Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

Воспитување

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Христовата моќ преобразува

    Од дванесеттемината ученици, четворица требале да имаат водечка улога, секој на своето посебно подрачје. За да ги подготви за тоа, Христос ги подучувал предвидувајќи сё. Јаков, одреден да умре со брза смрт од меч, Јован, кој требал најдолго од сите браќа да го следи својот Учител во работата и прогонството; Петар, пионер во пробивањето на вековните огради и во проповедањето на незнабожечкиот свет; и Јуда, способен да се истакне над своите браќа во службата, а сепак во своето срце да кове планови за чии последици малку мислел - тоа биле оние за кои Христос најмногу се грижел и кои најчесто и најгрижливо ги подучувал.EdM 84.4

    Петар, Јаков и Јован се стремеле да бидат покрај својот Учител во секоја поволна прилика и нивната желба била исполнета. Меѓу дванаесеттемина, тие биле во најтесна врска со Него. Јован можела да го задоволи само уште поголема блискост и тој и го постигнал тоа. На оној прв состанок покрај Јордан, кога Андреј, слушајќи го Исус, отрчал да го повика брата си, Јован седел молчејќи, задлабочен во размислувањето за чудесни теми. Тој го следел Спасителот како желен и внимателен слушател. Сепак, карактерот на Јован не бил без мана. Тој не бил некој благ, занесен „сонувач”. Него и неговиот брат ги нарекувале „синови на громот” (Марко 3,17). Јован бил горд, честољубив, воинствен; но под сето тоа небесниот Учител видел топло, искрено и верно срце. Исус ја осудил неговата себичност, ја разочарал неговата честољубивост и ја испитал неговата вера. Но, му го открил она по што копнеела неговата душа — убавината на светоста, својата сопствена љубов која преобразува. „Го јавив името Твое на луѓето”, му рекол Исус на Отецот, „што си ми ги дал од светот” (Јован 17,6).EdM 85.1

    Јован по природа копнеел по љубов, симпатија и другарство. Тој се припил до Исуса, седел покрај него, се потпирал на неговите гради. Како што цветот ги впива сонцето и росата, така и тој ги впивал божествената светлина и животот. Го гледал Спасителот со обожавање восхит и љубов, сё додека сличноста со Христа и заедницата со него не станале негов единствен копнеж и додека во неговиот карактер не се одразил карактерот на неговиот Учител.EdM 85.2

    „Гледате”, пишува тој, „каква љубов ни дал Отецот: да се наречуваме Божји деца. Затоа светот не нё познава нас, зашто не го позна него. Возљубени, сега сме Божји деца, и уште не се откри што ќе бидеме; но знаеме: кога Тој ќе се појави, ќе му бидеме слични, зашто ќе го гледаме онаков каков што е. И секој, кој ја има оваа надеж во него, се очистува самиот, како што е и Тој чист” (1. Јованово 3,1-3).EdM 86.1

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents