Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

Воспитување

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ПРОРОЧКИ УЧИЛИШТА

    „Тие седеа при Твоите нозе; Секој еден ќе прими од Твоите зборови.”
    5. Мојсеева 33,3.4

    Секаде каде што бил применуван Божјиот план за воспитување на Израелците, успесите сведочеле за неговиот Автор. Но, многу биле ретки домовите во кои се давало воспитувањето пропишано од Небото, па и карактери кои би се изградувале на таков начин имало малку. Божјиот план бил само делумно и непотполно остварен. Преку неверство и презир кон Божјите упатства, Израелците се опкружиле со искушенија на кои малкумина од нив знаеле да им се спротивстават. Кога се населиле во Ханан, „и не ги истребија народите, за кои Господ им беше наредил. Се измешаа со незнабошците и ги научија нивните дела; ги почитуваа нивните идоли, што им станаа стапица„. Нивното срце не било праведно пред Бога, „ниту беа верни на неговиот Завет; а Тој милостиво им го проштаваше гревот и не ги погубуваше; често го воздржуваше својот гнев... Си спомнуваше дека се тело, и здив што заминува и не се враќа веќе” (Псалм 106,34-36; 78,37-39).EdM 40.1

    Татковците и мајките во Израел станале немарни да ги извршуваат своите должности кон Бога; немарно ги извршувале и своите должности кон сопствените деца. Поради неверноста во домот и идолопоклоничките влијанија од надвор, многу млади Евреи добиле воспитување кое многу се разликувало од она што Бог го планирал за нив. Тие се научиле на патиштата на незнабошците.EdM 41.1

    За да го искорени ова зло кое сё повеќе растело, Бог обезбедил други средства како помош на родителите во воспитното дело. Од најстари времиња пророците биле признаени како учители поставени од Бога. Во највисока смисла на зборот, пророкот бил личност која зборува под директно вдахновение, пренесувајќи им ги на луѓето пораките што ги примил од Бога. Но ова име им било давано и на оние кои, иако не толку директно вдахновени, примиле божествен повик да го поучуваат народот на Божјите дела и патишта. За образование на такви учители, според упатство од Господа, Самоил основал пророчки училишта.EdM 41.2

    Тие училишта требале да служат како тврдина против сё поголемата расипаност, да се грижат за душевното и духовно добро на младите и да го поттикнувааат напредокот на народот давајќи му луѓе со страв Божји, способни да работат како водачи и советници. За таа цел Самоил собрал групи млади луѓе кои биле побожни, интелигентни и вредни. Таквите биле нарекувани пророчки синови. Додека ја проучувале Божјата Реч и Неговите дела, Неговата животворна сила ги зајакнувала енергиите на умот и душата и овие ученици примале мудрост одозгора. Учителите не само што ги познавале добро небесните вистини туку и живееле во тесна врска со Бога, и примиле посебен дар на Неговиот Дух. Ги уживале почитувањето и довербата на народот, како поради својата ученост, така и поради својата побожност. Во времето на Самоил постоеле две такви училишта — едно во Рама, татковината на пророкот, а друго во Кирјат-Јарим. Подоцна биле формирани и други.EdM 41.3

    Учениците во овие училишта се издржувале сами со својот сопствен труд, обработувајќи земја или занимавајќи се со некој занает. Во Израел тоа не се сметало ниту за необично ниту за понижувачко; напротив, било сметано за грев ако се дозволи децата да израснат без да научат некоја полезна работа. Секое момче, без оглед да- ли неговите родители се сиромаси или богати, учело некоја работа. Дури и кога некој се подготвувал за света служба, практичното животно знаење се сметало за неопходно за да може да биде полезен во најголема можна мерка. И многу учители исто така се издржувале преку физичка работа.EdM 42.1

    Во училиштето и во домот, голем дел од наставата се одвивал усно; но младите учеле да ги читаат еврејските списи, а им било овозможено и да ги проучуваат пергаментните свитоци на старозаветните Писма. Главни предмети на проучување во тие школи биле Божјиот закон со поуките дадени на Мојсеј, светата историја, светата музика и поезијата. Во извештаите на светата историја биле истражувани трагите на Божјите стапки. Живо се прикажувале големите вистини претставени со симболите на службата во Светилиштето и со вера се прифаќала централната личност на целиот тој систем — Јагнето Божјо, кое требало да ги земе врз Себе гревовите на светот. Се негувал Дух на побожност. Учениците биле поучувани не само да се молат туку и како да се молат, како да се приближат кон својот Создател, како да покажат вера во Него и како да ги разберат и послушаат поуките на неговиот Дух. Посветениот ум изнесувал од Божјото сокровиште и старо и ново, и Божјиот Дух се откривал во пророштвото и светите песни.EdM 42.2

    Овие училишта се покажале како едно од најуспешните средства за ширење на праведноста која „го возвишува народот” (Мудри изреки 13,4). Тие во голема мерка придонеле за поставувањето на темелите на онаа необична благосостојба со која се одликувале владеењата на Давид и Соломон.EdM 43.1

