Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

Воспитување

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    ТАЈНИТЕ НА БИБЛИЈАТА

    „Можеш ли во длабочините Божји да проникнеш?”
    Јов 11,7

    Ниту еден ограничен ум не може потполно да го разбере карактерот или делата на Бесконечниот. Ние не можеме да го откриеме одгатнеме Бога преку истражување. Тоа свето суштество мора да остане обвиткано со тајна како за најсилниот и најобразуван ум, така и за најслабиот и најнеукиот. Но, иако „облак и мрак е околу Него; праведноста и судот се основа на неговиот престол” (Псалм 97,2). Ние можеме да го разбереме неговото однесување кон нас онолку колку што е потребно за да можеме да ја препознаеме неговата бескрајна милост соединета со неограничена сила. Неговите намери можеме да ги разбереме онолку колку што сме способни да ги сфатиме; а за она што е повеќе од тоа, мораме да имаме доверба во раката која е семоќна, во срцето кое е полно со љубов.EdM 174.1

    Божјата Реч, како и карактерот на нејзиниот Автор, содржи тајни кои ограничените суштества никогаш нема да можат потполно да ги разберат. Но, Бог во Писмата дал доволно докази за нивниот божествен авторитет. Неговото постоење, неговиот карактер, вистинитоста на неговата Реч се потврдени преку сведоштвата кои му се обраќаат на нашиот разум; а такви сведоштва има многу. Навистина, Тој не ја отстранил можноста за сомнеж; верата мора да се темели врз јасен доказ, а не на видливо прикажување; оние кои сакаат да се сомневаат, имаат можност за тоа; но оние кои коопнеат да ја запознаат вистината, ќе најдат доволно основи за верување.EdM 175.1

    Ние немаме никаква причина да се сомневаме во Божјата Реч затоа што не можеме да ги разбереме тајните на Неговото провидение. И во светот на природата сме постојано опкружени со чуда кои ја надминуваат нашата моќ на разбирање. Зар тогаш да се чудиме што во духовниот свет наоѓаме тајни во кои не можеме да проникнеме? Тешкотијата е создадена единствено поради слабоста и ограниченоста на човечкиот ум.EdM 175.2

    Тајните на Библијата никако не се доказ против неа, туку се најсилното сведоштво за нејзиното божествено вдахновение. Кога Библијата би ги содржела само оние извештаи за Бога што можеме да ги разбереме; кога неговата величина и величеството би можеле да бидат проникнати со ограничените умови, тогаш Библијата не би давала, како сега, непогрешливи докази за божественоста. Возвишеноста на нејзините теми треба во нас да вдахне вера дека таа е Божја Реч.EdM 175.3

    Библијата ја открива вистината толку едноставно и така ја прилагодува кон потребите и стремежите на човечкото срце што ги стаписува и восхитува и најобразуваните умови, додека на едноставните и неучените им го појаснува патот на животот. „Оние што одат по тој пат — дури и неискусните, нема да се загубат” (Исаија 35,8). Ниту едно дете не мора да го згреши патот. Ниту еден растреперен барател не мора да претрпи неуспех во настојувањето да чекори по чистото и свето видело. Сепак, и наједноставно изречените вистини се однесуваат на возвишени и далекусежни теми кои бескрајно ја надминуваат моќта на човековото разбирање — на тајните кои ја кријат Неговата слава, на тајните пред кои умот застанува во своето истражување — додека искрениот барател на вистината го исполнуваат со стравопочит и вера. Колку повеќе ја истражуваме Библијата, толку е подлабоко нашето уверување дека тоа е слово на живиот Бог, и човековиот ум се поклонува пред величественоста на божественото откровение.EdM 175.4

    Бог сака на искрениот истражител проучувач трагач сё повеќе да му се откриваат вистините на Неговите зборови. Иако „она што е тајно, му припаѓа на Господа, нашиот Бог, а она што е јавно — нам и на синовите наши довека” (5. Мојсеева 29,29). Мислата дека извесни делови од Библијата не можат да се разберат довела до занемарување на некои од нејзините најважни вистини. Треба да се нагласи и многу често да се повторува фактот дека тајните на Библијата не се тајни затоа што Бог се обидува да ја сокрие вистината, туку затоа што нашата слабост или незнаење ни оневозможуваат да ја разбереме или прифатиме. Ограничувањето не е во неговата намера, туку во нашата способност. Бог сака токму од оние делови на Писмото што често ги заобиколуваме, сметајќи ги за неразбирливи, да извлечеме онолку колку што нашиот ум е способен да прими. „Целото Писмо е од Бога вдахновено” за ние да можеме да бидеме „совршено подготвени за секое добро дело” (2. Тимотеј 3,16.17).EdM 176.1

    За човечкиот ум е невозможно да исцрпи макар и само една вистина или ветување. Еден ја гледа славата од еден аспект, а друг од поинаков: сепак ние можеме да видиме само одблесоци. Полниот сјај му бега на нашиот поглед.EdM 176.2

    Кога размислуваме за големите теми на Божјата Реч, ние гледаме во извор кој се шири и продлабочува пред нашиот поглед. Неговата широчина и длабочината го надминуваат нашето знаење. Додека гледаме, погледот се шири, и пред нас се протега безгранично море, море без брегови.EdM 177.1

    Таквото проучување има животворна сила. Умот и срцето добиваат нова сила, нов живот.EdM 177.2

    Ова искуство е најголемиот доказ за божественото потекло на Библијата. Ние ја прифаќаме Божјата Реч како храна за душата на ист начин како што го прифаќаме лебот како храна за телото. Лебот ги подмирува потребите на нашата природа; ние од искуство знаеме дека од него настануваат крвта, коските и мозокот. Да го примениме истото мерило и на Библијата; кога нејзините принципи навистина ќе станат елементи на карактерот, какви се последиците од тоа? Какви промени се случуваат во животот? „Старото помина, ете, сё стана ново” (2. Коринќаните 5,17). Со нејзина сила многу луѓе ги раскинале синџирите на грешните навики. Ја отфрлиле себичноста. Непристојниот станал угладен, пијаницата трезен, а разуздениот непорочен. Душите кои биле слични на сатаната, се преобразиле во Божјиот лик. Оваа промена сама по себе е чудо над чудата. Промената настаната под влијание на Речта е една од најдлабоките тајни на самата Реч. Ние не можеме да ја разбереме: можеме само да веруваме, како што е објавено во Писмото, дека „Христос, во нас, надежта на славата” (Колошаните 1,27).EdM 177.3

    Познавањето на оваа тајна е клуч за секоја друга. Тоа во душата ги отвора сокровиштата на вселената, можностите за неограничен развој.EdM 177.4

    Овој развој се постигнува кога Божјиот карактер сё повеќе ни се открива — преку славата и тајната на пишаната Реч. Кога би можеле да добиеме совршено знаење за Бога и неговата Реч, тогаш веќе не би можеле да откриваме нови вистини, да придобиваме поголеми знаења, ниту би можеле понатаму да се развиваме. Бог веќе не би бил врвно Суштество, а човекот би престанал да напредува. Благодарност на Бога што не е така. Бидејќи Бог е бескраен и во него се сите сокровишта на мудроста, ние низ целата вечност ќе можеме постојано да истражуваме, постојано да учиме, а сепак никогаш да не ги исцрпиме богатствата на неговата мудрост, неговата добрина, или неговата сила.EdM 178.1

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents