Loading...
Larger font
Smaller font
Copy
Print
Contents

Воспитување

 - Contents
  • Results
  • Related
  • Featured
No results found for: "".
  • Weighted Relevancy
  • Content Sequence
  • Relevancy
  • Earliest First
  • Latest First
    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents

    Силата на песната

    Историјата на песните во Библијата е полна со навестувања за употребата и предимствата на музиката и песната. Музиката често се изопачува да им служи на намерите на злото, и таа така станува едно од најзаводливите средства за искушување. Сепак, правилно употребена, таа е скапоцен дар од Бога одреден да ги издигне мислите кон она што е високо и благородно, да ја инспирира и воздигне душата.EdM 172.3

    Како што Израелевите деца, патувајќи низ пустината, се храбреле со мелодиите на светите песни, така и Божјите деца денес, по Божји налог, треба својот христијански животен пат да го направат радосен. Еден од најдобрите начини Божјите зборови да се врежат во сеќавањето е да се повторуваат во песна. Таквата песна има чудесна моќ. Таа има сила да ја совлада грубата и недоделкана недооформена природа; сила да ги оживее мислите и да разбуди сочувство, да поттикне на сложна работа и да ја оттргне мачнотијата и лошите претчувства, кои ги одземаат храброста и силата.EdM 172.4

    Тоа е еден од најуспешните начини за втиснување на духовните вистини во срцето. Колку пати душата, соочена со опасност и готова да му се препушти на очајот, ќе се сети на некој Божји збор — долго заборавен припев од некоја песна од детството — и искушенијата ја губат својата сила, животот добива ново значење и нова цел, а храброста и радоста преминуваат и на другите души!EdM 172.5

    Вредноста на песната како воспитно средство не смее никогаш да се занемари. Во домот треба да се пеат милозвучни и нежни песни, и во него ќе има помалку прекорни зборови, а повеќе веселба, надеж и радост. И во училиштето треба да се пее, па учениците ќе се приближат кон Бога, кон своите учители и едни кон други.EdM 173.1

    Во текот на богослужението, со песната му се обраќаме на Бога исто како и со молитвата. Многу песни, всушност, се молитви. Ако го научиме детето да го разбере тоа, тоа повеќе ќе размислува за значењето на зборовите што ги пее, и ќе биде почувствително на нивното влијание.EdM 173.2

    Додека нашиот Откупител нё води кон прагот на вечноста, осветлена со Божја слава, можеме да ги чуеме зборовите на пофалба и благодарност од страна на небесниот хор околу престолот; и кога одекот на таа ангелска песна ќе се слушне во нашите земски домови, срцата ќе бидат привлечени кон небесните пеачи. Заедницата со Небото почнува на Земјата. Ние тука ја учиме основната мелодија на небесниот славопој.EdM 173.3

    Larger font
    Smaller font
    Copy
    Print
    Contents