    Принципите предавани во пророчките училишта биле оние исти принципи што го формирале карактерот на Давид и го обликувале неговиот живот. Негов учител била Божјата Реч. „Преку твоите заповеди”, рекол тој, „станав разумен... го наклонив срцето свое да ги извршува наредбите Твои” (Псалм 119,104-112). Затоа Господ, кога во младоста го повикал на престолот, го нарекол Давида „човек според моето срце” (Дела 13,22).EdM 43.2

    Во раниот период од животот на Соломон исто така се гледале резултатите од Божјиот метод на воспитување. Соломон во својата младост го направил истиот избор како и Давид. Наместо кое било земско добро, тој од Бога барал мудро и разумно срце. И Господ му го дал не само тоа што го барал, туку и она што не го барал — богатство и чест. Силата на неговиот ум, широчината на неговото знаење, славата на неговото владеење станале чудо во светот.EdM 43.3

    Под владеењето на Давид и Соломон Израел го достигнал зенитот на својата големина. Се исполнило ветувањето дадено на Авраам и повторено преку Мојсеј: „Ако ги држите верно сите овие заповеди кои ви ги наредувам, ако ги вршите и ако го љубите Господа, својот Бог, ако одите по сите негови патишта и ако се прилепите цврсто до него, Господ ќе ги протера од пред вас сите тие народи, и вие ќе завладеете помногубројни и посилни народи од себе. Секое место на кое ќе стапне вашата нога ќе биде ваше; од пустината и од Ливан, од реката, реката Еуфрат, до Западното Море, ќе се тегне вашето подрачје. Никој не ќе се одржи пред вас” (5. Мојсеева 11,22-25).EdM 43.4

    Но среде благосостојбата демнела опасност. Гревот што Давид го направил во подоцнежните години, иако за него искрено се покајал и поднел болна казна, го охрабрил народот да ги престапува Божјите заповеди. И животот на Соломон, по утрото кое толку многу ветувало, бил помрачен со отпад. Желбата за политичка моќ и самовозвишување го навеле да склучува сојузи со незнабожечки народи. Среброто од Тарс и златото од Офир ги добил жртвувајќи ја честа и изневерувајќи ја светата доверба. Дружењето со незнабошци, женидбите со незнабожечки жени, ја расипале неговата вера. Така биле урнати браните кои Бог ги подигнал за да го заштити својот народ, и Соломон се препуштил на обожавање на лажни богови. На врвот на Маслинската гора, спроти Божјиот храм, биле подигнати огромни идоли и олтари за служба на незнабожечки божества. Прекршувајќи ја својата лојалност кон Бога, Соломон ја загубил и моќта да владее со себе. Неговата благородна чувствителност отапела. Исчезнале неговата совесност и сочувствителноста со кои се одликувал во првите години од своето владеење. Горделивоста, честољубието, расипноста и попустливоста вродиле со суровост и претерани даноци. Тој, кој бил праведен, милостив и богобојазен владетел, станал тиран и насилник. Тој, кој при посветувањето на храмот се молел за својот народ, за нивните срца да му припаѓаат единствено на Господа, ги навел на зло. Соломон се посрамил себеси, ги посрамил Израелците и го навредил Бога.EdM 44.1

    Народот, за кого тој бил гордост, тргнал по неговите стапки. Иако Соломон подоцна се покајал, неговото покајание не го спречило злото што го посеал да донесе род. Дисциплината и воспитувањето кои Бог ги одредил за Израелците, требале да постигнат тој да се разликува од другите народи по севкупниот начин на живот. Таа исклучителност, која требале да ја сметаат за особено предимство и благослов, ним не им била мила. Тие се стремеле да ги заменат едноставноста и воздржливоста, суштествени за највисокиот степен на развој, со сјајот и распуштеноста на незнабожечките народи. Нивна честољубива желба била да бидат „како сите народи” (1. Самоилова 8,5). Божјиот план на воспитување бил отфрлен, а неговиот авторитет презрен.EdM 45.1

    Со отфрлувањето на Божјите патишта и прифаќање на човечките, почнал падот на Израел. Тој продолжил сё додека јудејскиот народ не станал плен на истите оние народи чии обичаи доброволно ги прифатил.EdM 45.2

    Како народ, синовите Израелеви не ги прифатиле предимствата што Бог сакал да им ги даде. Тие не ги вреднувале Неговите намери, ниту соработувале во нивното исполнување. Но, иако поединци и народи можат да се одделат од Бога на таков начин, Неговата намера кон оние кои имаат доверба во Него останува непроменета. „Сё што прави Бог останува довека” (Проповедник 3,14).EdM 45.3

    Иако постојат различни степени на развој и различни објави на Неговата сила за да се задоволат потребите на луѓето во различни векови, сепак Божјото дело во сите времиња е исто. Учителот е ист. Божјиот карактер и неговиот план се исти. Кај Бога нема „измени, ниту сенка од промена” (Јаков 1,17).EdM 45.4

    Искуствата на Израелот се забележани за наша поука. „А сё тоа им се случи за пример, и е напишано за поука нам, врз кои дојдоа краевите на времињата” (1. Коринќаните 10,11). Кај нас, како и кај стариот Израел, успехот на воспитувањето зависи од верноста во исполнувањето на планот на Создателот. Верноста кон принципите на Божјата Реч и нам ќе ни донесе исто толку големи благослови како што требала да му донесе на еврејскиот народ.EdM 45.5

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents