здобил со она што го загубил во текот на сите години од својот напорен и со грижи оптоварен живот - чувството на Божјата лична присутност. Не само што со векови однапред гледал во времето кога Христос ќе се појави во тело, туку го видел Христа како ги следи израелските војски на сите нивни патувања. Неразбран и погрешно претставен, принуден да поднесува укори и навреди, да се соочува со опасности и смрт, тој бил способен да издржи, „зашто издржа како да го гледа невидливиот” (Евреите 11,27).EdM 60.2

    Мојсеј не само што размислувал за Бога, туку и го видел. Бог секогаш стоел пред него во визија. Никогаш не го губел од вид изразот на неговото лице.EdM 60.3

    За Мојсеј верата не била погодување, туку реалност. Верувал дека Господ на посебен начин управува со неговиот живот; и го признавал Бога во сите пригоди во животот. Се надевал дека Тој ќе му даде сила да се спротивстави на секое искушение.EdM 60.4

    Тој сакал големото дело што му било доверено да го направи успешно во најголема мера, и затоа целосно се потрпел врз божествената сила. Чувствувал потреба од помош, се молел за неа, ја примал со вера и одел напред надевајќи се во таа сигурна сила.EdM 60.5

    Тоа било искуството на Мојсеј стекнато во текот на четириесетгодишното школување во пустината. Бесконечната Мудрост не го сметала тој период премногу долг, ниту цената премногу висока за да му даде еден таков вид на искуство.EdM 60.6

    Резултатите од тоа воспитување, поуките објавени таму, поврзани се не само со историјата на израелскиот народ туку и со сето она што од тоа време до денес придонесувало за напредок на светот. Највисоко сведоштво за големината на Мојсеј е судот кој за неговиот живот го изрекло вдахновението: „Не се појави веќе пророк во Израел еднаков на Мојсеја, кого Господ го познаваше него лице в лице” (5. Мојсеева 34,10).EdM 61.1

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents