Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

Воспитување

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ПРИНЦИПИ И МЕТОДИ НА РАБОТЕЊЕ

    „Кој живее непорочно, оди без страв”
    Изреки 10,9

    Не постои гранка на чесно работење за која Библијата не би можела да ни понуди најосновна подготовка. Нејзините принципи на трудољубивост, чесност, штедливост, владеење со себеси и непорочност се тајната на вистинскиот успех. Овие принципи, како што се изложени во книгата Мудри изреки, претставуваат сокровиште на практичната мудрост. Каде може трговецот, занаетчијата, раководителот во кое било подрачје на работење, да најде подобри совети за себе или за своите вработени од оние што се наоѓаат во овие зборови на мудриот човек:EdM 136.1

    „Дали си видел човек трудољубив во својата работа? Таквиот ќе стои пред цареви, нема да стои пред прости” (Мудри изреки 22,29).EdM 136.2

    „Од секој труд има полза, а говорот на усните е само сиромаштво” (Мудри изреки 14,23).EdM 137.1

    „Душата на мрзеливиот посакува, но без успех.” „Пијаницата и изедникот осиромашуваат, а дремливоста ќе ги облече во партали” (Мудри изреки 13,4; 23,21).EdM 137.2

    „Кој клевети наоколу, открива тајни; затоа не здружувај се со оној, кому усните секогаш му се отворени” (Мудри изреки 20,19)EdM 137.3

    „Разумниот се воздржува во своите зборови”; но „кој е безумен, ја почнува препирката” (Мудри изреки 17,27; 20,3).EdM 137.4

    „Не оди по патот на лошите”; „Може ли некој да оди по вжарени јаглени, а да не си ги изгори своите нозе?” (Мудри изреки 4,14; 6,28).EdM 137.5

    „Дружи се со мудрите и ќе станеш мудар”. (Мудри изреки 13,20).EdM 137.6

    „Кој има пријател, треба пријателски да постапува” (Мудри изреки 18,24).EdM 137.7

    Целото подрачје на нашите меѓусебни обврски е опфатено со Христовите зборови: „И така, сё што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така” (Матеј 7,12).EdM 137.8

    __________

    Многумина би можеле да избегнат финансиски неуспех и пропаст кога би ги слушале предупредувањата кои се толку често повторувани и нагласувани во Писмото: „Кој брза по богатство, нема да остане невин” (Мудри изреки 28,20).EdM 137.9

    „Со измама придобиено богатство исчезнува, а кој собира со труд, го умножува” (Мудри изреки 13,11).EdM 137.10

    „Сокровиште придобиено со лажлив јазик е непостојана суета на оние кои бараат смрт” (Мудри изреки 21,6). „Должникот е слуга на позајмувачот” (Мудри изреки 22,7).EdM 137.11

    „Многу лошо поминува кој заложува за друг, а без страв е кој го мрази залогот” (Мудри изреки 11,5).EdM 138.1

    „Не преместувај ги старите меѓи и не навлегувај во нивата на сираците, зашто е моќен нивниот Заштитник, ќе го брани нивното право против тебе.” „Кој го угнетува бедниот за да се збогати и кој дава на богатиот - ќе осиромашат.” „Кој копа јама, сам паѓа во неа, и кој тркала камен, врз него ќе се врати” (Мудри изреки 23,10,11; 22,16; 26,27).EdM 138.2

    Врз овие принципи се потпира благосостојбата на општеството, без оглед дали се работи за световни или за верски заедници. Овие принципи им даваат сигурност и на имотот и на животот. За сё што овозможува заемна доверба и соработка, светот може да му заблагодари на Божјиот закон кој е запишан во неговата Реч и кој уште постои во човечкото срце, често запишан со нејасни и речиси избришани букви.EdM 138.3

    __________

    Зборовите на псалмистот: „Помил ми е законот на Твојата уста, отколку илјада златници и сребреници” (Псалм 119,72), го изразуваат она што е вистинито и од друг аспект, не само од религиозен. Тие ја изразуваат апсолутната вистина, вистина која е призната и во деловниот свет. Дури и во ова време на страсна потрага по пари, остра конкуренција и бескрупулозни методи, сепак сё уште се признава дека за еден млад човек кој влегува во животот, чесноста, трудољубивоста, владеењето со себеси, непорочноста и штедливоста претставуваат подобар капитал од која било сума пари.EdM 138.4

    __________

    Сепак, дури и меѓу оние кои ги вреднуваат овие особини и ја признаваат Библијата како нивен извор, само ретки сфаќаат од кој принцип тие произлегуваат.EdM 139.1

    Темел на деловната чесност и вистинскиот успех е признавањето дека Бог е сопственик на сё. Создателот на сё е вистинскиот сопственик. Ние сме негови повереници. Сё што имаме Тој ни доверил да го употребуваме во согласност со неговите упатства.EdM 139.2

    Тоа е обврска на секое човечко суштество. Таа се однесува на севкупното подрачје на човечкото дејствување. Без оглед дали го признаваме тоа, ние сме повереници кои Бог ги снабдува со способности и средства и ги поставува во светот да ја извршуваат работата што Тој им ја одредил.EdM 139.3

    На секој човек му е дадена „негова работа” (Марко 13,34), работа која е прилагодена на неговите способности, работа која ќе му донесе најмногу добро и нему и на неговите ближни, и најмногу ќе го прослави Бога.EdM 139.4

    Така нашата работа, или професија, станува дел од големиот Божји план и, сё додека ја извршуваме во согласност со неговата волја, Тој самиот е одговорен за последиците. „Ние сме соработници на Бога” (1. Коринќаните 3,9) и наша улога е верно да ги исполнуваме неговите упатства. Така нема да има потреба од вознемиреност и грижа. Трудољубивоста, верноста, грижливоста, штедливоста, разумноста се барани особини. Секоја способност мора да се развие до максимум. Но тоа нема да зависи од успешниот исход на нашите напори, туку од Божјото ветување. Словото кое ги хранело Израелците во пустината, го одржало Илија во време на глад, ја има истата сила и денес: „И така, не грижете се, велејќи: ‘што ќе јадеме?’ или: ‘што ќе пиеме?’ … Но, барајте го првин царството Божјо и неговата праведност, и сето тоа ќе ви се додаде” (Матеј 6,31-33).EdM 139.5

    __________

    Оној кој на луѓето им ја дава способноста да стекнуваат имот, со тој дар поврзал и обврска. Од сё што стекнуваме, Тој побарува одреден дел. Десетокот е Господов. „Секоја десетина од земјата од полските посеви и од плодовите на дрвјата”, … „секој десеток од крупниот и од ситниот добиток,“… „нека Му биде посветено на Господа” (3. Мојсеева 27,30.32). Ветувањето што Јаков го дал кај Ветил ја покажува големината на обврската. „А од сё што ќе ми даваш, за тебе ќе одвојувам десеток” (1. Мој- сеева 28,22).EdM 140.1

    „Донесете ги сите десетоци во ризницата” (Малахија 3,10), гласи Божјата заповед. Не е упатен повик на благодарност или дарежливост. Тоа едноставно е прашање на чесност. Десетокот е Господов; и Тој ни наложува да му го вратиме она што е негово.EdM 140.2

    „А од управителите натаму се бара секој да се покаже верен” (1. Коринќаните 4,2). Ако чесноста е важен принцип во деловниот живот, зар не би морале да ја признаеме и својата обврска кон Бога — обврска која е темел на сите други?EdM 140.3

    __________

    Со службата на повереништво е поврзана и обврска, не само кон Бога, туку и кон човекот. Бескрајната љубов на Откупителот му дава животни дарови на секое човечко суштество. Храната, облеката и засолништето, телото, умот и душата — сето тоа е придобиено со неговата крв. И Христос нё поврзал со нашите ближни со обврската на благодарност и служба, која настанала на таков начин. Тој ни заповеда: „Со љубов служете си еден на друг”EdM 140.4

    (Галатите 5,13). „Доколку му направивте на еден од овие мои најмали браќа, мене ми направивте” (Матеј 25,40).EdM 141.1

    „Јас сум им должник”, изјавува Павле, „и на Грците и на варварите и на мудрите и на неразумните” (Римјаните 1,14). Тоа важи и за нас. Сё со што во животот сме благословени повеќе од другите, од нас прави должници на секое човечко суштество на кое можеме да му направиме добрина.EdM 141.2

    Овие вистини не важат повеќе дома отколку во претпријатието. Добрата со кои управуваме не се наши; секогаш е ризично да се загуби од вид овој факт. Ние сме само повереници, и од исполнувањето на нашата обврска кон Бога и кон луѓето зависи и благосостојбата на нашите ближни и нашата сопствена судбина и во овој и во животот што ќе дојде.EdM 141.3

    __________

    „Кој дели изобилно сё повеќе има, а кој скржави сё е посиромашен.” „Фрли го својот леб во водите и ќе го најдеш после многу време.” „Благотворната душа наоѓа поткрепа, а кој ги напојува другите, сам ќе се напои” (Мудри изреки 11,24; Проповедник 11,1; Мудри изреки 11,25).EdM 141.4

    „Не труди се за да придобиеш богатство… насочиш ли ги очите кон него, него веќе го нема, зашто си направило крилја како орел и летнало кон небото” (Мудри изреки 23,4.5).EdM 141.5

    „Давајте и ќе ви се даде: добра мерка — набиена, натресена, преполнета, ќе ви биде дадена во скутот, зашто со каква мерка мерите, со таква ќе ви се одмери” (Лука 6,38).EdM 141.6

    __________

    „Почитувај го Господа со Својот имот и со првините на сиот свој приход, и твоите житници ќе бидат преполни, и твоите каци ќе се прелеваат со ново вино” (Мудри изреки 3,9.10).EdM 142.1

    „Донесете ги сите десетоци во ризницата, за да има храна во мојот дом. Тогаш испитајте ме — зборува Господ над војските — не ќе ли ви ги отворам небесните прозорци и не ќе ли излеам врз вас благослов со полна мерка. Нема ли заради вас да му забранам на скакулецот за да не ви ги расипува веќе посевите и за да не ви биде неплодна лозата во полето... Тогаш сите народи ќе ве сметаат за среќни, зашто ќе бидете земја пожелувана” (Малахија 3,10-12).EdM 142.2

    „Ако живеете, според моите закони, ако ги пазите моите заповеди и ако ги спроведувате во дело, ќе ви дадам дожд во право време, па земјата ќе раѓа род, а стеблата во полето ќе донесуваат плодови. Вршењето ќе ви го достигнува гроздоберот, а бербата ќе го достигнува сеењето. Ќе јадете свој леб до наситка, и ќе живеете безопасно во вашата земја. Ќе ў дадам мир на земјата; . . . и никој не ќе ве плаши.“(3. Мојсеева 26,3-6).EdM 142.3

    „Стремете се кон правда, притекнете му на помош на угнетуваниот, помогнете му на сирачето до правдата, заземете се за вдовицата.” „Блазе му на оној кој мисли на бедниот, Господ ќе го спаси во ден на неволја! Господ ќе го штити и ќе го запази жив, ќе му даде среќа на земјата, и нема да го предаде на волјата на неговите непријатели.” „На Господ му позајмува кој е милостив кон бедниот, и Тој ќе му го плати добротворството” (Исаија 1,17; Псалм 41,2.3; Мудри изреки 19,17).EdM 142.4

    Оној кој на ваков начин ги вложува своите пари собира двојно богатство. Освен она што на крајот ќе мора да го остави, без оглед колку мудро го умножува, тој собира богатство за вечноста — богатство кое е највреден имот и на земјата и на небото.EdM 142.5

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents