Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

Воспитување

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ОБЛЕКУВАЊЕ И ВОСПИТУВАЊЕ

    „Во пристојна облека,” „Целата слава на царската ќерка е однатре.”
    1. Тимотеј 2,9; Псалм 45,13

    Никакво воспитување не може да биде целосно ако не се дадени и принципите на правилното облекување. Без такво подучување, воспитното дело многу често се попречува и расипува. Љубовта кон облекувањето и предаденоста на модата спаѓаат меѓу најстрашните соперници на учителот и меѓу најделотворните пречки за воспитувањето.EdM 259.1

    Модата е господарка која владее со железна рака. Во многу домови силата, времето и вниманието на родителите и децата се трошат за задоволување на нејзините барања. Богатите се трудат да се надминат едни со други во прифаќањето на нејзините стилови кои постојано се менуваат; средните и посиромашните слоеви се обидуваат да се приближат кон стандардите што ги поставиле оние за кои сметаат дека се над нив. Кога средствата или силата се ограничени, а желбата за елеганција голема, товарот станува речиси неподнослив.EdM 259.2

    На мнозина не им е важно дали облеката е пристојна, или дури и убава; ако модата се смени, и таа мора да се преработи или отфрли. Членовите на домаќинството се осудени на бескрајно мачење. Нема време за воспитување на децата, нема време за молитва и проучување на Библијата, за помагање на најмладите да се запознаат со Бога преку неговите дела.EdM 260.1

    Нема време ни пари за добродетел. Често пати и семејната трпеза трпи. Храната е лошо одбрана и набрзина подготвена, а барањата на природата се само делумно задоволени. Така се создаваат лоши навики во исхраната кои предизвикуваат болест или наведуваат на неумереност.EdM 260.2

    Желбата за истакнување води кон расипништво и кај многу млади луѓе ја уништува желбата за поблагороден живот. Наместо да се стремат кон образование, тие мошне рано се фаќаат за некоја работа за да заработат пари и на тој начин да ја задоволат својата страст за облекување. Оваа страст одвела во пропаст многу млади девојки.EdM 260.3

    Во многу домови семејните извори на приходи премногу се оптоваруваат. Таткото, немоќен да ги задоволи барањата на мајката и децата е во искушение да стане нечесен, и сето тоа повторно завршува со срам и пропаст.EdM 260.4

    Дури и богослуженијата и денот за одмор не се изземени од власта на модата. Тие, напротив, даваат можност за уште поголемо прикажување на нејзината моќ. Црквата станала место за одржување на модни ревии и повеќе се размислува за модата отколку за проповедта. Сиромасите кои не се во состојба да ги задоволат барањата на модата едноставно отсуствуваат од црквата. Денот за одмор поминува во безделничење, а младите често во друштво кое ги расипува.EdM 260.5

    Во училиштето, несоодветното и неудобно облекување им оневозможува на девојките да учат и да се рекреираат. Нивните мисли се толку обземени со облекувањето што учителот има тешка задача да го привлече нивното внимание.EdM 261.1

    За да се ослободи од опседнатоста со модата, учителот често не може да најде поуспешно средство од допирот со природата. Учениците треба да ги вкусат задоволствата што можат да се најдат покрај реките, езерото или морето; нека се качуваат на ридови, нека ја гледаат убавината на заоѓањето на сонцето, нека ги истражуваат сокровиштата на шумите и полињата; нека се запознаат со уживањето што го овозможува одгледувањето растенија и цвеќиња; и тогаш дополнителната панделка или чипка ќе им стане потполно беззначајна.EdM 261.2

    Помогнете им на младите да согледаат дека без едноставност во облекувањето, како и во исхраната, нема ни интелектуална големина. Наведете ги да согледаат колку мораат да учат и да работат за да го постигнат тоа; колку се скапоцени деновите на младоста во подготовката за животното дело. Помогнете им да разберат какви богатства се кријат во Божјата Реч, во книгата на природата и во биографиите на благородните луѓе.EdM 261.3

    Нивните мисли треба да се занимаваат со страдањата што можат да ги ублажат. Помогнете им да согледаат дека со секоја пара фрлена на расфрлање тие се лишуваат себеси од пари со кои би можеле да нахранат гладни, да облечат необлечени и да утешат жалосни.EdM 261.4

    Тие не смеат да ги пропуштат прекрасните можности што им ги дава животот, ниту да дозволат умот да им закржлави, здравјето да им пропадне и нивата среќа да се разурне само за да ги задоволат барањата кои не се диктирани ниту од разумот, ниту од удобноста, ниту од убавината.EdM 261.5

    Истовремено, младите мораат да научат да ја разберат поуката на природата: „Сё што прави Тој е прекрасно во свое време” (Проповедник 3,11). Ние имаме предимство со облекувањето, како и со сё друго, да му укажеме чест на нашиот Создател. Тој сака нашата облека да биде не само уредна и здрава туку и соодветна и пристојна.EdM 262.1

    Карактерот на некоја личност се проценува според начинот на нејзиното облекување. Префинетиот вкус и благородниот ум се откриваат со изборот на едноставна и соодветна облека. Невината едноставност во облекувањето, соединета со скромност во однесувањето, многу ќе придонесе за младата жена да биде опкружена со атмосфера на света воздржаност, која ќе ја заштити од илјадници опасности.EdM 262.2

    Девојките треба да научат дека во умешноста на облекувањето спаѓа и умешноста самите да си шијат облека. Оваа амбиција треба да ја негува секоја девојка. Таа не смее да ја пропушти оваа можност да биде полезна и независна.EdM 262.3

    __________

    Правилно е да ја сакаме убавината и да се стремиме кон неа; но Бог сака најнапред да ја љубиме и да ја бараме највисоката убавина — која нема да пропадне. Најбираните производи на човечката умешност немаат убавина која би можела да се спореди со убавината на карактерот кој во Божји очи има „голема вредност”.EdM 262.4

    Младите и децата треба да научат да си изберат царско руво, исткаено на небесниот разбој — „светло и чисто ленено платно” (Откровение 19,8), што ќе го носат сите свети од Земјата. Ова руво, Христовиот неоскверенат карактер, бесплатно му е понудено на секое човечко суштество. Но, сите што ќе го примат, ќе го примат и ќе носат уште тука.EdM 262.5

    Објаснете им на децата дека кога се занимаваат со непорочни мисли, кои се вдахнати со љубов, и кога прават љубезни и полезни дела, тие се облекуваат во прекрасната облека на Христовиот карактер. Таа облека ќе овозможи тие да бидат убави и омилени и тука, а во вечноста ќе им го даде правото да влезат во палатата на Владетелот. Неговото ветување гласи:EdM 263.1

    „Тие ќе одат во бели облеки со мене, зашто се достојни” (Откровение 3,4).EdM 263.2

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents