Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

Воспитување

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ДРУГИ СЛИКОВИТИ ПОУКИ

    „Кој е мудар и го пази ова, ќе ја разбере Господовата милост”
    Псалм 107,43

    Божјата исцелителна сила ја проникнува целата природа. Ако дрвото е повредено, ако човечкото суштество е рането или скршило коска, природата веднаш почнува да ја зацелува повредата. Дури и пред да се појави потреба, исцелителните сили се во приправност; и штом е повреден дел од телото, сите сили се посветуваат на делото на обновување. Така е и на подрачјето на духовното. Уште пред гревот да создаде потреба од тоа, Бог се погрижил за лек. Непријателот ја ранил и повредил секоја душа која попуштила пред искушението; но, каде што е гревот, таму е и Спасителот. Христовото дело е „да ги исцели сокрушените по срце, да им проповеда на заробените ослободување,... да ги пуши на слобода напатените” (Лука 4,18).EdM 111.1

    Ние сме должни да соработуваме во ова дело. „И да падне некој во некаков грев… поправајте го” (Галатите 6,1). Зборот тука преведен како „поправајте” значи враќање на место, како исчашен зглоб. Колку добро погодена слика! Оној што ќе падне во заблуда или грев, „се исчашил” од односот кон сё околу себе. Тој може да ја согледа својата заблуда, и да биде исполнет со грижа на совест; но не може сам да се поправи. Тој е збунет и растроен, поразен и беспомошен. Мора да биде вратен назад, излекуван, повторно ставен на поранешното место. „Вие кои сте духовни поправајте го таквиот.” Единствено љубовта што тече од Христовото срце може да исцели. Единствено оној во кого тече оваа љубов, како сок во дрвото или крв во телото, може да ја „поправи” ранетата душа.EdM 112.1

    Делата на љубовта имаат возвишена моќ бидејќи се божествени. Кога би ја разбрале поуката дека „кроткиоот oдговор гневот го ублажува”, тоа дека „љубовта е долготрпелива, полна со добрина”, и „љубовта покрива многу гревови” (Изреки 15,1; 1. Коринќаните 13,4; 1. Петрово 4,8) — каква исцелителна сила би добил нашиот живот! Како би бил животот преобразен, а Земјата би станала слична на Небото, кое уште сега би можело да се види и да се почувствува!EdM 112.2

    Овие скапоцени поуки можат да се изнесуваат толку едноставно што ќе можат да ги разберат дури и малите деца. Детското срце е нежно и на него може лесно да се влијае; и кога ние, кои сме постари, ќе станеме „како мали деца” (Матеј 18,3); кога ќе се научиме на едноставноста, благоста и нежната љубов на Спасителот, нема да ни биде тешко да им се приближиме на срцата на малечките и да ги научиме на исцелувачката служба на љубовта.EdM 112.3

    __________

    Совршенството постои и во најмалите како и во најголемите Божји дела. Раката која ги закачила световите во просторот, е истата рака што ги обликува цветовите во полето. Испитајте ги под микроскоп најмалите и најобични цветови што растат покрај патот, и обрнете внимание на извонредната убавина и совршенството на сите негови делови. Така и во најскромните животни околности може да се постигне вистинско совршенство; најобичните должности, извршени верно и со љубов, се прекрасни во Божјите очи. Совесноста и внимателноста со која ги извршуваме и малите должности од нас ќе направат Божји соработници и ќе ни донесат признание од Оној кој сё гледа и сё знае.EdM 113.1

    Виножитото што го премостува небото со својот светлосен лак е спомен за „вечниот завет меѓу Бога и секоја жива душа” (1. Мојсеева 9,16). А и виножитото што го опкружува престолот во височините, за Божјите деца претставува знак на неговиот завет на мирот.EdM 113.2

    Како што лакот во облаците настанува со соединување на сончевата светлина и дождот, така и лакот над Божјиот престол претставува соединување на Неговата милост и Неговата праведност. На грешната душа, која се кае, Бог ў вели: Живеј, „пронајдов откуп” (Книгата за Јов 33,24).EdM 113.3

    „Како кога се заколнав, дека Ноевите води нема да ја преплават веќе земјата; така се колнам дека веќе нема да се срдам на тебе ниту ќе те прекорувам. Нека се раздвижат и планините и нека се потресат бреговите, но мојата љубов нема да се повлече од тебе, ниту ќе се расколеба мојот завет на мирот, вели Господ, Кој ти се смилува” (Исаија 54,9.10).EdM 113.4

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents